Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Уште е почеток поради тоа грешат, мене повеќе ме плаши слабата организација ама ќе биде...


Одбраната вака изигра солидно, освен голот што го примивме (Ромањоли задоцни) другото е ок.
Де Санктис добро брани и во двата натпревари.
Средината солидна. Учан некако го нема денес.
Нападот ни е стерилен без шпиц.
Нема да биде лошо Итурбе да го проба на десен бек, а Флоренци да го стави крило.
 
Одбраната вака изигра солидно, освен голот што го примивме (Ромањоли задоцни) другото е ок.
Де Санктис добро брани и во двата натпревари.
Средината солидна. Учан некако го нема денес.
Нападот ни е стерилен без шпиц.
Нема да биде лошо Итурбе да го проба на десен бек, а Флоренци да го стави крило.
Не зафркавај како сакаат не поминуваат... Одбраната според мене многу слабо денес... А, другото во право си... Еве сега ќе видиме второ полувреме гледам има доста замени ...[DOUBLEPOST=1437477136][/DOUBLEPOST]Холебас за Кол беше доктор по науки, а го продадоа за едно кило компири!!!??? До кога ќе чуваме вакви овчари како не го во тим не знам... Му пројде времето, не заигра лани, не знам за што воопшто зима плата! :mad::mad::mad:
 
Последно уредено:
Кол ќе биде продаден.
Како и да е убава претстава денес. Јас сум задоволен во принцип од играта. Двата гола ги примивме по две грешки на одбраната.
Думбиа, Дестро, Кол аут.
Љајо ме изненади позитивно денес, ама знаеме со него каква е ситуацијата. Цело време игра топло - ладно.
Одлични припреми ќе бидат ова.
Се надевам согледаа каде сме најтенки.
 
Двата гола ги примивме по грешка на одбраната да, во право си но мора да нагласиме дека и ние двата гола ги додовме со шутеви од надвор од шеснаесетник, а исто така дека скоро една акција убава не направивме... Не дека не сум задоволен многу, меѓутоа во моментов со овој тим нема да бидеме ништо подобри од лани... Думбиа, Кол и Дестро мора, ама мора да бидат продадени макар и пари да дадеме ние само да ги избациме од тим... Фалке многу добро игра, супер појачување... Значи одбраната не е многу лоша, глобално Кол да се продаде таму да се земе Адриано лев бек, за десен бек не знам што да кажам имаме Торо, Мајкон и Флоренци... Голман иако Де Сантис не беше лош мора да се земе друг екстра голман, на Лобонт јас не би рачунал... Тоа е тоа... Љаич како што кажа денес беше добар, имаше желба да се докаже...
 
Среќен роденден Magica Рома!
Сношти над 2000 навивачи се собрале на местото каде е основана Рома да го прослават нејзиниот роденден!
11755111_10206163835808716_7676245901777513387_n.jpg
[DOUBLEPOST=1437560571][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
До вечер можно е веќе Салах да потпише за Рома, се шпекулира дека Саба понудил 0.5мил евра за позајмица и обврска наредното лето да се платат 20мил. евра.

И со Шчесни изгледа е готова работата, позајмица со право за откуп од 5мил евра

На прашањето дали би завршил во Рома, Стефан Јоветич одговорил негативно, но кажал дека Џеко е пред потпис со римјаните ..

Агентот на левиот бек на Барса, Адриано денеска јавно кажа дека неговиот клиент сака преселба во Рома, останува клубовите да се договорат, цената би била околу 5мил евра


Од прилика ова треба да бидат нашите нови засилувања за следната година и нормално доколку си оди Ромањоли нов штопер би купиле ..
 
Зашто бе Шчезни кога Ромеро ви беше достапен за нуларица?
 
Зашто бе Шчезни кога Ромеро ви беше достапен за нуларица?
:D
Ромеро ко што слушам сакал да седи резерва во Јунајтед и да збира пари. Шчезни мислам дека не е така лош избор.
 
Оваа година нема да се инвестира во голман, Шчесни ако се покаже добро ќе си брани и ќе пробаат да го откупат, но доколку не брани на ниво, тука е Морган кој за живо чудо сеуште е одличен голман.
 
:D
Ромеро ко што слушам сакал да седи резерва во Јунајтед и да збира пари. Шчезни мислам дека не е така лош избор.
Не не реков дека е лош Шчезни, баш напротив.Него Ромеро баш ми одговараше за голман на Рома. Не знам зашто. :D
 
Мене не ми е јасно оти рома не тргна по Нето?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom