Фанови на Рома, полека ја испраќаме 2009 година. Година исполнета со не толку голем успех, година со турбуленции, година во која се случуваа повеќе негативни отколку позитивни работи за Рома. Година во која знаевме во еден момент да се издигнеме во височините, а веќе наредниот момент да паднеме во најголемите длабочини. Но на крајот сепак ќе кажевме, еј па тоа е фудбалот, па тоа е нашата Рома, која што ни дава прекрасни моменти и горки разочарувања - а сето тоа заедно соберено со знакот + е еднакво на = Љубов, Љубов која што ја чувствуваме сите ние овде кон овој клуб. Да не ширам премногу, ќе направам само една кратка рекапитулација за 2009: Најдобар играч во напад: Франческо Тоти, Најдобар играч од среден ред: Даниеле Де Роси, Најдобар дефанзивец: Филипе Мексес, Најдобар голман: Дони. Најголемо откритие: Жулио Серџо, Неочекуван херој: Марко Касети, Најдобар трансфер ( хм мислам дека немаше таков ако евентуално имаше тогаш најверојатно Бурдисо), Најлош трансфер ( хм многу ги имаше но на прво место дефинитивно Лориа ). Најдобар натпревар ( Рома-Челзи, Рома - Џенова), Најлош натпревар ( ех...). ? Најтрагичен момент ( елиминацијата од Арсенал на пенали ), Највплечатлив момент ( парадата на Жулио Серџо по ударот на Маури во Градското Дерби ). Најдобар момент на CURVA SUD - кореографијата на Градското Дерби против Лацио. И да не заборавиме на Лучијано Спалети за се она што стори за клубот - уште една Благодарност до него. На крај ќе ве оставам со најубавите голови за 2009 година постигнати од фудбалските уметници во Рома:
На сите Фанови на Рома би им посакал Среќна 2010 Година. Нека наредните 365 дена ви бидат исполнети со Здравје, Љубов, Успех, Радости, Пријателство и со разни останати нешта што кај вас предизвикуваат Среќа.
На Рома би и посакал поголем успех во 2010 и да ни дарува повеќе радосни моменти.
Дедо Мраз исполни очигледно една желба на Рома а тоа е трансферот на овој човек
Поздрав и Се Најдобро