Must watch!
Марко Савовски, поранешниот оперативен менаџер на РК Вардар ни открива неколку детали од соблекувалната и зад сцената.
www.youtube.com
Како ќе станам сабајле не знам ама изгубив ориентир дека саат и пол е епизодава и заебав работата за станување сабајле. Ама една од може и поинтересните епизоди до сеа им е. Баш онака неформална со еден куп причи буквално се осеќаш ко да си со нив на пиво седнат, другиве им беа повише така у интервју стил ваљда ради тоа што такви се и гостите нормално.
Чепнаа мн теми, и се гледа дека на Марко има што да каже ама не сака за некои ситуации. Убаво рече и за децата што немаме талент искочено пример со тоа дека Раул за 3 месеци трансформирал екипа од деца со 12-13 години. - Од ова треба да се извлече поука, тренерите спонзорирани од РФМ летоска сите на школување у Шпанија на летна школа ако не нема лиценца. Од друга страна ја знаеме и нашата младина каква е со дискотеки, ама па не е дека други не се журкаат и сите се професионалци, сепак најбитното е тренер, што се вежба, што се учи што се работи.
За притисоци и власт и за пристап на финансирање на клубови, уствари фирмите се мотивираат со еден куп олеснувања ако финансираат клуб. Што рече зашто Ванхол да не го финансира Куманово (кошаркарскиот клуб пример не мора ракометниот) по 3-4 автобуси у 2 смени им идат само од Куманово.
Срамота е Телеком, А1, банкиве грдни пари направија не се враќа ништо у спортот, не треба у друго дај му спортот на народот задоволен ќе е, ова од времето на Римјаните било познато, дај им леб и борби со гладијатори на луѓето и ќе те поддржат.
Дешавката со Самсоненко од небо се гледаше дека е оркестрирана, очигледно беше тоа го заебаа човекот а пола од тие негови вечери јаделе сигурно, зашто сите тие парцели, згради, па и банкарски трансакции не проаѓаат без ДА СИ ДАДЕШ нешто.