Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и со Тоти, и без Тоти, Удинесе има да го јадат на Олимпико :)

А знаете дека му прават некoja специјалнa копачкa на Тоти, што ќе го контролира движењето на повредениот глужд на Тоти? :)
 
Абе и со Тоти, и без Тоти, Удинесе има да го јадат на Олимпико :)

А знаете дека му прават некoja специјалнa копачкa на Тоти, што ќе го контролира движењето на повредениот глужд на Тоти? :)
Каква копачка? Ц ц ц.. па оти поле тоти давал голови.. специјални копачки и не знам што.. :) мајтап..
Со Удинезе нема да биде лесно.. Има многу силен тим и ќе даде отпор..
Ова е едно од најинтересните кола.. Многу дерби натпревари на кои може да се очекува секаков исход.
 
Тоти сепак ќе стартува утре? :)

Спалети го вклучи Тоти во тимот што ќе настапи утре против Удинесе ...
Дали ќе биде во игра, не се знае, ама Тоти, ако ништо друго ќе биде барем на клупата.

Конечнооооо :vozbud:

И уште нешто ...

Реал Мадрид го бараат Де Роси :pos: :tapp:
 
КАПИТЕНОТ НА "ВОЛЧИЦАТА" СЕ ВРАЌА ЗА ДУЕЛОТ СО КАЉАРИ

Рома прави специјална копачка за Тоти


Капитенот на Рома, Франческо Тоти, најверојатно, ќе се врати во својот тим на дуелот со Каљари што се игра на 5 декември и тоа со помош на специјално направена копачка за неговата нога. Тој е надвор од акција уште од 23 октомври кога Рома играше со Спортинг во третото коло од Лигата на шампионите, а противничкиот фудбалер Лидсон грубо стартуваше на неговиот скочен зглоб.

"Се надеваме дека ќе го имаме Тоти за натпреварот со Каљари. Веќе неколку дена тренира, а ние во моментов правиме специјална копачка која ќе ги блокира движењата на зглобот", изјави шефот на медицинскиот тим на Рома, Марио Бронци.

Повредата на Тоти е во горниот дел од стапалото, па иако тој трча релативно лесно и без проблеми, болки чувствува кога ја шутира топката. Новата копачка делумно ќе ги намали овие болки и ќе му овозможи побрзо да се врати на теренот. Неговото враќање би била одлична вест за Лучијано Спалети бидејќи Рома веќе има премногу повредени фудбалери во составот: Перота, Мексес, Аквилани и Де Роси.

Значи Тоти ке стартува на дуелот со Калјари на 5 Декември.:smir:
 
Брат, прочитај погоре бе. :smir:

Инаку и утре може да се врати :vozbud:
 
И јас прочитав за тоти ама не знам... мислам дека би било ризик да игра денеска . најдобро е да се чува за понатаму . рома удинезе 2-1
 
2-1 водимеееее!!! Ајде појако да ги згазиме!!! :vozbud:
 
Тоти не е ни во стартните 11, ни во резервите :(
 
Ајдеееее да го видам Тоти во среда како ќе им шлакне хеттрик на Каљари :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom