Не ја гледав утакмицата, велат голманот имал еден кикс, но фатил многу добри топки, а Жервињо па промашил неколку 100% шанси плус празен гол .. кога ја видов стартната постава се изначудив, замислете во прв состав со 4-ри напаѓачи: Тоти,Дестро,Жервињо и Љајич и згора на се, Пјанич во средина заедно со Бредли, откако што ја пратам Рома поофанзивен состав од почеток на утакмица не сум видел, на ова и Земан би му завидувал
Мора да го пофалам Дестро, беше повреден 6 месеци, велеа дека е многу дебел, некои ја доведуваа и неговата кариера во прашање, а тој се врати и на три меча постигна 3 гола, од кои двата меча не ни играше цела и тоа против јаки екипи ..ги гледам головите сега, доста активен во нападот, со глава дели асистенции, една беше и за голот на Бенатија,една учествуваше во акција за гол, како и да е секоја чест за Дестро, сите верувавме во него и го чекавме, а тој ни заблагодари на најубав начин
-сите го фалат Љајич на оваа утакмица, велат како нов фудбалер е со друг пристап кон играта, НО со едно сите се согласуваат, ТОТИ е човекот кој направил 100 шанси за гол и без него би се ставила во прашање и победата, ЅВЕРРРР!
Битна е победата, сега ќе имаат пауза само 6 дена бидејќи следува големото дерби со Јуве, да се надеваме на позитивен исход
