Може најлош натпревар на Вардар последниве 3 години. Нѐ згазија.
Само Дибиров преодна оценка и Џупиќ (чисто за борбеноста). Дисингер исто не беше лош во напад еден период, не ми е јасно зошто го извади. Кристопанс се разигра кога веќе не беше битно. Кога имаше притисок, потфрли. Борозан, Игор и Скубе изгубија многу топки, што им испаднаа од раце, што згрешија во додавање. Борозан како и секогаш форсира избрзани шутеви во крајно нелогични моменти. Игравме во грч, како да беа под многу притисок. Одбраната на почетокот не беше толку лоша, али нападот... катастрофа. Имавме период од шест и нешто минути без даден гол. Се беше многу на сила, ама немавме сила да реализираме. Мем нѐ растури од 9 метри. Ме загрижува и квалитетот на нашиве голмани. Овој Калифа, освен со Брест минатата недела, на другите натпревари скоро ништо посебно не покажа. Мислам дека може да се констатира дека и Милосављев има пад во формата. Иако тој со Нексе во вторникот си ја повреди раката и излезе во 25та минута. Денес бранеше со завиткана рака. Ама ни во вторникот не беше нешто сјаен, а Калифа лошо бранеше. Да не фати некои 3 топки последните 2-3 мин, ќе имаше 2-3 одбрани.
Мораеш утна два зицери, делува изгубен последниве неколку натпревари. Разбирам дека е повреден и дека не игра многу, а и не тренира толку. Сепак, реализацијата му е слаб дел од играта, треба да поработи на тоа. Стоилов подеднакво вон форма, невидлив. Шишкарев утна две чисти ситуации. Киселев даде 1-2 гола, може треба да му се даде повеќе шанса него, иако не покажува дека ја заслужува.
Мислам дека ова може беше само лош ден. Иако мене ми се виде по првите неколку минути дека ја губиме оваа. Немаше игра, немаше координација. Што побрзо го заборавиме овај натпревар, подобро. Делуваше како и психолошки да не сме во натпреварот. Ништо не ни функционираше.
Да се надеваме дека може да изненадиме во Барса следната недела. Јас мислам дека можеме.
ПС: Убаво беше што публиката ги бодреше цел натпревар и откако заврши натпреварот ги награди со аплаузи. Така се сака клуб.