Фан клуб - РК Вардар

Чекај планираат Суперлигата да ја прошират ? Ако е така морат да се забегани оваа лига и треба побрзо кратење на 10 отколку да се проширува на повеќе така побрзо ќе придонесат за поквалитетни домашни играчи а не со лимитирање на странци.Неможат од Вардар и Пелистер да очекуваат успеси на меѓународен план со ваков пристап се знае Струга,Пролет,Еурофарм П 2,Охрид итн се екипите шо треба да работат на тоа затоа што амбициите нивни се минимални они и да несакаат мора да пружаат шанса на помлади домашни играчи побрзо би вовел правило за 30год + играчи лимит затоа што нема фајде од такви играчи по клубови каква полза од нив за иднината ма Мк ракомет.
планират да ја прошират бидејќи првото место на Алкалоид во Прва лига не е сигурно.
 
Карапалевски не е лош. :)
Зимајќи во предвид колку нема минутажа овие година и пол и повеќе од солиден е. Искреира неколку шанси, гол даде, топката до Валчак (кога проба да го лобува голманот) беше исто така супер.
 
Последно уредено:
@Saber Rider сеуште е на ставот дека Алушевски треба да го вратиме :ROFLMAO:
Аааа да не се лажеме сега, ЈАС ТВРДЕВ ДЕКА ВУЈО НЕ Е ЗА ВАРДАР, вие ме правевте про Алушот. Поздрав до Вујо anyway :D
 
Јас лично мислам дека ова се е резултат на доаѓањето на Дејвис!
Секако и играчите се заслужни што успеале да променат доста работи на подобро...
Карапалевски игра супер, со скоро нула минутажа до претходно покажа дека навистина има квалитет, само нека продолжи да работи како што треба.
Томовски ги реши! 9 одбрани за 30мин.
Одбраната на ниво! Браво!
Борко седи дома и гледај како твоите колеги си ја работаат својата работа!
 
Еве после ваков настап не можеш да не пофалиш македонски ракометар. Браво за Карапалевски, одлично прво полувреме одигра. Иначе што ти значи тренер кој знае добро да ги постави во одбрана. Колку сме покоординирани, движење на секој ракометар поединечно, едноставно секој си ја знае својата задача. И во напад има подобрувања, многу е поголема дисциплината, стрпливоста и разноврсноста. Само да немаме големи кризни рупи во второ и сами да не се поебеме. Треба да посветат и повеќе внимание на оној десниот бек Хулиен Бос, не шина во Скопје а трга тоа да го прави и на овој натпревар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom