Фан клуб - РК Вардар

Од коа влезе Тале почнаа да не бушат . Каков мртвак тоа е невероватно. Падови и подеми во играта , трагедија е што Алборг беше ужас и пак не добија на индивидуален квалитет на Палмарсон. Тимур треба да ги шамара.
 
Вујо требаше да проба 6-0 одбрана, Дијало го бушеа како сакаат
 
Штета... како што изгледа цела сезона ќе играме вака топло-ладно, на крај можевме да се вратиме али тоа е, тие неколку промашени зицери на почеток испаднаа најважни, да беа погодоци сигурно ќе беше поинаку.
 
Како што спомнав и на полувреме, последните неколку минути од прво и почетокот на второ ни пресудија на конечниот резултат. Секако тука влијаат и одредени елементи кои директно влијаат на тие падови како дисциплина, мањак квалитет на одредени позиции, заспаност на терен итн. Наместо на почеток на второ да се обидеме да го стигнеме резултатот, ние сме тотални изгубени на терен и им допуштаме на Алборг да отидат на +8. Со таков резултат тешко би се вратила и една Барса а не па ние кои сме лимитирана екипа. Тужното е тоа што после тајм-аутот на Вујо, одредени ракометари ги лупна вербалниот шамар и се покажа дека може да се игра ама касно. Во последните десет минути одбраната беше гранитна, нападот колку толку живна и некако успеавме до дојдеме на -3 на пет минути пред крај. Сепак Алборг не е Струга за да дозволи таков пад каде ќе можеш да се вратиш во секое време коа ќе запнеш. Мене не ми е толку криво за поразов него за начинот на кој губиме. Не ми се допаѓаат тие црни периоди во кои делуваме комично и противникот ни бега на +8, за после тоа да не фати инат и да се покаже дека може да се игра. Ако оценувам денес индивидуална игра, мора признаам дека воопшто не ми се допаѓа тоа што го гледам од Кудуз на терен бидејќи пред се лично очекував многу повеќе од него а типот немаше еден ебан шут на натпреваров, односно не се одлепи од под. Ниту асистенција ни ништо. Потоа Гаџа ( освен во оние последни 10 минути, каде даде два гола и една асистенција) е разочарување. Дефинитивно центар кој нема капацитет да биде прва фигура на таа позиција во ЛШ. Споро движење и посебно моментот при асистенција и поставување на телото во тој момент каде од авион се гледа дека типот ќе ја спушти топката на пикер. Па дефанзифците едвај чекаат такви моменти за сечење. Сите тие фалинки во ростерот директно влијаат и на комплетната игра. Оливие исто доста слаб денес, значи никаков придонес од лев бек денеска. Ништо одиме понатака. Треба од секој пораз да се учи од грешките и да се поправа во играта.Што помалку се повторуваат грешките во следните натпревари толку подобар епилог за нас на терен. Сепак целите за оваа година се знаат. Да се успее да се избори пласман во осминафинале во ЛШ, и да се одбрани титулата во Македонска лига.
 
За разлика од лани ова е далеку подобро не заборавајте дека се само колку 3 месеци заедно хемијата е тука да се уклопет само очајно фалат среден бек да сменит темпо немојт само со Гаџа
 
Не ти е лоша анализава
 
Дека има голем напредок во однос на лани, има. Алборг не воопшто наивна екипа, а ние од -8 стигнавме до напад за -2. Лани кога ќе тргнеше колата надоле, сите се откажуваа и двоцифрени порази ни беа константа.
Дека на нас очекувањата и сега ни се ко во периодот кога се освојуваа титулите и тоа е точно. Тоа за жал нема да се случи во догледно време. Ова е нашата реалност. Треба да сме среќни што постоиме и играме ЛШ.
Дека очајно ни фали среден бек, ни фали. И се надевам дека навистина ќе го пазариме на полусезона. Сигурен сум дека со квалитетен плеј, екипата ќе биде неколку пати посилна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom