Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Подобри во секој поглед ... Катанија мн. беа груби ... Мило ми е дека Жерва даде гол ... Убава атмосфера до Јувентус на 5 Јануари
 
Искрено мило ми е што победивте поинтересно ќе биди Јануари, лани ми беше мн досадна сезоната сега интересено е загреано. Позз дечки :)
 
Не ја гледав утакмицата, велат голманот имал еден кикс, но фатил многу добри топки, а Жервињо па промашил неколку 100% шанси плус празен гол .. кога ја видов стартната постава се изначудив, замислете во прв состав со 4-ри напаѓачи: Тоти,Дестро,Жервињо и Љајич и згора на се, Пјанич во средина заедно со Бредли, откако што ја пратам Рома поофанзивен состав од почеток на утакмица не сум видел, на ова и Земан би му завидувал:D

Мора да го пофалам Дестро, беше повреден 6 месеци, велеа дека е многу дебел, некои ја доведуваа и неговата кариера во прашање, а тој се врати и на три меча постигна 3 гола, од кои двата меча не ни играше цела и тоа против јаки екипи ..ги гледам головите сега, доста активен во нападот, со глава дели асистенции, една беше и за голот на Бенатија,една учествуваше во акција за гол, како и да е секоја чест за Дестро, сите верувавме во него и го чекавме, а тој ни заблагодари на најубав начин
-сите го фалат Љајич на оваа утакмица, велат како нов фудбалер е со друг пристап кон играта, НО со едно сите се согласуваат, ТОТИ е човекот кој направил 100 шанси за гол и без него би се ставила во прашање и победата, ЅВЕРРРР!

Битна е победата, сега ќе имаат пауза само 6 дена бидејќи следува големото дерби со Јуве, да се надеваме на позитивен исход:)
 
Битна е победата, сега ќе имаат пауза само 6 дена бидејќи следува големото дерби со Јуве, да се надеваме на позитивен исход:)

Многу ти се брза за дербиво, или слабо стоиш со математиката, а...? :icon_lol: За две недели се игра на 5 Јануари
 
Многу ти се брза за дербиво, или слабо стоиш со математиката, а...? :icon_lol: За две недели се игра на 5 Јануари



Брат можеби мислел дека имаат само 6 слободни дена а после тоа мора да се вратат во тренинг кампот. Бар јас така сфатив ...
 
Многу ти се брза за дербиво, или слабо стоиш со математиката, а...? :icon_lol: За две недели се игра на 5 Јануари

лошо пишав, сакав да кажам дека тимот ќе има само 6 дена пауза ради дербито со Јуве, дури на 30-ти Декември имаат закажано тренинг, инаку знам дека е на 5-ти:)
 
Каква средина имаме на чело со Де Роси, човекот покина све живо и диво во дефанзива, а нападите ги започнува перфеткно, убедливо најдобар играч оваа полусезона на Рома, неговото будење е клучно во резултатите кои ги имаме оваа година, ЦАР!!
Пјанич се повеќе и повеќе почна да покажува мајстории во офанзива, било во завшница на акциите или во градење на нападот, после Тоти и Де Роси, тој е човекот кај кого сум најсмирен кога е топката во нозе на некој од нашите фудбалери, а после Тоти, Пјанич е тој кој што може да испрати убиствен пас ..
и за крај Стротман, средњакот кој фалеше многу години во Рома, универзалец од средината на теренот без кој Де Роси и Пјанич не би биле комплетни, односно средината на Рома без него не би функционирала како што треба, значи Стротман знае се да прави, одличен е во дефанзива, полн е со кондиција, трча без престан напред назад, цврст и корпулентен, сепак има одлична техника, не се сеќавам да е погрешил пас до сега, па дури ги има и оние клучни пасови, има сенс за гол како и асистенција, моментално е прв играч на Рома со најдобар индекс поени, има 4 гола и 6 асистенции, секоја чест:cuc:

Еве едно видео како убаво функционира средниот ред на Рома(y)
 
Нешто, т.е. дел од трансфер целите на Рома за зимскиот преоден рок ... Има време и други тимови се заинтересирани за истиве играчи, ама се надевам дека нешто ќе се купи од ова...

La Gazzetta dello Sport - Рома му понудила 4 милиони евра на Оксер за Нтеп, додека францускиот тим бара 6 милиони.
Покрај Рома, сериозен интерес има од Арсенал. Тренерот на топчиите, Арсен Венгер за 'Telefoot:' изјави: "Нтеп поседува потенцијал за брилијантна иднина. Дали ќе ја има зависи само од него."


Почести стануваат гласините кои ја поврзуваат Рома и со Џон Хеитинга.
Агентот на холанѓанецот изјави дека тој игра се поретко во Евертон поради тоа што не сака да го продолжи договорот и потврди дека ќе го напушти тимот можеби уште во јануари.
Џон Хеитинга
"Се зборува многу за интересот од Рома. Верувам дека наредната недела ќе знам нешто повеќе. И јас сум во очекување."
"Играв во Шпанија и Англија, би сакал да го искусам и Италијанското првенство."
"Рома игра навистина добро оваа сезона. Сеуште нема пораз. Таму добро игра и мојот колега од репрезентацијата, Кевин Стротман."
"Има неколку екипи од Серија А заинтересирани за мене. Секако, Рома е една од најсилните во Италија. Доколку интересот е сериозен, сигурно ќе разговараме во наредните денови."



21.12.2013 Според 'Radio Manà Sport', спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини денес има средба со Пабло Сабаг, агентот на Леандро Паредес. Целта на Сабатини е да го доведе Паредес во Рома во зимскиот преоден рок.


Според `Il Messaggero`, Рома во јануари сака да го доведе во своите редови Марко Пароло, а во понудата до Парма може да биде вклучен Марко Бориело.


Според laroma24.it, Валтер Сабатини сака да му понуди на ПСЖ позајмица за Хавиер Пасторе со право на откуп на крајот од сезоната фиксиран на 20 милиони евра.
Операцијата сепак останува комплицирана, најмногу поради високата плата на играчот.



Според англискиот печат, Челси го нуди Демба ба на Рома за сума од околу 15 милиони фунти
 
Ова Пасторе ми личи на сон, ама дај боже да грешам...
Би било добро , не добро туку ОДЛИЧНО ако успееме да ги дадеме Бурдисо,Бориело зимово, а да ги донесеме Хеинтинга и еден напаѓач... Се спомнува и Черчи, наше дете, само ептен малце заигра за Рома а сезонава гази у Италијанско, ама треба малце и да се размислува, да не кобам ама реално како што идат работиве догодина Европа не ни бега, доста веројатно и ЛШ... Дестро претпоставувам долгорочно ќе остане, но треба уште еден класа напаѓач, у Черчи/Ба не го гледам тоа, заради тоа не верувам зимово да се носи напад... Ама кој знае, америве извадиа плус летово, иако последни две години и те како дебел минус вадеа....
Ни ја незнам што зборам у 8 сабајле, станат од 5 сум, ако ме разбира некој ОК, ако не јебига :P
Идеално зимо за мене би било
OUT: Boriello, Burdiso
IN : Heitinga, Pastore, Cerci/Ba --> ( позајмица, со право на откуп )
 
А зошто не Џеко :D Нема да е мн скап а и може да се привикне на италиансково лесно. Сепак и да се донесе Ба би било одлично
 
Џеко зима преголема плата за да може да дојде во Рома. Реално гледано на Рома не им Треба скап напагач во зимскиот период, Имаат Тотти, Жервињо, Дестро + Флоренци и Лјаич, од играта сите заслужуваат да бидат прва постава + Бориело, со купување на скап напаѓач ке се земе некоо место од нив за Џеко.
Најного ни треба за ротација некој добар средњак, плус за ротација во одбрана еден добар централен дефанзивац. Уше некој добар натпревар на додо и мислам дека и на балзарети ке го седнат на клупа, а Маикон на десна страна неприкословен, само да не се повреди.
 
Али Џеко како би ни легнал:icon_lol:

Флоренци полека треба да се враќа на својата природна позиција во средината од теренот, па да биде замена за некој од средњаците, највеќе за Стротман,така со прекомандувањето на Флоренци, ослободување од Бориело и позајмица на Капрари и те како ќе ни треба офанзивец, тогаш би останале со Тоти, Дестро, Жервињо и Љајич ..
 
Секако и јас би сакал да го видам Џеко во Рома, тој е огромно засилување ако дојде. Но трансфери како Џеко и Пасторе моментално за во Рома не се многу реални. Рома летото да дојде до некој денар плус од трансферите и имаат многу добра сезона, па би требало нешто да купат сега зимата. Но има дупки во тимот што треба прво нив да ги пополнат, немат замена ако некој од бенатија или кастан се повредат, или добијат некој црвен со кој ке отсуствуват едно 2-3 меча. Во средината за замена го имаат Брадли и Таддеи кои не се големи таленти или пак играчи кој мозат да го држат средниот ред ако на пр. Пјанич немозе да игре неколку кола. Најдобра солуција за мене да го продадат Бурдисо да земат на негово место некој по асален одбрамбен некој 18-25години, и некој натпревар да го ротира како на пр. Астори. А за напагач ако го продадат Бориело подобро е да земат некој јак талент 18-21година некој баран играјач, да го тренират малко Рома едно 6месеца, и догодина да го пуштат во некој слаб тим во Сериа А на позајмица да стекне искуство, а на негово место тогаш да донесат напагач од класа на Џеко. А за среден ред треба да се земе од типот на Пјанич, имаат брадли и тадеи да се маваат некој пат ко замена за другиве.
 
Рома дала понуда за Наиголан 7.5м Евра за 50%, е еве средњак кој може да се ротире ако дојде овој ке го продадат Брадли, плус рома сеуште притиска за Итурбе но и ако се склучи некој зделка тоа ке биде во лето. Што значи до тогаш Рома и ке знае дали ке игра во европа и каде, а ако освои па Сериа А (дај боже) ке им треба поголем фонд на играчи за можна одбрана на титула а и да може да се натпреварува во Лига Шампиони. Итурбе го гледав неколку натпревари типот за негови години е Звер, ако биде со некој тренер кој може да го израсни ке биде как млад Касано во рома кога беше + и подобар поради подобрата техника што ја поседуваше Касано во млади години.
 
Да денес имало средба на Сабатини и Селинњо(дс Кајари), ама тешко да го дадат на нас
--- надополнето: 27 декември 2013 во 15:03 ---
Оваа му е бивша на Тоти, чисто информативно :icon_lol:
Мариа Маца !!:D
2hcol7q.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom