Фан клуб - РК Вардар

Јас имам информација дека го контактирале Рогановиќ за тренер, меѓутоа барал многу пари.
роганович добил ултиматум за време на сп од швеѓаните ако сакат уште една сезона да продолжит во гуиф плус да работит со кампот за јуниори ќе мора да ја напуштит селекторска фотеља....и затоа даде отказ,кога би го пуштиле сигурно би барале оштета ...ова се инфо од прва рака блиски до...
 
Продолжи веќе пред некој месец.
 
Ангеловски се ослободи скоро, така што, можно е. Иако, мене не ми се допаѓа тој избор. Плус, нели близок е со Киро, па од тој аспект не знам како би функционирал. Секој случај, чим си отиде од Мулти Есенс, најверојатно има договорено некој ангажман. Иако, ја мислам странство. Ама ќе видиме.
 
Сеуште го немам гледано бидејќи сум на работа, но би требало да биде добро.
Рече дека Бутинот го вратил во живот после заминувањето на Вујовиќ, му дал самодоверба, а со Дејвис имале некое недоразбирање на почетокот, и Бутинот го поддржувал.
 
Не верувам дека е тоа така баш ко што е претставено во текстов искрено. Не е клубот во таква ситуација да може да бира дали ќе му го продолжи или не. Лоши вести во секој случај.
 
Тоа доволно говори за амбициите на тимот за следната сезона.
 
Искрено, може и паметно ако има висока плата. Што ќе ти е високо-платено и супер-квалитено крило ако имаш никаква, просечна екипа.
 
Реално подобар тренер не ни може да донесеме моментално,да не си правиме филмови такви тренери како Врањеш и Рогановиќ се научна фантастика за нас,ни еден тренер со солидна кариера позади себе не би дошол во клуб кај што нема да знае какви се плановите за наредните години и ќе се мисли секој месец дали ќе земе плата или ќе му замине некој од клучните играчи во сред сезона.
Плус треба да се бори во лига со Пелистер кој игра во Лига на шампиони,има постабилен спонзор,подобри играчи и Алкалоид кој е клуб што ја има федерацијата позади себе и планира да напаѓа титула наредна година.

Ситуацијата е таква да не можеме апсолутно ништо да понудиме со што би привлекле некој озбилен тренер.
Опциите се наши тренери од типот на Алушевски,Раде Стојановиќ,Брестовац или Бранче,искрено за мене ни еден од овие не покажал ништо повеќе од Бутинот и не гледам зошто би добил шанса.
Од странски тренери имаме можност да земеме евентуално некој Балканец што форсира ракомет од минатиот век како Вујо и компанија,што мислам дека е катастрофална опција со која ништо не добиваме.
Секако тука е и Зоран Кастатовиќ,кој е микс на сите овие што ги набројав погоре,верувам никој од нас не сака да го види него на клупа на Вардар и да го слуша неговиот "македонски" јазик од кој се превртува желудник и постои опасност од сериозни мозочни пореметувања.
На страна тоа мислам дека човекот е тотално преценет во својата работа,плус е премногу арогантен и антипатичен,ми се згади искрено кога го слушнав како мртов озбилен изјави дека тој ќе имал поголем успех во Вардар од Раул и дека од него сме добиле само негативни работи. :ROFLMAO:
Посакувам таквите личности да се што подалеку од Вардар.

Сега за сега можеби и најдобро е Бутинот да си остане тренер,барем додека не мрдне ситуацијата малку на подобро,искрено и сам на себе се чудам како го пишувам и мислам ова ама такво време дојде,кога ќе се собере се и ќе согледаме реално тоа е тоа.
 
Последно уредено:
Ако не се носат некоја повисока класа играчи, нема потреба да го менуваат Бутинот. Во тој случај, тешко дека би биле први и втори ако скопските фармацевти се засилат дополнително со странци. Така што, тренерот нема да игра некоја страшна улога. А може и се потценува Бутинот. Ете, едни викаат Вујо го вратил Тале во живот, други Дејвис, а Тале вика Бутинот бил тој што му ја вратил самодовербата. Се може да се збори од страна, реално, оваа сезона не е он крив што не се земе титулата, нешто сплет на околности, а и нешто Михо крив што не донесе барем двјаца плус посериозни играчи да не остави ништо на случајност, место да гледа да се помине поевтино. Ако ова е нивото, нека седи Владо.
 
Реално подобар тренер не ни може да донесеме моментално,да не си правиме филмови такви тренери како Врањеш и Рогановиќ се научна фантастика за нас,ни еден тренер со солидна кариера позади себе не би дошол во клуб кај што нема да знае какви се плановите за наредните години и ќе се мисли секој месец дали ќе земе плата или ќе му замине некој од клучните играчи во сред сезона.
Плус треба да се бори во лига со Пелистер кој игра во Лига на шампиони,има постабилен спонзор,подобри играчи и Алкалоид кој е клуб што ја има федерацијата позади себе и планира да напаѓа титула наредна година.

Ситуацијата е таква да не можеме апсолутно ништо да понудиме со што би привлекле некој озбилен тренер.
Опциите се наши тренери од типот на Алушевски,Раде Стојановиќ,Брестовац или Бранче,искрено за мене ни еден од овие не покажал ништо повеќе од Бутинот и не гледам зошто би добил шанса.
Од странски тренери имаме можност да земеме евентуално некој Балканец што форсира ракомет од минатиот век како Вујо и компанија,што мислам дека е катастрофална опција со која ништо не добиваме.
Секако тука е и Зоран Кастатовиќ,кој е микс на сите овие што ги набројав погоре,верувам никој од нас не сака да го види него на клупа на Вардар и да го слуша неговиот "македонски" јазик од кој се превртува желудник и постои опасност од сериозни мозочни пореметувања.
На страна тоа мислам дека човекот е тотално преценет во својата работа,плус е премногу арогантен и антипатичен,ми се згади искрено кога го слушнав како мртов озбилен изјави дека тој ќе имал поголем успех во Вардар од Раул и дека од него сме добиле само негативни работи. :ROFLMAO:
Посакувам таквите личности да се што подалеку од Вардар.

Сега за сега можеби и најдобро е Бутинот да си остане тренер,барем додека не мрдне ситуацијата малку на подобро,искрено и сам на себе се чудам како го пишувам и мислам ова ама такво време дојде,кога ќе се собере се и ќе согледаме реално тоа е тоа.
Не зафркавај, и Раде и Бранче се класа за Бутинот. Тотален промашај е ликот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom