Фан клуб - РК Вардар

четвртфинале од сеха лига ваљда а?
Тоа ќе фати април, може и поскоро да биде дружбата. Да ја оставиме организацијата на мудроста на Коњаникот :)
 
Тоа ќе фати април, може и поскоро да биде дружбата. Да ја оставиме организацијата на мудроста на Коњаникот :)
Реков да биде на утакмици каде што ќе нема официјално навивање од Комити, кога има навивање, не го давам западот :D
Најдобро е на некоја утакмица од домашно првенство ко на пример со Бутел :D Да можеме да се групираме на неутрална, да се видиме ко луѓе и паралелно да "навиваме".
Ќе пробам да организирам, да видиме како ќе се соберат сите со сменско работење :D
Автоматски споено мислење:

Претерува Борето со овие интервјуа. Не знам за каква политичка функција се спрема, ама општо не ми се допаѓа што константно напаѓа последно време.
Михо на времето беше поблизок со сдс, па 30 и кусур години го води тимот, он е тој што не дозволи да згасне.
Борето пробува да изгради некаква кариера врз грбот на клубот и треба да се реагира на тоа.
Нека оди во партија да побара мамљазите Симев и компанија да си ги скратат фиктивните побарувања од ФК Вардар, па може ќе се најде спонзор.
 
Последно уредено:
Со Алкалоид во Автокоманда е исто така добра утакмица за дружба.
Нас не чекаат да влеземе :D
Минатата утакмица ги вратија сите што беа фанови на Вардар, освен група од 50тина души што добила карти од РК Вардар кои се наменети за гостите.
Нема карти во продажба, освен ако немаме вработени во Алкалоид па да се прошверцаме меѓу нив :D
 
Ke najdeme bez gajle :)
 
Лесна работа е тоа, за минатата утакмица лесно најдовме карти :D
 
Многу слаб прв дел со релативно ослабениот Пролет.
Ептен шкрипиме на бековска линија. Некако Тале не е во ланската форма, а од друга страна Карапалевски ни е единствен среден бек. Дутра прави многу грешки, ниту е бек шутер, ниту е брз и пробивен. Можеби претходно бил попробивен, ама се гледа дека по повредите игра со "тешки нозе". Јагуриновски се труди, игра бескомпромисно од срце, но нема квалитет за напад. Моралес повторно не е во состав или можеби е закован на клупа.

Јагуриновски заработи некоја повреда, има чалма на глава. Па мораше Мишковски да покрива како десен бек, што беше трагикомично за гледање.

Ќосевски топка не пипна, а Чувара се изнадава голови, ама од пенал.
За крај, Боре е тотално ауууут од форма, дно проби со головите кои ги прими. Нека поигра малку Гогов...
 
40 мин не можи да се одлепиме, замисли не дај боже Тале се повреди, отиде натпреварот јабана..
 
Јас би рекол дека единствената причина за таквиот тек на натпреварот беше разликата помеѓу нашиот и нивниот пристап кон мечот. Ова е проблем кој се провлекува со години, и чудно е како не ни се има удрено по глава до сега.

ПС Ќосевски искина! :)
 
Стегнавме малку одбрана и ги решивме по 40та минута. Влезе Велко, им го покажа филмот :D
Велко, Лазаревски, Јагуриновски, Мишевски и Ќосевски одлично се поставија во одбрана и од 21-19, им направивме 28-19, воглавно со голови од контри, за период од 10 минути.
Ќосевски и Чувара си изрешетаа во контрите. Гогов исто скина неколку топки.
Дутра беше најопасен во нашите позициони напади.

И покрај добрата разлика која ја направивме, остана евидентно дека сме слаби во позициони напади и недостасува квалитетен разигрувач и десен бек шутер (Моралес не играше).
Што е со Добрковиќ? Ах да го имавме барем уште Додиќ во составов...
На Атанасовски сто топки му паднаа од рака, џабе е толкав, фатен е во рацете. Ако не му ја дадат точно, не може да ја зграби.
 
Не знам зошто не добива шанса Добрковиќ, на клупа го преседи цел меч, џабе го земавме излегува. Додиќ или евентуално Гаџа сеуште да го имавме, ќе бевме премија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom