Фан клуб - РК Вардар

Многу нервоза од играчи кои веќе имаат стекнато искуство на вакви натпревари. Од друга страна Барса и тоа како спремна за мечов, една акција не не оставија да изиграме, речиси секој гол беше на сила. Ќе мора многу, многу подобро и во одбрана и во напад.
 
Натпреваров доста сличен како минатата недела Барса-Киелце. Доминација на Барса од почетокот на натпреварот која се темели пред се на одличната одбрана која буквално не ни дозволува да покажеме тоа што знаеме. Плус стандарно очајниот офанзивен настап на десен бек во секоја смисла ( а и останататите не се баш најсјајни денес освен Дибиров) си го прави своето. Еден агилен Македа прошлата година отвараше многу повеќе простор за останатите ракометари на Вардар, за разлика од Кристо, за кој што да се каже. Жалосно е толкава говедина да не го силува противничкиот гол. Тешко, ќе биде доста тешко да се вратиме во овој натпревар. Мора да се косристи секоја грешка на Барса, а ние да смалиме техничките грешки на минимум. Доколку е можно уште на старт на второ да смалиме на некои -2, -1, па зошто да не и израмниме, па да се фајтаме со каталонциве до крај. Ако дозволиме нова нивна серија на почеток на второ, толку за денес.
 
Може најлош натпревар на Вардар последниве 3 години. Нѐ згазија.

Само Дибиров преодна оценка и Џупиќ (чисто за борбеноста). Дисингер исто не беше лош во напад еден период, не ми е јасно зошто го извади. Кристопанс се разигра кога веќе не беше битно. Кога имаше притисок, потфрли. Борозан, Игор и Скубе изгубија многу топки, што им испаднаа од раце, што згрешија во додавање. Борозан како и секогаш форсира избрзани шутеви во крајно нелогични моменти. Игравме во грч, како да беа под многу притисок. Одбраната на почетокот не беше толку лоша, али нападот... катастрофа. Имавме период од шест и нешто минути без даден гол. Се беше многу на сила, ама немавме сила да реализираме. Мем нѐ растури од 9 метри. Ме загрижува и квалитетот на нашиве голмани. Овој Калифа, освен со Брест минатата недела, на другите натпревари скоро ништо посебно не покажа. Мислам дека може да се констатира дека и Милосављев има пад во формата. Иако тој со Нексе во вторникот си ја повреди раката и излезе во 25та минута. Денес бранеше со завиткана рака. Ама ни во вторникот не беше нешто сјаен, а Калифа лошо бранеше. Да не фати некои 3 топки последните 2-3 мин, ќе имаше 2-3 одбрани.

Мораеш утна два зицери, делува изгубен последниве неколку натпревари. Разбирам дека е повреден и дека не игра многу, а и не тренира толку. Сепак, реализацијата му е слаб дел од играта, треба да поработи на тоа. Стоилов подеднакво вон форма, невидлив. Шишкарев утна две чисти ситуации. Киселев даде 1-2 гола, може треба да му се даде повеќе шанса него, иако не покажува дека ја заслужува.

Мислам дека ова може беше само лош ден. Иако мене ми се виде по првите неколку минути дека ја губиме оваа. Немаше игра, немаше координација. Што побрзо го заборавиме овај натпревар, подобро. Делуваше како и психолошки да не сме во натпреварот. Ништо не ни функционираше.

Да се надеваме дека може да изненадиме во Барса следната недела. Јас мислам дека можеме.

ПС: Убаво беше што публиката ги бодреше цел натпревар и откако заврши натпреварот ги награди со аплаузи. Така се сака клуб.
 
Не би рекол дека е толку до нас колку што Барса изигра добра одбрана,и претходна недела исто,две постави цели има Пасквал за одбрана 60 минути не утепаа.
Посебно Фабрегас и Сораиндо во одбрана машини,Де Варгас се утепа од бранење,плус Мем и Нгесан од 9 метри се распукаа и тоа беше епилогот.
Ни една акција не пројде,јасно ми беше мене уште на почеток кога видов дека Скубе не може да избега од киклопите на 3 и 4,страшно затвараа,а и се гледа дека се спремале за Вардар.
Тешко да ги добиеме на гости,треба ептен добра партија да изиграме,и голманите да прават чуда,па да се надеваме на нешто.
Лошо е што Барса ако тепа ќе иде на +4 од нас,а и Киелце и РНЛ најверојатно ќе тепаат,така би паднале на 4то место.
Мислам и дка не е толку битно кое место ќе завршиме само да сме во топ 3 во наша група.
Макар и 3ти да завршиме ќе играме со 6ти од другата група(Загреб или Целје)најверојатно лесен пролаз и после со 2ри од таа група(Фленсбург,Сегент).
Така да не е ништо страшно поразов тек на пролет ќе се решава се,само да не бидеме 4то место така би иделе на ПСЖ во четвртфинале.
До тогаш мора некои играчи да ја подигаат формата посебно пикерите,и Вуко.
 
Барса не делувала волку сериозно од сезоните кога ги имаа Рутенка, Карабатиќ, Лазаров, Нодезбо и др. во состав. Не зборувам само за овој меч денеска, впечатокот го градам врз сите утакмици кои ги изиграа сезонава. Да додадам неколку работи за денеска:

- Дефанзивата им беше страшна, Дали 3-4 акции успеавме да одиграме во текот на целата утакмица, спремни беа за се што планиравме да изиграме.
- Мем имаше слобода да игра затоа што Фабрегас ги утепа Криштопанс и Калараш! Доминираше и успеваше во речиси сите ситуации да ги повлече многу плитко на 5 - 5 и пол метри, со што се оставаше многу простор за Мем да земе залет и од 6 метри да шутира. За мене, убедливо најголемото засилување за Барса сезонава, толку комплетен играч а толку млад.
- Премногу нервоза во редовите на Вардар, се виде уште во првите неколку минути дека ќе се мачиме.
- На пивот сме катастрофа веќе неколку натпревари по ред. Столе паузираше доста долго и тоа е повеќе од видливо на терен, денеска не успеа ниту еден дуел да добие. Ниту Фереира не беше нешто подобар.

И за крај, Барселона имаше свој ден, буквално се што шутнаа влезе во гол!
3-4 одбрани на голман, директно кај нив во раце отидоа, уште 1-2 топки кои што се одбија од блокот сменија правец и влегоа во гол. Но тоа е спортот, некогаш победуваш некогаш губиш. Се надевам дека ќе прикажеме каде-каде подобра игра во сабота во Каталонија.
 
Од Барса 3 екипи да составиш сите 3 на Ф4 би играле. Страшни беа денеска

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 
Многу слаба игра во одбрана, во напад многу грешки и промашувања.

Ќе се помириме со овој пораз, главите горе и одиме напред. Мислам дека имаме шанси и за 1 или 2 место во групата.

Иначе сега може да не санкционираат за "мртов албанец добар албанец" и "ехаеф мафија".

А Балистите за некни тоа не мора нели, они се добри дечки.
 
Ма малку е ова мртов шитар добар албанец, им е. ам племето
 
Го изгубивме Мораеш оваа година. Ќе го оперира коленото утре.
 
Барса е од старт на сезона најконстантен тим во секој сегмент играат перфектно и градат одличен тим во дискусија со пријател му кажав уште на старт на сезона дека Барса за мене е најкомпактна екипа направена за оваа сезона( Ко ке ми текнит дека он ми рече Веспрем :pos:)
Од она шо глеав (а глеав на рати) очекував малце поголем отпор од Вардар али грешките на почетокот ги коштаа се испостави многу сепак барем за мене не е неоекуван резултатот иако можеа и подобро Барса доминираше уствари подобро речено каазнуваше перфектно
 
Ова денес беше катастрофа и на терен и на трибина,тотално се разочарав од се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom