Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Меѓу првите имиња кои проструија во ракометната јавност беше некогашниот египетски младински репрезентативец Мохамед Фекри, но ракометарот на Ал Ахли не сакаше да коментира на оваа тема за 24Ракомет, а шансите за негово пристигнување во Скопје се многу мали.
Веднаш по заминувањето на „Џамбо“ повторно се актуелизираше трансферот на шпанскиот голман Хозе Мануел Сиера. Тој пред неколку месеци потпиша за француски второлигаш, но Вардар на крајот на август беше подготвен да плати и обештетување и да му донесе на клубот нов голман. Работите се закомпликуваа кај фамилијарните обврски на шпанскиот голман, па можноста за негова преселба во Скопје е минимална. Кон крајот на август управата на Вардар контактираше и со искусниот египетски репрезентативец Карим Хендавеј. Сепак турскиот шампион Бешикташ побара (пре)големо обештетување за да ги отстапи неговите услуги на скопскиот тим и приказната заврши тука.
Во опциите за Вардар меѓу позвучните голмански имиња уште беше и белорускиот репрезентативец Салдаценка. Тој требаше да дојде од составот на Констанца, расположение за трансфер меѓу управите на двете екипи постоеше, сепак конечен договор се уште не постои за Белорусинот да се пресели во Македонија.
Затоа деновиве актуелен е младинскиот репрезентативец на Алжир, Калифа Гедбан. Преговорите со неговиот менаџер се одвиваат во Македонија, а ниту неговата ситуација не е едноставна. Кај алжирскиот голман кој требаше оваа сезона да брани за Пуенто Генил има проблеми со документацијата. Административните работи не се нималку наивни, тоа може да биде пречка за официјализирање на соработката со Вардар.
Новиот голман на Вардар се очекува да пристигне во наредните два дена. Непознат ракометар само би ја пополнил празнината која во моментот се чувствува на голот на Вардар, но секако не би донел екстра квалитет меѓу стативите каде во моментот е уште еден релативно неискусен голман, Србинот Дејан Милосављев. Пред управата на клубот претстои интензивен период, а конечната одлука ќе влијае и на иднината на клубот.
Последна опција е враќање на искусниот вардаров голман Страхиња Милиќ. Ниту кај Милиќ нема сериозен напредок во потрага за нов ангажман, па не би било чудно, управата на клубот повторно да го врати во Скопје, доколку се исцрпени сите ресурси.
Извор: 24Ракомет
Збориме за замена на повреден. Многу поголеми клубови правеле такви потези.Ако дечково сакал договор на 12 месеци ондак кој го ебе. Не сме ние маалско клупче за разигравање дур да дојде понуда од странство. Уствари секако кој го ебе, чим еднаш не одбил може да брка глувци сега во руината од сала што ја имаат во битола. Ме боли кур за репрезентација, зошто би му дал предност на него пред најдобриот стрелец на европско првенство за младинци? Ми се допаѓа како играч, ама не сме ние ничија задња рупа свирала, опција ако нема каде. Сепак имаме реноме, топ 5 клуб во задњите три години.
Со тоа што нас ни треба трајна замена на повредениот кој најверојатно никогаш повторно нема да заигра врвен ракомет. Ако изборот бил оцвирк на подолг договор или талентот на едногодишен, ондак изборот е лесен. Мада си кажав, чим еднаш не одбил чао пријателе, нема што ти да бараш кај нас, па макар и прифатил подолг договор.Збориме за замена на повреден. Многу поголеми клубови правеле такви потези.
Sent from my SM-A520F using Tapatalk
Другар Да не мислиш дека се работи за играч од калибарот на хансен па да не можат да си дозволат да го потпишат на 3год.На 3 години го договориле, чудно како демек клубот е во криза и наводно се нема пари, а се реализираат трансфери од по 3 години..
Абе, и Скубе потпиша на 3 години. Ама, сепак, треба да се земе во предвид дека ова е ракомет и овие работи не значат многу. Види го Кањелас, имаше договор на уште една година, не му се допаѓаше тоа што редовно не земаше плата. Го пуштивме да си оди во Сегед без оштета. Онаа Песоа, исто побара да си оди од ЖРК, одма ја пуштивме. Скубе во Сегед остана без место во составот со оглед дека му дојдоа Бомбач и Кањелас, клубот го пушти во Вардар без обештетување. Така што, не знам колку е индикативно се тоа. Мислам дека тоа не значи ништо.На 3 години го договориле, чудно како демек клубот е во криза и наводно се нема пари, а се реализираат трансфери од по 3 години..