Фан клуб - РК Вардар

Сагосен и Вајнхолд не играат против Вардар

Олеснителна околност али далеку од тоа дека ќе биде нешто полесно. Во секој случај одлична вест за нас пошо и двајцата се врвни ракометари, индивидуално маестрални и доста тешки за чување еден на еден што е еден од главните проблеми на нашата дефанзива. Кил годинава бар до сеа не е најсјаен, напротив посебно се слаби во дефанзива како никад до сеа. На гости за сега имаат победа против Мешков 30-33, и виокиот пораз против Монпеље 37-30 каде примија неверојатни за Кил 37 гола. Дома ги совладаа фенерџиите ППД Загреб со 35-28, и Елверум со 41-36 ( каде успееја да примат исто така голем број голови 36). Дека не штима кај Кил покажува и последниот резулат дома 32-32 против Пик Сегед, натпревари кои генерално ги добивал посебно после натпревари какви што одигра пред тоа. Не сме без шанси утре, ама далеку од тоа дека ќе биде лесно. И покрај отсуството на Сагосен и Вајнхолд и неубедливата форма на Кил, јас лично пак мислам дека ќе биде многу тешко да дојдеме до бодови против Кил. Ќе треба да се поправат многу ствари во нашата игра, да тргне се како штп треба од самиот почеток ако сакаме победа утре. Едноставно таква екипа сме која е тотално непредвидлива, ама се зависи од тоа како ќе ни се потрефи денот. Да се надеваме на наша добра игра со малце технички грешки, ден на голманите и секако на браќава Њокаси. Некако у задње време како да паѓаат малце ама ќе видиме.
 
Малку офтопик: Калараш оди во Мелсунген кај Парондо
 
Без Винчек, Сагосен и Вајнхолд, со Ландин... ако изиграме како што игравме со Алборг, тогаш и те како може да ги добиеме...

Тоа значи голманите да имаат 15+ одбрани, Њокаси да торпедираат, и останатите да бидат на ниво:)
 
Тоа значи голманите да имаат 15+ одбрани, Њокаси да торпедираат, и останатите да бидат на ниво:)
А Ландин да нема свое вече :)

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Без Винчек, Сагосен и Вајнхолд, со Ландин... ако изиграме како што игравме со Алборг, тогаш и те како може да ги добиеме...
Ама денес ги нема српските судии да туркаат
 
Абе дај Боже да се поклопат коцките и да успееме да ги тепаме, ама да бидам искрен поголема шанса гледам да го добиеме Сегед во гости, отколку денес Кил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom