Јас сум за да се продаде Ромањоли за 30 милиони и тоа во Челзи или Арсенал... Прво не бев, но еве ќе објаснам зошто... Како прво он е наше дете и би требало да сака да игра за нашиот клуб од срце, а тоа не е случај кај него...
Второ, една сезона само изигра на ниво до сега, и тоа во Сампдорија, што не значи дека така ќе игра и кај нас...
Трето, 30 милиони се навистина многу, за тие пари би можеле да си го вратиме Маркињос кој што и тоа како е голем навивач на Рома...
Четврто, ги имаме Кастан и Манолас кој сигурно ќе бидат прв избор, после тоа М бива резерва и не знам колку често Ромањоли ќе добива можност да игра, а нема смисла играч вреден 30 милиони да седи на клупа...
И последно секако ако тие пари се вложат за да се земе Џеко во секој случај, Салах, добар голман, и лев бек....
Во секој случај да се работи на продавање на Думбија, на крај краева поубаво Дестро да остане одколку тој, иако најдобро би било и двајцата да бидат продадени ако дојде Џеко... Исто така и Љајо мислам дека треба да се продаде во случај да дојде Салах...