Фан клуб - РК Вардар

Костески доаѓа во Вардар.
 
шо материјал е овој Костески?

Одличен материјал за негови години. Еден од најголемите македонски потенцијали кој се појавил у задње време. У градба и стил доста ме потсеќа на Грецки, со добра минутажа мислам дека ќе израсне во одличен ракометар.
 
Мене ова ми е безвезе трансфер. Носиш 19 години играч, кој реално тешко дека ќе игра во ЛШ нешто, а е дојден на позајмица, па и да изигра нешто да се покаже, ќе си го врати Загреб. И за него не е добро да грее клупа.
 
По порталиве пишува дека Вардар пројавил интерес за Талески и Георгиевски:eek:
 
Навикнете се на такви трансфери, играчи од рангот на Дибиров ќе бидат минато. Се враќаме во времето на Ракович, Јовчевски и сличните...
 
Јас иако немам некое високо мислење за него, не сум против Талески, мислам дека он има потенцијал уште нешто да се развие. Георгиевски е више потрошен материјал. Можда може да изигра уште нешто, година-две, ама не е за врвен клуб, па ни за Вардар од понизок ранг кој игра ЛШ.
 
Мене ова ми е безвезе трансфер. Носиш 19 години играч, кој реално тешко дека ќе игра во ЛШ нешто, а е дојден на позајмица, па и да изигра нешто да се покаже, ќе си го врати Загреб. И за него не е добро да грее клупа.

Зошто да не игра? Па Костески од идниот собир за репрезентација многу веројатно ќе игра, зошто да не може да игра во Вардар? Кога можеше Кизиќ да има дури и придонес, а не само минутажа изминатата сезона, зошто не би можел Костески идната (а Костески е засега меѓународно веројатно и поискусен и подокажан играч).
 
Једино глупо е тоа со позајмицата, ама ваљда само тоа бил единствен начин да се донесе. Веројатно ќе работат на тоа да го вратат и комплетно со договор. А што се однесува до играње и тоа како има можност да игра со Чупиќ да делат минутажа. Мислам дека има квалитет да игра јаки натпревари само треба да му се дава можност. А за Сеха и Македонска лига воопшто и да не зборам. Така да по мене е супер потег Костески. Ако гледаме на тој начин, дека еден од најдобрите мак таленти ќе грее клупа, ондак не знам зошто воопшто и бараме да се раѓаат таленти во државава. Мора да се пресече со тоа веќе еднаш. Не сум за тоа по секоја цена да се форсираат македонски ракометари само заради тоа што се Македонци, али за одредени за кои и тоа како се глеа дека имаат квалитет дека можат, а меѓу нив ги ставам и Костески и Кизиќ, и тоа како сум за.
 
Зошто да не игра? Па Костески од идниот собир за репрезентација многу веројатно ќе игра, зошто да не може да игра во Вардар? Кога можеше Кизиќ да има дури и придонес, а не само минутажа изминатата сезона, зошто не би можел Костески идната (а Костески е засега меѓународно веројатно и поискусен и подокажан играч).
Реално Кизиќ од нужност го ставаа во игра. Сеа кога ќе си отидат Гедбан и Кугис, верувам дека има шанси да дојде уште еден голман.

Ако игра Вардар ЛШ, неверувам дека Котески ќе го пуштат многу во игра. Ако се остварат најавите дека Чупиќ ќе остане, верувам дека ќе донесат уште некое крило да го менува него. Тешко ми е да поверувам дека ќе биде втор избор на позицијата. Нема да дозволат 19 години играч кој беше 4та опција во Загреб, и има само една година искуство во нашава супер-лига деќа ќе биде во игра во клучни моменти. А и да игра добро, пак е под договор со Загреб, па ќе си го вратат они ако се покаже. Види Димитриоски колку има повеќе искуство, па скоро ништо не изигра сезонава. Тешко е на тие години да играш на многу високо ниво, освен ако не си некој вонсериски талент.

Мислам, ја се надевам и сакам да блесне детето. Ама, според мене подобро ќе беше да играше во некоја послаба екипа константно СЕХА натпревари и домашнава лига.
 
Сфаќам процентен сооднос талент/напорна работа ама ракометов како спорт апла натежнува накај напорна работа и инат. Столе мислите го сака ракометов? Столе не може да ја поднесе играва, не па талент ама со заби гризе на терен.

Кај Талески е обратното, дечкото е лењ, од оние што си се во комфорната зона, што знам, таков впечаток имам добиено за него. Да се изразам на дијалект - арно е, убо е, ќе биди се ко шо треби. Со Талески едино тренер да ни е некој како Талант Дујшебаев па овој да се тресе на клупа.
 
Со Талески едино тренер да ни е некој како Талант Дујшебаев па овој да се тресе на клупа.

Вујо за него... И ќотек ќе јаде и ќе игра.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom