Другари како сте ?
- Вчера во Бостон имало интересен состанок меѓу челниците на Рома, сопственикот Палота, спортскиот директор Занзи, Сабатини и Руди Гарсија .. се шпекулира дека е одлучено да се потрошат некои 30 милиони за напаѓач, но прво да се продадат Освалдо од кого би требало да внесеме 15-20мил и Бориело кој има огромна плата од приближно 5мил по сезона, со продажбата на овие двајца и плус додатна финансиска подршка, на Сабатини му е кажано да атакува на квалитетен напаѓач, класа голгетер .. веднаш после овој состанок испаднаа шпекулациите за Бензема кои неговиот агент веднаш ги демантираше, но доколку Реал ги купат Суарез и Ибрахимович, незнам зошто ова не би станало реалност ...
- Руди Гарсија кажал на управата дека не е задоволен од Кастан бидејќи бил дефанзивец кој многу високо се поставувал во одбраната, па знаел брзо да излета од игра, затоа се очекува негова продажба, а купување на романецот Влад Чирилес(така некако беше), кој високо го рангираат во Европа, а цената му е околу 8мил ...
- Евертон го сакаат Бредли, но Рома не е спремна да го продаде, исто така Зенит испрати понуда за Пјанич која експресно била одбиена, а исто така било потенцирано дека Пјанич заедно со Ламела се недопирливи ...
Работите одат на добро, мене највеќе ме фаќаше страв од продажби на Ламела,Пјанич,Де Роси, но изгледа само Маркињос беше жртвата, сепак се работеше за понуда која не можеше да се одбие, понуда која финансиски не закрепна и ни дава сила за да потрошиме некое милионче повеќе од она планираното

... врти ја како сакаш, од лани имаме појак состав, Маркињос нема да ни фали бидејќи донесовме класа дефанзивец, Бенатиа е одличен, донесовме уште еден бисер во одбрана кој потенцијално може да избувне, бидејќи се гледат квалитетите во него(Тин Једвај), нема веќе да се мачиме со Пирис како десен бек, на полусезона го зедовме Торосидис кој е дефинитивно поквалитетен од Пирис, плус Мајкон за кого не сакам да трошам зборови, каков таков 100 пати поарен и од двајцата заедно, а и мотивиран, бидејќи сака да оди на светско првеснтво .. енигма останува позицијата лев бек, незнам дали се доволни Додо и Балзарети, Балза е исти случај како Мајкон, вети дека ќе игра подобро, бидејќи од играта му зависи место на светското наредната година за Италија .. е средината конечно изгледа шмекерски, Стротман ќе ја подигне нашата игра за ниво повеќе, играч кој е одличен во офанзива, брз е, но и одличен техничар, плус добро ја цени играта и во дефанзива, се на се комплетен средњак, она што се бараше го добивме, сега уште добро да се воигра со Пјанич и Де Роси и ќе имаме една од најдобрите средини во Италија, плус и резервите на тие позиции не се лоши, Флоренци,Бредли и Маркињо, играчи кои на лани на повеќе од 20 утакмици беа како стартери и ја држеа средината на Рома

... за нападот веќе спомнав кои се замислите, продавање на Освалдо и Бориело и земање на класа бомбардер ала Батистута

.. оваа година сме и покомплетни со доаѓањето на Жервињо, веќе три години играме со крила, а освен Тоти и Ламела никој друг неможе да игра на тие позиции, па сега Жервињо ќе биде алтернатива за двете страни .. штета што на Дестро ќе чекаме враќање дури во Октомври, дечокото едноставно нема среќа, сепак со продавање на Освалдо и Бориело се дава на знаење дека Матиа не е отпишан и дека ќе се чека неговиот кам бек
Руди Гарсија, интересно типче, сеуште неможам да го оценам убаво, се гледа дека е одлучен за многу работи, но дали тоа се вистинските потези, мило ми е што слушам дека не сака дефанзивци кои играат висока одбрана, но по она што можев да го видам против МЛС ѕвездите, сеуште не знаеме добро да се бранеме, Руди мора да ги согледа тие проблеми и да ги консолидира .. за кративност и офанзива немам зборови, само погледнете ги головите ротив МЛС, кои школски акции беа одиграни за трите гола
--- надополнето: 6 август 2013 во 17:06 ---
Претпоставките се точни, Рома е спремна да купува класа напаѓач, актуелен повторно станува Дамјао кој го бара пола Европа
