Ама ни го плесна, бо бо бо

Чисто информативно, на последниот натпревар на Вардар за оваа година, во сала имаше постари членови на Комити, отколку што имаше од ФА на првиот натпревар (во исто време се играше и имавме можност да се преброиме надвор). Пушти си снимка од натпреварот, имаш навивање на натпревар од затворен тип. Ве поздравивме и вас на крајот од утакмицатa, да не се осетиш навреден.
Комити повеќе од 5-6 години не го поддржуваат РК Вардар организирано, па можам да кажам дека и никогаш не сме го поддржувале на сите натпревари. Периодично одредени подгрупи пробувале да водат навивање во ЛШ и тоа било тоа. Едноставно се навивало кога имало потреба да се даде поголема поддршка, нешто што го прават сите групи во екс ЈУ. Во најјаките години до 2014, навивавме и во СЕХА лига, се даваше одлична поддршка цело време. По распадот на трибината, останаа да навиваат само подгрупи на кои ракометот не им е примарен спорт. На Комити уште 10 години им требаат да дојдат до положбата што ја имавме до 2014, а враќање на секој натпревар на ракомет е научна фантастика.
Никој во Македонија не навива константно за клуб од спорт кој не им е примарен, како што на нас ни е фудбалот. Тоа што ти си броиш за навивање што 10 души седите позади знаме на лигашки натпревари, не знам што да ти кажам

Споредбата Скопје со други градови убаво ја знаеш, секако дека некој ќе тепа милион км до сала, за да гледа утакмица со полуаматерски противник. Секако си следиме цело време што се случува и меѓу нас има некои кои редовно оделе/одат и на овие натпревари.
Да немал РК Вардар стални фанови, немало темава да биде активна секоја година.
Споредбата со ФА на кои салата им е во маало и кошарката им е примарен спорт.
Мене искрено жал ме фати кога ги видов на кое ниво спаднале. Имав можност да ги видам како неуспешно пробуваа да влезат на трибина на првиот меч. И од нив не останало ништо. Во Комити бар има обиди да се воскресне групата и гарантирам дека сме далеку подобро организирани. Викаш сме им ја земале салата, мислиш Комити решавале нешто. Од каде тоа дека сме имале некаков конфликт со нив? По игра на случајноста салата завши под концесија на Самс, а тие беа навредени во случајот (со право) затоа што им беше одземена матичната сала. Тоа си беше конфликт меѓу нив и Ивица Коневски, поради кој им намести апсење на цела група и ги напика во затвори, по што им ја распадна цела група.
Прославата завчера не им беше ништо посебно, 20 души запалиле бакљи во темница, се собрале 100 души пред зграда, не знам што е тоа што НИ ПОКАЖАЛЕ КАКО ТРЕБА

Инаку, се сложувам дека требаше да се организира некакво збогување со ракометарите, ама групата во моментов тешко дека може да организира нешто такво. Не дека ти требаше да ни кажеш, едноставно толку е силата.