Фан клуб - РК Вардар

И се ова баш пред мечот со Сегед , се јавуваат двајцата кретени кои и лани најтешко ја преживеаа елиминацијата од Вардар. Планирано е ова за дополнителен притисок , колку и Вардар да има проблеми , на Маџарите душата им е лешник пред двомечот !
Неверувам дека е до тоа. Овие депортиво со години редовно пишуваат за проблемите на Вардар. Ова е може трет пат како Кањелас се жали преку нив.

Најдобро е да гледаат да се исплатат долговите, да се врати малку репутацијата, зошто по вакви статии, никој нема да ти дојде во клубот. Нека се средат финансиите, па после, полека, полека нека се гради нова екипа.
 
Последно уредено:
И се ова баш пред мечот со Сегед , се јавуваат двајцата кретени кои и лани најтешко ја преживеаа елиминацијата од Вардар. Планирано е ова за дополнителен притисок , колку и Вардар да има проблеми , на Маџарите душата им е лешник пред двомечот !
Абе дечки странциве си се ценат себеси, не знам што ве чуди. Дружба си е дружба, служба си е служба, до крај на кариера ќе си кукаат. Денар да му должиш, има право да си го бара. Тоа што се жалат пред двомеч е нивно право, да немаше простор, немаше да се жалат. Клубот е крив што дојде до таква ситуација.
 
WTF со коментариве за америве во темата за РК ВАРДАР! Се ова е оф топик ама ајде малку и од мене. Кој бил барем една недела во САД го знае нивниот мајнсет за она што е доминантно надвор од Америка. За илустрација еден виц:
На африканец, русин, германец и американец им даваат семиранска на тема: Вашето сопствено мислење за недостатокот од храна во остатокот од светот. И сите даваат празен лист. Африканецот не знае што е тоа храна, Русинот (комунизам, источна Европа) незнае што е сопствено мислење, германецот не знае што е тоа недостаток, а Американецот не знае што е тоа остаток од светот!
Така и со ракометот. Не е нивна игра, спорт, маркетинг, интерес, па воопшто не се замараат со тоа. Колку што Карабатиќи, Хансени, Фолфови, Кире наш и други би биле добри во безбол толку и нивниве извикани ликови безбол (рагби/US Football) атлети би биле добри во ракомет.
Во темава да се фокусираме на тоа што следи, Нексе во СЕХА, домашно првенство со Еурофарм, 22.03. да ја наполниме ЈС и да ги тепаме педеречињава маџарски барем со еден разлика.
 

Неофицијално дознаваме дека му била понудена и можноста тој да потпише со Вардар Јуниор, но го одбил тоа.

WTF, pa neli ovoj si zamina veke?
 
Неофицијално дознаваме дека му била понудена и можноста тој да потпише со Вардар Јуниор, но го одбил тоа.
Не е фер ова. Човекот не земa плата, дошол со едни ветувања, сега го ставиле да тренира со младинци.
Автоматски споено мислење:

Дисингер интервју - https://handballhour.libsyn.com/
 
Последно уредено:
Плата што не земаат дефинитивно не е во ред, тоа е јасно на сите.

Али ова со тренирањето во Јуниор не го гледам за проблем.

Што би се десило ако не си ја вршиш работата во фирмата кај што си вработен?

Не е ни прв ни последен во спортот(и многу поголеми ѕвезди од него) што ги пратиле да тренираат со Б-тим, резерви и слично.

А Јуниор сигурно не е многу полош во квалитет од тимот и лигата од кај што дојде Гросвалштадт, 3 лига регион Централна Германија (*3тата лига има 8 региони, +имаат неколку титули во 70-80ти)

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
До кога му е договорот на овој Микита Ваилипау со Мешков?

Може тој да се донесе, со оглед дека на десно крило остануваме само со Чупко.
 
Главна утакмица за Вардар рк и фк оваа сезона е на 12 април. Незнам дали ви е јасно на сите.
 
Се враќаме со победа од Нашице, што според моменталната ситуација и некои периоди од натпреварот е премија. Ако нешто радува, тоа е одличната партија на Тумур кој потсети на својата магија, како и подигнувањето на формата на Горбок кој за разлика од претходно бар по малце почна да заличува на оној стариот. За Толедо што да се каже? Штета што не е ни 50% од своите можности, а ни е и тоа како потребен. Сепак и кај него е видливо подобрување на формата така да и тоа е од голема помош за нас ако се знае дека Чупиќ е приморан да игра на бек. Од Борко го добивме тоа и што го очекувавме. Пар одбрани, неколку фрлања на проценка и тоа е. Кизиќ почна, реално 12-13 минути не фати ништо, и одма го запоседна голот Боркица:). Најважно е што победивме на незгоден терен,сепак Нексе не се пацери, имаат ракометно знаење.Со квалитетен пристап на реваншот не би требало да имаме проблеми да избориме уште едно учество на Ф4 што би било одлично пред се за атмосферата во екипата пред натпреварот си Пик Сегед.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom