Јас мислам дека пак бегате од главниот проблем. Не е проблем некој да увиди дали треба да се задржи тренер како Дејвис или не, проблем е со кои пари да го задржиме и кои играчи ќе му ги донесеме за да работи со нив.
Тимот за наредна сезона се гради уште од сега. Ете Пелистер веќе го најави Лескај на голот што е одлична замена за Секељи, а најдоа и десен бек од француско првенство. Се шпекулира на големо дека ќе ни го соберат и Томовски.
Ние немаме капарисано НИШТО, а не се дозасиливме прописно ни за оваа сезона.
Што ни кажува тоа? Дека многу веројатно задржувањето на Дејвис ќе зависи од тоа дали ќе се најдат финансии или не, а во моментов изгледа сме дупка на тоа поле.
Прашање на време е кога ќе ни ја земат титулата и после тоа ќе завршиме како Металург, али реално тоа е ракометот...
Михо мислам дека константно се надева на Гаспром како спонзор, ама тоа сигурно ќе зависи од политичката клима во државава, која секако е анти руски настроена во моментов, какво што е расположението и во цела ЕУ.