Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Чуден потег, доколку вистинит. Зошто би носеле млад, неискусен голман од алжирска лига, кој го избркале од проба од клуб далеку послаб од Вардар?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Не знам колку е вистина ова ако ги земеме изјавите на Парондо дека треба повозрасен и поискусен голман во тимот, ќе видиме. Искрено не би бил изненаден ако е вистина, голман во септември не се пазари.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Некои други имиња со кои се шпекулира, меѓу кои и враќање на Милиќ :(

Меѓу првите имиња кои проструија во ракометната јавност беше некогашниот египетски младински репрезентативец Мохамед Фекри, но ракометарот на Ал Ахли не сакаше да коментира на оваа тема за 24Ракомет, а шансите за негово пристигнување во Скопје се многу мали.

Веднаш по заминувањето на „Џамбо“ повторно се актуелизираше трансферот на шпанскиот голман Хозе Мануел Сиера. Тој пред неколку месеци потпиша за француски второлигаш, но Вардар на крајот на август беше подготвен да плати и обештетување и да му донесе на клубот нов голман. Работите се закомпликуваа кај фамилијарните обврски на шпанскиот голман, па можноста за негова преселба во Скопје е минимална. Кон крајот на август управата на Вардар контактираше и со искусниот египетски репрезентативец Карим Хендавеј. Сепак турскиот шампион Бешикташ побара (пре)големо обештетување за да ги отстапи неговите услуги на скопскиот тим и приказната заврши тука.

Во опциите за Вардар меѓу позвучните голмански имиња уште беше и белорускиот репрезентативец Салдаценка. Тој требаше да дојде од составот на Констанца, расположение за трансфер меѓу управите на двете екипи постоеше, сепак конечен договор се уште не постои за Белорусинот да се пресели во Македонија.

Затоа деновиве актуелен е младинскиот репрезентативец на Алжир, Калифа Гедбан. Преговорите со неговиот менаџер се одвиваат во Македонија, а ниту неговата ситуација не е едноставна. Кај алжирскиот голман кој требаше оваа сезона да брани за Пуенто Генил има проблеми со документацијата. Административните работи не се нималку наивни, тоа може да биде пречка за официјализирање на соработката со Вардар.

Новиот голман на Вардар се очекува да пристигне во наредните два дена. Непознат ракометар само би ја пополнил празнината која во моментот се чувствува на голот на Вардар, но секако не би донел екстра квалитет меѓу стативите каде во моментот е уште еден релативно неискусен голман, Србинот Дејан Милосављев. Пред управата на клубот претстои интензивен период, а конечната одлука ќе влијае и на иднината на клубот.

Последна опција е враќање на искусниот вардаров голман Страхиња Милиќ. Ниту кај Милиќ нема сериозен напредок во потрага за нов ангажман, па не би било чудно, управата на клубот повторно да го врати во Скопје, доколку се исцрпени сите ресурси.

Извор: 24Ракомет
Ја од овие опции, за една сезона, би го прифатил Сиера, како резевра на Милосављев.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.273
Поени од реакции
10.400
Филип Кузмановски доби спогодбен раскин на договорот со Металург и од денеска е слободен играч.
Според договорот, Кузмановски за „слободата“ се откажува од парите што му ги должи Металург, а клубот ќе ја добие и пропишаната отштета од неговиот нов клуб од околу 2.500 евра од странски или 750 евра од македонски клуб.
Еурофарм Работник и ППД Загреб се први фаворити за негов потпис.

Мислам се пропушти шанса да се донесе квалитетен играч за 750 евра. И можеби и не ја пропуштиле, веројатно тој самиот не сака да дојде.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Немало никаков интерес од страна Вардар, Парондо на пресот после мечот со Железничар го кажа тоа. Зошто не знам и јас исто така мислам дека е погрешен потег од страна на Вардар, а уште поголема ќе биде грешката од страна на Кузмановски ако навистина заврши во Работник.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.977
Поени од реакции
15.309
Ако дечково сакал договор на 12 месеци ондак кој го ебе. Не сме ние маалско клупче за разигравање дур да дојде понуда од странство. Уствари секако кој го ебе, чим еднаш не одбил може да брка глувци сега во руината од сала што ја имаат во битола. Ме боли кур за репрезентација, зошто би му дал предност на него пред најдобриот стрелец на европско првенство за младинци? Ми се допаѓа како играч, ама не сме ние ничија задња рупа свирала, опција ако нема каде. Сепак имаме реноме, топ 5 клуб во задњите три години.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.273
Поени од реакции
10.400
Ако дечково сакал договор на 12 месеци ондак кој го ебе. Не сме ние маалско клупче за разигравање дур да дојде понуда од странство. Уствари секако кој го ебе, чим еднаш не одбил може да брка глувци сега во руината од сала што ја имаат во битола. Ме боли кур за репрезентација, зошто би му дал предност на него пред најдобриот стрелец на европско првенство за младинци? Ми се допаѓа како играч, ама не сме ние ничија задња рупа свирала, опција ако нема каде. Сепак имаме реноме, топ 5 клуб во задњите три години.
Збориме за замена на повреден. Многу поголеми клубови правеле такви потези.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.977
Поени од реакции
15.309
Збориме за замена на повреден. Многу поголеми клубови правеле такви потези.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
Со тоа што нас ни треба трајна замена на повредениот кој најверојатно никогаш повторно нема да заигра врвен ракомет. Ако изборот бил оцвирк на подолг договор или талентот на едногодишен, ондак изборот е лесен. Мада си кажав, чим еднаш не одбил чао пријателе, нема што ти да бараш кај нас, па макар и прифатил подолг договор.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
За една сезона можеше да ни заврши работа. Иднината на клубот е неизвесна, според мене добродојден е секој трансфер кој би му помогнал на клубот да си го заджи нивото и репутацијата во Европа. Па следната сезона ќе се догради екипата таму кај што треба.
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
На 3 години го договориле, чудно како демек клубот е во криза и наводно се нема пари, а се реализираат трансфери од по 3 години..
Другар Да не мислиш дека се работи за играч од калибарот на хансен па да не можат да си дозволат да го потпишат на 3год.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
На 3 години го договориле, чудно како демек клубот е во криза и наводно се нема пари, а се реализираат трансфери од по 3 години..
Абе, и Скубе потпиша на 3 години. Ама, сепак, треба да се земе во предвид дека ова е ракомет и овие работи не значат многу. Види го Кањелас, имаше договор на уште една година, не му се допаѓаше тоа што редовно не земаше плата. Го пуштивме да си оди во Сегед без оштета. Онаа Песоа, исто побара да си оди од ЖРК, одма ја пуштивме. Скубе во Сегед остана без место во составот со оглед дека му дојдоа Бомбач и Кањелас, клубот го пушти во Вардар без обештетување. Така што, не знам колку е индикативно се тоа. Мислам дека тоа не значи ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom