Фан клуб - РК Вардар

За мене, не е овој резултат за паника, мене не ми се допаѓа тоа што од моја проценка, оваа екипа е способна за вакви резултати. Што е битно некој ако е странец, не значи дека е добар. Така што мислам дека тоа искривува перцепција за можности на екипата. Дај боже да грешам.
 
Денес почнува турнирот во Струга, вечер од 18:30ч играме против домаќинот Струга, во петок против Гуиф Ескилстуна, клуб од Шведска, тренер им е Зоран Рогановиќ.
 
Каде може да се гледа на интернет. Ако може некој линк?!
 
Последно уредено:
Ако не се лажам од видеово кое оди на ФБ и Виктор Алонсо десниот бек кој го најавуваше 24РАКОМЕТ е во Струга и ќе игра денес.
Автоматски споено мислење:

Дефинтивно е он, гледам пријавен е и за мечот со РНЛ. :)
 
Последно уредено:
Добри сме а можда и противникот е прелесен па така изгледа, добри акции Јапончето е машина, а и овој Мело бааги висок делува ќе го биде у одбрана.
 
Не е мерило овој противник, ама јапонецот личи за добар играч.
Лошо е што шпанецот и со ваков противник се гледа дека нема квалитет.
 
Не е мерило овој противник, ама јапонецот личи за добар играч.
Лошо е што шпанецот и со ваков противник се гледа дека нема квалитет.
Шпанецов не го приметив на десен бек мислам и не играше многу ,цело време десен играше Јагуриновски една или две акции ми се виде дека имавме друг десен бек ама не обрнав многу внимание …
 
Ќе се ухода и Алонсо полека, не е толку лош играч.
Има некое знаење да проигра до пикер и крило ама не шутнав ни еднаш, моѓда не е доволно фит сеуште не беше на припреми ќе му треба малку поише време
 
Јас сега ја гледав утакмицава и стварно не ми е јасно кај видовте дека Алонсо бил катастрофа. Човекот изигра минута и пол во прво и цца. 10 минути во второ во кои имаше 3-4 асистенции и еден гол. И е многу поподвижен во споредба со Вујин што го донесовме ко екстра засилување пред некоја година, а пустиот на терен изгледаше ко прасе.
Утакмицава со Струга не е никаков репер, ама веднаш е јасно дека Јасухира ептен двои. Се виде разлика во играта кога беше он на терен и кога беше Карапале. Другиве странци беа солидни, единствено Николиќ ми беше изгубен во времето и просторот. Добро е што Родригез игра и лево крило, па можеме да кажеме дека и таа позиција ни е покриена.
Мислам дека Ќосевски и особено Гогов веќе се израснати во играчи на кои може да се смета и во потешките натпревари. Гогов мислам дека имаше повеќе одбрани од Томовски. Знае некој кој беше третиот голман со број 98 што влезе последните минути? И каде беше Мишевски?
Сепак, за да бидеме поконкурентни мислам дека мора да набавиме уште еден пикер и еден дефанзивец, а не би било лошо и десен бек. Ама ај да не претерувам со желбите.
 
Знае некој кој беше третиот голман со број 98 што влезе последните минути? И каде беше Мишевски?
Дамјан Стојковски е 98. Мишевски не настапи и на некој од претходните контролни мечеви, претпоставувам со некоја повреда се мачи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom