Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
За мечот со Порто најпаметно ќе му биде на ЕДФ да проба да ги изненади со нова формација.. Со оние формации 4-3-3 и 4-2-3-1 сме прочитани и воопшто не можеме да играме на резултат со онаа НЕодбрана..
Ако е мудоња изволи 3-5-2 и така бекојте ти стојат високо па барем кога ќе фури назад покрај Манолас да има 2 инвалиди не 1 . Манолас,Маркано и Хесус би било подобро него ли спорион Фацио за брзине играчи на Порто . Башка и бикон Марега им се врача...
Со згусната средина можеби би имале шанси зошто секој противник дали е Фросиноне или Јувентус а дојде до 16-тик тоа е 90% гол за противникот.. А тој партнер на Џеко во напад може да биде Заниоло како поповлечен и чао...
А со оние формации со индијанска игра со многу голови би било чиста среќа ако поминеме..

Некаде пишуваше дека без оглед на резултатот ЕДФ ќе поднел оставка (мене тоа не мие верно) .
 
И јас прочитав дека без разлика на резултатот ЕДФ ќе се збогува со Рома :)
Мончи кога ќе го мажиме за Белгија заедно со Нзонзи и остала боранија?
 
Дај боже Мончи у Арсенал па да понуди 25мил за НЗонзи, па и за Ундер некоја добра цифра ако тпа е цена4ќта да остане Заниоло, а ЕДФ нела си даде оставка уште вечер, Раниери може да го води тимот до крај на сезона, верувам со неговото доаѓање ќе има позитивен ефект.

За на лето се почесто се збори за Гасперини...
 
Edf e mnogu dobar trener samo mesto da mu go pojacat mu go oslabija timo...ranieri fuck poslabi ke bidime otkolku sega..gasperini e dobar za atalanta vidovme vo inter so napraj..ostaj te go edf
 
Многу од трансферите беа негова лична желба, па затоа и не го сметам за потполно невин. Згора на сѐ е тврдоглав тренер. После минатата сезона како да се дигна во облаци.
Човекот не е константен. И со Сасуловци им се случуваше истото.
 
Интересен состав... Доста дефанзивна формација ... Офанзивни само Заниоло, Џеко и Пероти... Сигурно по страна ќе се убацуваат и Коларов и Карсдорп... ЕДФ како да го читал мислњето на Курва Суд...
Искрено мислам дека тактички мудро изигра, пошто со висока одбрана ќе бевме хотел промаја...
Очекувам поволен резултат и дека ќе го поминеме Порто ...
 
Јас сум скептик! Со Нзонзи како се влече на терен нерви ќе кинеме. Како со играч помалку од старт.
Ако веќе вади дефанзивна постава требаше да го стави на лево крило Клајверт, барем на контри да проба да даде некој гол. Заниоло и Клајверт заедно ќе правеа доста проблеми на Порто.
Натпреваров може да е тврд, ама може и да не издуваат уште во прво. СУм гледал лоши изданија со ваква дефанзивна постава од наша страна.
Немам очекувања и можеби оправдано, со оглед на тоа што во серија А последните три натпревари се беа за фаќање рак.
И со измените ќе биде циркуз кога ќе го стави Сакатон кој ни одбрана знае да игра, а ни напад.
 
Пораз и елиминација од ЛШ..
Судиските одлуки нема да ги коментирам зошто до бескрај може да се убедуваме и на крајот нема ништо да смениме...
Елиминирани бевме кога Пероти не подаде и Џеко не искористи 2 зицера во 2 минути..
Глупоста на Флоренци ни едни солзи пролеани не ја перат.. По оваа ужасна сезона можеби ќе биде најдобро да се разделат он и Рома..
Благодарност до ЕДФ што ме послуша за формацијата само така можевме вечерва али ете се деси што се деси :)
Бидна што бидна отпаднавме што отпаднавме дали од утре ЕДФ ќе биде бивш останува да видиме.
Се прашувам и незнам колку е паметно сега да менуваме кога сме во трка за 4то место ?? Сега кој и да дојде мислам овој хаос нема да го среди.. Нема човек уствари што може...
Да одспиеме па утре ќе читаме што планови имаат во Тригориа и Американецот..

ФОРЦА РОМА!!!
 
ЕДФ се мисли да поднесе оставка, конечно се вразумува
 
Искрено жал ми е за ЕДФ...
Не дека е некој голем стручњак, или дека имавме некоја добра игра меѓутоа ете не може да ја заборавам ланската победа против Барса и несреќното испаѓање во полуфинале на ЛШ...
Не гледам тренер кој моментално би не оправил, играчки кадар катастрофа, одбраната за никаде ....
Се спомнува Раниери да ни биде до крај на сезона тренер меѓутоа и за него сум скептик ...
Ни треба некој кој ќе успее да извади максимум од играчите што ни се на располагање и да ги мотивира... Тоти на пример кога би имал лиценца за тренер :ROFLMAO:
Една добра вест читав нешто како демек му дошло преку глава веќе на Палота и дека ќе си заминел, ако е вистина тоа би било прекрасно.
Ако не успееме да избориме ЛШ за другата година ќе биде преголем неуспех за клубот од финансиска гледна точка, а исто така и играчка (нема да сакаат да дојдат кај нас многу играчи, а дел ќе сакаат да си одат).
 
И Мончи за ден два ќе го нема од клубот, сега испаднаа такви шпекулации. Раниери изгледа утре доаѓа во Рим, единствен од подобрите тренери што се нафатил да го води тимот до крајот на сезоната и му се заблагодарувам за тоа. Не сакав Паоло Соуса да го гледам на клупата на Рома.

Требаше ваква промена, не е само ЕДФ крив, најголем виновник е Мончи, нормално и политиката на клубот секоја година да си одат по 3-4 најдобри играчи.

Сега голема желба ми е Сабатини да го земат, се шпекулира во пакет со Сабатини да дојде и Ости, што би било одлична комбинација
 
И Мончи за ден два ќе го нема од клубот, сега испаднаа такви шпекулации. Раниери изгледа утре доаѓа во Рим, единствен од подобрите тренери што се нафатил да го води тимот до крајот на сезоната и му се заблагодарувам за тоа. Не сакав Паоло Соуса да го гледам на клупата на Рома.

Требаше ваква промена, не е само ЕДФ крив, најголем виновник е Мончи, нормално и политиката на клубот секоја година да си одат по 3-4 најдобри играчи.

Сега голема желба ми е Сабатини да го земат, се шпекулира во пакет со Сабатини да дојде и Ости, што би било одлична комбинација
Раниери од стално изјавува дека најголема љубов му е Рома и дека на секакви услови би се нафатил да ја води.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom