Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
во пријателската со Арис сме тепале 1-2 ... за голот виновен голманот Скорупски ... од коментарите што ги прочитав, Стротман и Бенатија покажале класа и квалитет, Бориело бил многу лош и себичен, вајда сака да си обезбеди место во овој тим, но шансите се мали .. Освалдо каков таков повторно гол ... Блацарети по 100 години одличен центаршут и гол на Бредли .. трета забелешка, Тоти сеуште над сите !!!


Фалат сега Флоренци,Де Роси и Мајкон за да бидеме комплетни :) .. па и Дестро би сакал да го видам, но тој би бил спремен на почетокот на сезоната ..
 
Де Санктис
Маикон - Бурдисо - Кастан - Балзарети​
Де Роси​
Пјанич - Стротман​
Ламела - Дестро - Тоти​
Првиот тим не е воопшто лош. Сепак овој тим заслужува тренер и играчи кои ќе се борат за скудетото.
 
Де Санктис​
Маикон - Бурдисо - Кастан - Балзарети​
Де Роси​
Пјанич - Стротман​
Ламела - Дестро - Тоти​
Првиот тим не е воопшто лош. Сепак овој тим заслужува тренер и играчи кои ќе се борат за скудетото.


а моментално сме далеку од тоа .. незнам што треба да се случи па оваа година да се бориме за скудетото .. Руди да ги слопи коцките посебно во средниот ред, да го спои триото Пјанич,Де Роси и Стротман, Ламела да продолжи да игра фантастично, во одбрана да бидеме непогрешливи,Дестро да си ја врши својата задача и Тоти чат пат да не вади резултатски ... се на се, премногу не реално ... btw зошто Бурдисо пред Бенатиа, мароканецот е најдобриот стопер кој го имаме сега ..
 
Мора штопер да се зима.Ептен тенка работа со овие.И еден добар напаѓач.Ко што направија Виола со Гомез.И нормално,Жервињо за ротација со Тоти :icon_lol:
 
Мора штопер да се зима.Ептен тенка работа со овие.И еден добар напаѓач.Ко што направија Виола со Гомез.


тешко дека ќе добиеме подобар напаѓач, затоа на моменти не ни сакам Освалдо да го продадат, бидејќи се плашам дека после ќе го трампаат Бориело со Џилардињо, па годинава ќе се потпреме на Дестро и Џилардињо .. доколку го продадат Освалдо и го донесат Џеко на пример или Солдадо, тогаш би дал зелено светло ...

во одбрана исто така сеуште сме тенки, само Бенатиа и Кастан кој некако повеќе би ни служел како бек ап, ни треба подобар од него кој би се спарил со Бенатија, но тешко и тоа дека ќе го направат ... покрај овиа двајца ги имамае Бурдисо, Једвај и Ромањоли .. Бурдисо му мина времето и сега игра многу полошо отколку во Интер што беше, а платата му висока, а Ромањоли и Једвај се по 17-18 години и тешко дека некој од нив ќе го покаже талентот на Маркињос ..
 
тешко дека ќе добиеме подобар напаѓач, затоа на моменти не ни сакам Освалдо да го продадат, бидејќи се плашам дека после ќе го трампаат Бориело со Џилардињо, па годинава ќе се потпреме на Дестро и Џилардињо .. доколку го продадат Освалдо и го донесат Џеко на пример или Солдадо, тогаш би дал зелено светло ...

во одбрана исто така сеуште сме тенки, само Бенатиа и Кастан кој некако повеќе би ни служел како бек ап, ни треба подобар од него кој би се спарил со Бенатија, но тешко и тоа дека ќе го направат ... покрај овиа двајца ги имамае Бурдисо, Једвај и Ромањоли .. Бурдисо му мина времето и сега игра многу полошо отколку во Интер што беше, а платата му висока, а Ромањоли и Једвај се по 17-18 години и тешко дека некој од нив ќе го покаже талентот на Маркињос ..


Де Саннктис
Мајкон-Бенатиа-???-Балзарети
Пјанич-Де Роси-Стротман
Ламела-Освалдо или(???)-Тоти/Јао Коваси

Добар прв тим,е сега клупата каква ќе е тоа незнам.Напад Дестро замена,друго?
 
Де Саннктис
Мајкон-Бенатиа-???-Балзарети
Пјанич-Де Роси-Стротман
Ламела-Освалдо или(???)-Тоти/Јао Коваси

Добар прв тим,е сега клупата каква ќе е тоа незнам.Напад Дестро замена,друго?

Па моментално ги имаме Дестро,Освалдо и Бориело, еден од Бориело и Освалдо ќе си оди, а можеби и дајцата ..

неможеш да ставаш цртички измеѓу Јао Коваси и Тоти, Франческо секако ќе игра пред него, Жервињо ќе претставува една добра замена ;)

прашалниците повеќе би трбало да бидат кај левиот бек отколку кај централниот, мислам дека Кастан каков таков е подобар за централен бек отколку Балцарети како лев(се повеќе мислам дека овој играч е истрошен) ..

за овие што ги наброја замени се: Лобонт, Скорупски, Бурдисо,Једвај,Ромањоли, Торосидис,Додо, Флоренци, Бредли,Маркињо, а во нападот освен Ламела,Тоти и Дестро никој друг не е сигурен, не се знае кој ќе остане,а кој би бил доведен ... да се продадат Освалдо и Бориело па да пробаат да го доведат Џеко :cool:


Денеска најнова шпекулација е дека ПСЖ го сакаат Пјанич а Рома Пасторе :icon_lol:
 
Па добро де,со Тоти неможе никој...Но не заборај колку години има и дали може секоја утакница..;)А плус со овој тренер сигурен сум дека ќе игра прв состав...Можеби и ќе дојде до смена на формацијата?
Боље Пјанич него Пасторе ;)
Замениве некако не ми се најсигурни.Многу неискусни деца.Али добро е.Полека нека идат работите.Споро.За 2 сезони да се издигне Рома со добри трансфери па да ја гледаме таму кадешто треба да е на врвот и во ЛШ ;)
 
а Ромањоли и Једвај се по 17-18 години и тешко дека некој од нив ќе го покаже талентот на Маркињос ..

Одма не знам дали ќе испадне заслување,но дека е голем потенцијал - стварно е.

Веројатно си го видел видеово.....одлична утакмица.Сепак најдоброто е што ова му беше тек 2-3 сениорска утакмица, пред препун Пољуд и тоа. Многу поискусни и подобри играчи се изгореле,а ретко кој играл со волку самодоверба таму на тие години.


p.s Не е ова истиот Хајдук што беше против Турново :)
Овде сеуште имаше играчи во екипата.
 
За Једвај не знам, но Ромањоли ќе биде одличен во иднина. минатата сезона изигра неколку меча и цело време беше одличен. Не знам за Жервињо, не ми е сигурен некако ама нека го земат за бекап. Го имаме и Капрари кој може да се покаже ако добра резерва сезонава. Во нападот најдобро е да го задржиме Освалдо бидејки се гледа дека немаме пари за подобар а и да го продадеме немаме некоја голема добивка.
 
наводно Освалдо повлечен од листата на играчи за продажба .. колку добро, толку и лошо:)
 
Со среќа да си го служите Жервињо.Нека му е со среќа и да биде тоа што не беше во Арсенал,вистинско засилување и важен играч за тимот. (y)
 
BQ2EgFpCMAAqP7b.jpg:large

со среќа Жервињо,се надевам дека нема да испаднете заебани и дека под водство на неговиот ментор, Руди Гарсија,ќе си ја најде формата од времето во Лил. :)
 
Да се надеваме дека ќе биде подобар од тоа што беше во Арсенал :D

Гласајте :) http://www.asroma.it/it/vota-la-maglia.html

Сега гледам дека гласањето за нас обичните смртници ќе почне покасно :pos:
 
Другари како сте ? :)

- Вчера во Бостон имало интересен состанок меѓу челниците на Рома, сопственикот Палота, спортскиот директор Занзи, Сабатини и Руди Гарсија .. се шпекулира дека е одлучено да се потрошат некои 30 милиони за напаѓач, но прво да се продадат Освалдо од кого би требало да внесеме 15-20мил и Бориело кој има огромна плата од приближно 5мил по сезона, со продажбата на овие двајца и плус додатна финансиска подршка, на Сабатини му е кажано да атакува на квалитетен напаѓач, класа голгетер .. веднаш после овој состанок испаднаа шпекулациите за Бензема кои неговиот агент веднаш ги демантираше, но доколку Реал ги купат Суарез и Ибрахимович, незнам зошто ова не би станало реалност ...

- Руди Гарсија кажал на управата дека не е задоволен од Кастан бидејќи бил дефанзивец кој многу високо се поставувал во одбраната, па знаел брзо да излета од игра, затоа се очекува негова продажба, а купување на романецот Влад Чирилес(така некако беше), кој високо го рангираат во Европа, а цената му е околу 8мил ...

- Евертон го сакаат Бредли, но Рома не е спремна да го продаде, исто така Зенит испрати понуда за Пјанич која експресно била одбиена, а исто така било потенцирано дека Пјанич заедно со Ламела се недопирливи ...


Работите одат на добро, мене највеќе ме фаќаше страв од продажби на Ламела,Пјанич,Де Роси, но изгледа само Маркињос беше жртвата, сепак се работеше за понуда која не можеше да се одбие, понуда која финансиски не закрепна и ни дава сила за да потрошиме некое милионче повеќе од она планираното :) ... врти ја како сакаш, од лани имаме појак состав, Маркињос нема да ни фали бидејќи донесовме класа дефанзивец, Бенатиа е одличен, донесовме уште еден бисер во одбрана кој потенцијално може да избувне, бидејќи се гледат квалитетите во него(Тин Једвај), нема веќе да се мачиме со Пирис како десен бек, на полусезона го зедовме Торосидис кој е дефинитивно поквалитетен од Пирис, плус Мајкон за кого не сакам да трошам зборови, каков таков 100 пати поарен и од двајцата заедно, а и мотивиран, бидејќи сака да оди на светско првеснтво .. енигма останува позицијата лев бек, незнам дали се доволни Додо и Балзарети, Балза е исти случај како Мајкон, вети дека ќе игра подобро, бидејќи од играта му зависи место на светското наредната година за Италија .. е средината конечно изгледа шмекерски, Стротман ќе ја подигне нашата игра за ниво повеќе, играч кој е одличен во офанзива, брз е, но и одличен техничар, плус добро ја цени играта и во дефанзива, се на се комплетен средњак, она што се бараше го добивме, сега уште добро да се воигра со Пјанич и Де Роси и ќе имаме една од најдобрите средини во Италија, плус и резервите на тие позиции не се лоши, Флоренци,Бредли и Маркињо, играчи кои на лани на повеќе од 20 утакмици беа како стартери и ја држеа средината на Рома;) ... за нападот веќе спомнав кои се замислите, продавање на Освалдо и Бориело и земање на класа бомбардер ала Батистута :cool: .. оваа година сме и покомплетни со доаѓањето на Жервињо, веќе три години играме со крила, а освен Тоти и Ламела никој друг неможе да игра на тие позиции, па сега Жервињо ќе биде алтернатива за двете страни .. штета што на Дестро ќе чекаме враќање дури во Октомври, дечокото едноставно нема среќа, сепак со продавање на Освалдо и Бориело се дава на знаење дека Матиа не е отпишан и дека ќе се чека неговиот кам бек ;)



Руди Гарсија, интересно типче, сеуште неможам да го оценам убаво, се гледа дека е одлучен за многу работи, но дали тоа се вистинските потези, мило ми е што слушам дека не сака дефанзивци кои играат висока одбрана, но по она што можев да го видам против МЛС ѕвездите, сеуште не знаеме добро да се бранеме, Руди мора да ги согледа тие проблеми и да ги консолидира .. за кративност и офанзива немам зборови, само погледнете ги головите ротив МЛС, кои школски акции беа одиграни за трите гола :cool:

--- надополнето: 6 август 2013 во 17:06 ---
Претпоставките се точни, Рома е спремна да купува класа напаѓач, актуелен повторно станува Дамјао кој го бара пола Европа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom