Фан клуб - РК Вардар

За тоа и се пуштив да пишам. Одлично движење на Николиќ. Значи солидно сме покриени со него и Петриќ не лев бек. Да го имавме лани во составот, сезоната можеше друг тек да добие :D
Шпанецов влечел повреда уште, така што осудени сме со Томи да играме. И он немаше лош прв дел, ама сепак лесен плен е за противничка одбрана. Јапонецот се повредил, па Карапале играше цел прв дел.
Кубанецов не ми се допаѓа за лево крилп, а некако и во одбрана игра слабо иако е висок, бидејќи пред се е лев бек. Не се погодија црнчугиве.
Томовски скина неколку зицери, инаку во одбрана одигравме слабо полувреме.
Овие Гуиф лани биле 7 место во шведско првенство, Савехоф по 10+ разлика ги тепал на две од трите четвртфиналиња (3-0 ги тепале) од плејофот.
Автоматски споено мислење:

Катастрофа е подлогава во Струга, сто пати се лизнаа играчиве. Ептен е голема шансата да се повреди некој.
Победивме на крај, ама ќе направевме од готово вересија.
Од +6 за нас, си вративме во игра, ни израмнија за 10-тина минути. Потоа Петриќ изигра симултанка, па Томовски ги докусури.
Падот почна кога Мишевски влезе да игра како среден бек во напад, а шпанецот на десен бек. Уште ја имам констатацијата дека Алонсо не е играчот што ни треба за на десен бек. Премногу мек играч некако, не ми личи ни дека е добар шутер.
Јагуриновски одигра одличен дуел, 5 голови на крај, изнуди и важен седмерец. Добил на килажа некако и мускулна маса, со сигурност ќе игра редовно во одбрана. За во напад има бавно движење, предвидлив е и само на сила минува.
Карапале имаше променлива партија на среден бек, со сигурност ќе биде замена за јапонецот. Овој Нилтон Мело изгледа само за одбрана го планираат.
Родригез даде 3-4 гола од контра, од позициони акции од лево крило мислам дела 2-3 пати промаши. Има брз чекор за во контра, висок е за да покрива на таа позиција во одбрана, ама некако нема ракометна интелигенција. Не е класично крило, не е добар реализатор на позициони напади. За во одбрана ќе треба многу работа, затоа што делуваме доста раштимано, особено на пикер. Браниме со двајца пикери (Лазаревски и Аларов), но тешко ќе ни биде против сите екипи со подобар пикер. Пример Пелистер со трите пикери кои ги има, ќе се шетаат низ нашата одбрана, а да не зборуваме за европските екипи. Освен ако овој Мело не се повампири и магично стане ко Тото или Диало во одбрана :D

Ќе имаме тешка битка за второ место со Алкалоид и Охрид, а во Европа е јасно дека брзо ќе ги спакуваме куферите.
 
Последно уредено:
АЕК никако не сака да игра против Вардар. Стравот голем! :icon_lol:
 
Begaj be koj virus go imat sednato Stole i Borko negde popara go imat napraeno ne ke mozi 3 dena da se oporavi
Борко само шардоне од Бордо пие. Столе му е проблемот. Некоја брзосмрттка за пеесе денари чоканче му има закачено, шинзо абе си рече саќе пие и го има протерано од три страни.
 
Што ти значи класа среден бек цел тим делува подруго , јапончето е перверзија
Автоматски споено мислење:

Да имавме пари да купиме уште еден бек и пикер ќе освоиме све.
 
Лелеле пребосов од финалево...
Кретенов што снима земал шушти со некоја кеса, ушиве ни ги дупна. Заврна и изгледа пробува да ја заштити камерата, зема ги зумираше луѓево од спротивна трибина, во ноздра им влезе со камерата.
Каков ужас во организација, почнувајќи од подлогата на која цело време се лизгаат играчиве, семафоров кој менува резултат од 2-2 на 5-2, камерманов...
 
Делуваме многу добро и у одбрана и во напад , засилувањава полн погодок сите, со оглед на условите со кои располагаме.
Автоматски споено мислење:

Дури и Мишевски како Абутович делува.
 
Делуваме многу добро и у одбрана и во напад , засилувањава полн погодок сите, со оглед на условите со кои располагаме.
Автоматски споено мислење:

Дури и Мишевски како Абутович делува.
Toa ti e Resenski Murinjo :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom