Фан клуб - РК Вардар

Секој со пари можеше да го спаси клубот.
А што не го спаси некој со пари? Клубот дојде во ситуација да не постои. Подалеку од тоа нема. И како не се појави тој "секој со пари"?
 
А што не го спаси некој со пари? Клубот дојде во ситуација да не постои. Подалеку од тоа нема. И како не се појави тој "секој со пари"?

На погрешно место го поставуваш прашањето.
 
Чупиќ зошто си отиде знаеш?
Дибиров сега зошто си оди знаеш?
За Столе исто така подолго време се шушка дека ќе си оди...

Причината е иста за сите. Рибата смрди од главата.

Дибиров пред 2-3 години спомна нешто во медиуми што сака да прави кога ќе ја заврши играчката кариера и каде сака да биде. Пребарај го тоа на интернет и спореди го со ова денес што се случува и пронајди го натрапникот, кој најверојатно само ти не го знаеш.
Автоматски споено мислење:



Секој со пари можеше да го спаси клубот. Не го правете Михајло светец.
Михајло почна да го ,,етикетира" клубот (ако ме сфаќаш што сакам да кажам), додека под Самсоненко немаше вакви глупости и играчите не си одеа на сред сезона или по една година (освен оној лигушот од Црна Гора), за платата никој не се пожали освен последните година/две откако почнаа да го ,,чепкаат" Самсоненко. А за долговите на Самсоненко долга е темата на разговор.

Штом костурот од тимот си заминува, се знае колку е часот.
И уште нешто, никој не го прави Михајло светец. Тврдам дека сите се свесни за неговите слабости. Човеков едноставно нема однос со играчите. Знам колку можеме со него, го следам клубот уште кога игравме во Расадник. Он е заглавен во тоа време. Но, за разлика од мене ти си тој што го прави Самсоненко светец. Човекот кој малку фалеше да биде гробар на црвено-црното семејство. Па заради долговите кои според тебе се долга тема на разговор, годинава требаше да плукнеме милион евра гаранција на ЕХФ. Македа и Кањелас не се играчи од последните година-две, а тие предничеа со изјави колку многу им должи Вардар. Сите успеси беа убави, но бевме свесни дека тоа нема да е вечно.

И ќе повторам она што го кажав претходно. Кој и да игра за клубот, во кој ранг и да игра клубот.. Јас ќе го земам син ми за рака и ќе бидам во сала (на стадион). И ќе навиваме за Вардар, каков и да е. Дека друг клуб не познавам.
 
За Столе се зборува дека ќе си отиде во друг клуб или ќе се пензионира ??
Автоматски споено мислење:

Колку ќе беше убаво Тимур да ја заврши својата величенствена кариера тука, каде што ги достигна најголемите успеси...:(
Каков играч...:cuc:
 
Последно уредено:
Бааги критики од страна на Тимур кон раководството (што е практично само Михајло) околу водењето, градењето на тимот, пристапот итн. во подкастов...
 
Идеме следна сезона тим Петров, Деки, странци тип на Раковиќ, Добривоје Марковиќ, Драгаш, Додер ))) Министерот го заборавив плус
Го заборај Караиванов
 
Па почнува у Вардар се што е лошо и у државата да се применува, за Михо сите знаеме што како е, али тука сега го имаме и Боре со неговите финансиери, политички другари итн, и он си го бетонира местото у клубот.. а он таков лик, и полека полека лжсекој нормален си вели, фаќај си го патот на време, не си должен да трипиш некого, ниту да играш у клуб кај што не се знае дали некој лошо станал утрото и ќе ти го раскине договорот, или ќе ти обеќат едно, а прават нешто сосема трето.
Од друга страна секој е свесен дека Тимур и Столе просто не смееат, а да не ја завршат кариерата тука, и после да продлжат да работат во Вардар!
Едниставно Вардар не смее да го загуби својот идентитет и да ги пушти овие двајца да си заминат!!
 
Бааги критики од страна на Тимур кон раководството (што е практично само Михајло) околу водењето, градењето на тимот, пристапот итн. во подкастов...
И не само кон раководството, индиректно го чепна и Дејвис кога го анализираше натпреварот со Еурофарм. Ако ти текнува рече дека натпреварот бил лошо подготвен, дека играчите не биле свесни што ги очекува. Дека во вакви натпревари само 15% е тактика и дека "се оди на глава".
 
Како што напишав и после утакмицата у Скопје, овој Пелистер не е кадарен за големи победи. Атмосферава успаванка..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom