Фан клуб - РК Вардар

Мене не ми прави разлика ова Лига Европа. Убаво би било да ја играме, поготово без СЕХА, ама што фајде од тоа? Најверојатно групата нема да ја поминеме, пари нема да земеме, неверувам дека ќе има кој знае колку публика за натпреварите. Реално, како ќе профитираме? Само може некој да се повреди и дома шансите да си ги намалиме.

Иако, никогаш не се знае, може швабиве неќат и они да се замараат, па несериозно ќе влезат во натперварот. Ама разликата во квалитет е преголема да имаме некоја сериозна шанса, ако им се игра.
 
Германците речиси никогаш не се замараат за европските натпреварувања што не се ЛШ (а, некогаш ни за ЛШ). Тоа е особено изразено кај првите 4-5 тима кои имаат шампионски амбиции (каква што е РНЛ), ама разликата во квалитет е преголема како што и самиот кажа. Но, спортски е да се надеваме.
 
Абе ајде и Барса и ПСЖ немаше да ги тепаме, па ги отепавме

Колку треба и овие да ги напумпаме :angel:
 
Германците речиси никогаш не се замараат за европските натпреварувања што не се ЛШ (а, некогаш ни за ЛШ). Тоа е особено изразено кај првите 4-5 тима кои имаат шампионски амбиции (каква што е РНЛ), ама разликата во квалитет е преголема како што и самиот кажа. Но, спортски е да се надеваме.
Па не би рекол, ова натпреварување со ваков формат постои три години, 2021 шампион Магдебург, 2022 Бенфика и 2023 Фуксе Берлин. Од три години постоење во две се баш германски тимови шампиони. Оваа сезона што заврши во бундес лигата, позади шампионот Кил како втори и трети беа баш Магдебург и Фуксе. Европската лига не е ценета како ЛШ, но за разлика од порано и тоа како е подигната во квалитет и сепак вреди нешто.
 
Не велам дека не е така. Сите тие тимови располагаат со огромни буџети за ракометни стандарди и нивото на квалитет кое го имаат во својот ростер е одлично, неколкукратно повисоко од речиси сите тимови кои учестуваат во ЛЕ, а доаѓаат од Источна Европа или па Шпанија или Франција (со по некој исклучок). Како такви тие се апсолутни фаворити, во било кој двомеч. Но, и тоа како имало примери во последнава декада каде што свесно жртвувале пласман во европски натпреварувања за да имаат повеќе шанси да стигнат до титула во Бундес.

Пролаз на еден ваков Вардар против тим каков што е РНЛ би бил рамен на чудо колкаво што беше нашата втора европска титула, нема тука што да се додаде.
 
Последно уредено:
Секој рестарт е тежок, па така и нашиот. Изгубивме титула, играме во послабо натпреварување и тоа квалификации со најтешкиот противник. Но, не се жалиме затоа што знаеме дека ова е почетокот на патот кој ни е познат, патот кој завршува во Ланксес Арена. Другите нека проверат на Гугл како се враќаме од таму.
 
Сите дугови на Вардар се исчистени,тренерот на Србија би требало да е нов тренер

Kaj си бе друже, те нема сто години и коа ќе се појавиш као торнадо си:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom