Фан клуб - РК Вардар

Реално подобар тренер не ни може да донесеме моментално,да не си правиме филмови такви тренери како Врањеш и Рогановиќ се научна фантастика за нас,ни еден тренер со солидна кариера позади себе не би дошол во клуб кај што нема да знае какви се плановите за наредните години и ќе се мисли секој месец дали ќе земе плата или ќе му замине некој од клучните играчи во сред сезона.
Плус треба да се бори во лига со Пелистер кој игра во Лига на шампиони,има постабилен спонзор,подобри играчи и Алкалоид кој е клуб што ја има федерацијата позади себе и планира да напаѓа титула наредна година.

Ситуацијата е таква да не можеме апсолутно ништо да понудиме со што би привлекле некој озбилен тренер.
Опциите се наши тренери од типот на Алушевски,Раде Стојановиќ,Брестовац или Бранче,искрено за мене ни еден од овие не покажал ништо повеќе од Бутинот и не гледам зошто би добил шанса.
Од странски тренери имаме можност да земеме евентуално некој Балканец што форсира ракомет од минатиот век како Вујо и компанија,што мислам дека е катастрофална опција со која ништо не добиваме.
Секако тука е и Зоран Кастатовиќ,кој е микс на сите овие што ги набројав погоре,верувам никој од нас не сака да го види него на клупа на Вардар и да го слуша неговиот "македонски" јазик од кој се превртува желудник и постои опасност од сериозни мозочни пореметувања.
На страна тоа мислам дека човекот е тотално преценет во својата работа,плус е премногу арогантен и антипатичен,ми се згади искрено кога го слушнав како мртов озбилен изјави дека тој ќе имал поголем успех во Вардар од Раул и дека од него сме добиле само негативни работи. :ROFLMAO:
Посакувам таквите личности да се што подалеку од Вардар.

Сега за сега можеби и најдобро е Бутинот да си остане тренер,барем додека не мрдне ситуацијата малку на подобро,искрено и сам на себе се чудам како го пишувам и мислам ова ама такво време дојде,кога ќе се собере се и ќе согледаме реално тоа е тоа.
 
Последно уредено:
Ако не се носат некоја повисока класа играчи, нема потреба да го менуваат Бутинот. Во тој случај, тешко дека би биле први и втори ако скопските фармацевти се засилат дополнително со странци. Така што, тренерот нема да игра некоја страшна улога. А може и се потценува Бутинот. Ете, едни викаат Вујо го вратил Тале во живот, други Дејвис, а Тале вика Бутинот бил тој што му ја вратил самодовербата. Се може да се збори од страна, реално, оваа сезона не е он крив што не се земе титулата, нешто сплет на околности, а и нешто Михо крив што не донесе барем двјаца плус посериозни играчи да не остави ништо на случајност, место да гледа да се помине поевтино. Ако ова е нивото, нека седи Владо.
 
Реално подобар тренер не ни може да донесеме моментално,да не си правиме филмови такви тренери како Врањеш и Рогановиќ се научна фантастика за нас,ни еден тренер со солидна кариера позади себе не би дошол во клуб кај што нема да знае какви се плановите за наредните години и ќе се мисли секој месец дали ќе земе плата или ќе му замине некој од клучните играчи во сред сезона.
Плус треба да се бори во лига со Пелистер кој игра во Лига на шампиони,има постабилен спонзор,подобри играчи и Алкалоид кој е клуб што ја има федерацијата позади себе и планира да напаѓа титула наредна година.

Ситуацијата е таква да не можеме апсолутно ништо да понудиме со што би привлекле некој озбилен тренер.
Опциите се наши тренери од типот на Алушевски,Раде Стојановиќ,Брестовац или Бранче,искрено за мене ни еден од овие не покажал ништо повеќе од Бутинот и не гледам зошто би добил шанса.
Од странски тренери имаме можност да земеме евентуално некој Балканец што форсира ракомет од минатиот век како Вујо и компанија,што мислам дека е катастрофална опција со која ништо не добиваме.
Секако тука е и Зоран Кастатовиќ,кој е микс на сите овие што ги набројав погоре,верувам никој од нас не сака да го види него на клупа на Вардар и да го слуша неговиот "македонски" јазик од кој се превртува желудник и постои опасност од сериозни мозочни пореметувања.
На страна тоа мислам дека човекот е тотално преценет во својата работа,плус е премногу арогантен и антипатичен,ми се згади искрено кога го слушнав како мртов озбилен изјави дека тој ќе имал поголем успех во Вардар од Раул и дека од него сме добиле само негативни работи. :ROFLMAO:
Посакувам таквите личности да се што подалеку од Вардар.

Сега за сега можеби и најдобро е Бутинот да си остане тренер,барем додека не мрдне ситуацијата малку на подобро,искрено и сам на себе се чудам како го пишувам и мислам ова ама такво време дојде,кога ќе се собере се и ќе согледаме реално тоа е тоа.
Не зафркавај, и Раде и Бранче се класа за Бутинот. Тотален промашај е ликот.
 
Јас сум позитивно изненаден од работата што ја прави Тони Џерона со Србија. Се гледа дека разбира ракомет односно има добро скаутирано, ја подмлади репрезентавијата, и дополнително изгледа за добар психолог затоа што ги смири играчиве пошто беа распашана команда.

Можеби не е лошо да се испита ситуација за него, ја знае базата на балкански играчи заради природата на неговата моментална функција и тоа може да се искористи да се придобие некој талент од регионов.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Што има овој гревов да објаснува, ебено натпреварување што наградата за освоена титула не може да ја покрие годишната плата на двајца топ класа ракометари.

Зини земјо голтни ме, како едноставно не се појави некој со муда да пресече како за евролига баскет и да го дотера спортов на место.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Јас сум позитивно изненаден од работата што ја прави Тони Џерона со Србија. Се гледа дека разбира ракомет односно има добро скаутирано, ја подмлади репрезентавијата, и дополнително изгледа за добар психолог затоа што ги смири играчиве пошто беа распашана команда.

Можеби не е лошо да се испита ситуација за него, ја знае базата на балкански играчи заради природата на неговата моментална функција и тоа може да се искористи да се придобие некој талент од регионов.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Негде прочитав дека потпишал со Партизан.
 
Пиша моцартспорт, ама додека не пројдат изборите во клубот ништо не е сигурно.
 
Турли тава од екипа. Ај, нека ни е на здрајве.
 
На @kano ќе му се напраи меракот за јапонецов. :D

Шала на страна, Јашухира не е лош играч, играше за Ним, последниве две сезони за Висла, плафонот му е сигурно висок. Ако навистина ги потпишеме сите овие странски играчи со кои се поврзуваме или барем повеќето, тогаш не сум баш сигурен дека Бутинот ќе остане тренер.
 
Последно уредено:
bash noviot skube. nas ni falese bas toa ovie godini, mal probiven kamikaza igrac sto nema strav da vleze, ima shut od 9 metri da dade gol ako e otvoren i sposobnost za nba dodavanja... ovoj da igra 10-15 min e odlicen zasto e dosta kreativen ima da menuva ritam i dinamika na igrata i tesko deka vo mkd nekoj bi mozel da go cuva.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom