Фан клуб - РК Вардар

Значи по ова што го постираше КостеМ можеме да регистрираме нов ракометар до 5 февруари, ама да нема настапувано во клуб кој се натпреварува во ЛШ.
 
Според ова што гуглав, според некои правила од порано, смееме да пријавиме нов играч до 28 јануари.
Сепак, како што ме држи сеќавањето од порано, а и сега го прочитав истото, играчот не смее да има настапувано за друг клуб во Европските купови во истата сезона. Единствено дилемата ми е дали ова правило се однесува на играчи од исто натпреварување или сите Европски купови. Ако е за сите (а, веројатно такво е правилото), тогаш не би ни нашле некое соодветно засилување од екипа која не играла ниту во ЛШ, ниту Купот на ЕХФ, ниту во Челинџ купот. Единствено лекот би го барале во некоја од Катарските екипи (пример диносаурусот Шариќ да ни го пуштат на позајмица :D).
Ако ме држи добро сеќавањево, мислам дека некоја од екипите имаше такви позајмици во минатото, за пролетна полусезона. Се ми се чини и Металург дека се засили една година со некој Балканец кој есента играше за некоја екипа која не играла во некој Европски куп. Исто така, не знам дали квалификациите од куповите се сметаат за настапи во Европски куп (за ЛШ, пишуваше дека се брои само групна фаза).
Ако пријавиме играч по 28 јануари, тогаш истиот не само што не смее да играл за некоја друга екипа која се натпреварувала во европските купови претходно, туку не смее да има било каков официјален меч за старата екипа меѓу 28 јануари и датумот на трансфер.
за играчи,има играчи,само пари се нема...
 
Значи по ова што го постираше КостеМ можеме да регистрираме нов ракометар до 5 февруари, ама да нема настапувано во клуб кој се натпреварува во ЛШ.
Може ако го купиш во јануари, а го регистираш во февруари. Технички мора да го изигра првиот дел од сезоната со една екипа, па може од февруари да продолжи со другата.
 
Може ако го купиш во јануари, а го регистираш во февруари. Технички мора да го изигра првиот дел од сезоната со една екипа, па може од февруари да продолжи со другата.

Па ондак не е невозможмо да се земе нешо. Ќе видиме.
 
Леее групава:)) Само ние го јадевме ко магариња од "швабиве".
 
Леее групава:)) Само ние го јадевме ко магариња од "швабиве".
Штета што Мотор не го победи Монпеље. Сепак, ако ни рипне формата, зошто да не го тепаме Кил во гости. Они ќе бидат уморни од бундес, плус по првенство, ние немаме толку репрезентативци. Се е можно, ќе видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom