Фан клуб - РК Вардар

Оцвирк добро играше на јуниорското првенство,ама прашање е колку со 180цм може да игра лев бек во ЛШ,повеќе на среден бек ќе користи за ротација.:toe:
Ајде уште еден голман и се затвора ростерот.
 
Оцвирк добро играше на јуниорското првенство,ама прашање е колку со 180цм може да игра лев бек во ЛШ,повеќе на среден бек ќе користи за ротација.:toe:
Па низок бил за позицијата. А, колку шанси би можел добие на среден бек со оглед на конкуренцијата. Поготово во ЛШ. Плус, го гледам на слики слаб, млад. Тешко дека во одбрана би го пуштале.
 
Последно уредено:
Koa ne kupuvaa igraci togas bea losi i ne mislele na klubot, a sea koa nosat mladi koi moze da se razvijat u idnina i da iame igraci ko Cindra ili Dusebaev pak ne cinat.

Mislam i mene mi e zelba Kuzmanovski da go donesat kako znaat i umeat, sekogas sum zborel deka toj e edini od Metalurg so onoj sredniot bek so im otide valjda u Zagreb deka bi gi pribral u Vardar instantno.

U statijava vikaat deka ke ima golman i plus piker pa toa bi bilo odlicno.[DOUBLEPOST=1536170162][/DOUBLEPOST]
Мене ми е чудно од кај пари за сите овие трансфери.

На спорт1.мк пишуваше дека ФК Вардар должи некои 2 мил евра. Ова цифра се врти по повеќе весници со месеци. Но пишуваше дека долгот на сите клубови на Самсоненко е некаде 6 милиони. Шпекулација. Ако е ставрно толкав, тоа значи дека и ракометниве клубови должат неколку милиони. Зошто пример Кузмановски би одел од еден клуб кај што му должат пари, во друг клуб каде што најверојатно ќе му должат пари?

Vidi moze ima vistina u ova za novo rakovodstvo pa se nafakjaat igraci da dojdat, Skube isto taka znaese za situacijata vo klubot pa ete se nafati da dojde a toj mi e seriozno ime.
Dibirov ostana, Cupic isto, Karacic pa i Borozan.

Site se nadevame deka proektov ke prodolzi, pa sea....
 
Интересен трансфер нема што. Талентиран играч е Оцвирк, ама и јас се согласувам дека не е до толку за да се крева многу врева. Нема висина, на долг рок мора да биде среден бек, но во моментов не е спремен како среден бек да игра на ниво на какво што му се потребни играчи во ротацијата на Вардар (Дека Кузмановски многу повеќе би можел сезонава да му помогне на Вардар тоа сигурно, ама прашање е колку реално имало вистина во оваа шпекулација). Ќе видиме можеби и позитивно ќе изненади уште од старт. Факт е дека Оцвирк е миленик на Вујо, па ништо чудно и да си најде свое место во Вардар :)

Ќе видиме, колку е добар или лош трансферот зависи од должината на договорот. Ако е на 3-4 години и нагоре, може да се покаже како доста добар трансфер. Во секој случај, повеќе е трансфер за иднината отколку што е за да се покрие дупката отворена со повредата на Горбок. А како трансфер за иднината немам никаква замерка, без разлика што и јас сум за тоа дека треба повеќе шанси на наши деца да им се даваат. Ама за такво нешто треба прво да произведе играчи Вардар. Носењето на развиени играчи од други клубови, макар и Македонци, не е така едноставно - потребна е своја квалитетна школа. А Вардар досега од 3-4 генерации кои се изредија (94та, 96та, 98ма и 2000та) откако се крена нивото во клубот, не извадил ниту еден посериозен играч. На тие услови кои ги има Вардар, срамота е Поповски, Мишевски и Кизиќ да ти бидат најдобрите и најперспективни производи (макар што мислам дека кај Кизиќ има посериозен талент, ама треба да му се даде шанса и да се развива).

Искрено по малку и ме чуди што навивачите воопшто не реагирале за тоа што Вардар на таква доминација е чист просек во рамки на МК во однос на производство на играчи. Во вакви ситуации со повреди и слично, токму школата треба да биде таа што ќе ги пополнува привремените дупки, а не очајно под дрво и под камен да се бараат играчи за затворање на ротацијата.

П.С. Го спомнувам Поповски, но мене ми е тотална мистерија што прави овој во Вардар. Да се биде 3то десно крило е рецепт како да си ја уништиш кариерата. Или треба да лета некој од 2цата пред него или Поповски да си најди некое клубче каде ќе игра било во странство или дома.

П.П.С. Како и да е лев бек, пикер, дефанзивец - се е тоа споредна работа за мене. Има доволно играчи Вардар и вака да се снаоѓа на тие позиции. Ама без реален 2 голман нема што да бараат. Без разлика што Милосављев е фантастичен засега, невозможно е сам да ја истурка цела сезона 60 минути по натпревар. Втор голман мора да е приоритет.
 
Поповски реално не е ни толку млад, 24. Мислам, млад е, ама на таа позиција може да играш во јак клуб на тие години. А, ако си голем талент, тоа ќе биде повеќе од јасно. Он не е дете на Вардар, од Штип го донесоа. Иако, вака, Поповски добро делува и за репрезентација го зимаат. Агилен е, брз. Скоро сите голови му се од контри. Но, тоа во добиени натпревари во СЕХА. Вистински квалитет не можеш да му процениш.

Јас прокоментирав дека Оцвирк може не е за таа позиција која нас ни треба. Ако е талент човекот, секако дека е добродојден во екипата. Јас мислев дека во момент имаме дупка на таа позиција лев бек. Состојбата со Борозан е климава малку зошто влече повреда, очекуваат да се оперира во јануари, а немаш соодветна замена. Од тој аспект коментирав дека млад бек со 180цм, не е адекватна замена. Иако, ако е добар, супер трансфер.

Инаку пикер неверувам дека ќе носат. Може некој ваков ептен млад.
 
А Вардар досега од 3-4 генерации кои се изредија (94та, 96та, 98ма и 2000та) откако се крена нивото во клубот, не извадил ниту еден посериозен играч. На тие услови кои ги има Вардар, срамота е Поповски, Мишевски и Кизиќ да ти бидат најдобрите и најперспективни производи (макар што мислам дека кај Кизиќ има посериозен талент, ама треба да му се даде шанса и да се развива).

Искрено по малку и ме чуди што навивачите воопшто не реагирале за тоа што Вардар на таква доминација е чист просек во рамки на МК во однос на производство на играчи. Во вакви ситуации со повреди и слично, токму школата треба да биде таа што ќе ги пополнува привремените дупки, а не очајно под дрво и под камен да се бараат играчи за затворање на ротацијата.
Најголемата рак рана на "овој" Вардар за жал.
 
Не знам колку се луѓе тука запознаени, но, во 2012 (може имало и пред) се отвори спортска академија на средното фискултурно училиште во Скопје. Имаше процес каде се одеше низ Македонија и се селектираа деца кои ќе учат средно спортско училиште. При што нивното образование се состоеше од неколку предмети и тренинзи, одење во странство на турнири и слично. Тогаш имаше ракометна паралелка, не знам дали другите почнаа од првата година (фудбал, тенис и др.). Знам зошто имав комшиче која учеше во ракометната паралелка. Сеа, што е интересно е што таа ми кажа дека децата во овие паралелки добиваа стипендии и учеа настава 3 или 4 дена во неделата (да имаат повеќе време за тренинг), но дека во договорите им стоело дека по завршување на средното образование морале да потпишат за Вардар, а во никој случај не смеат да потпишат за Металург. Што најверојатно не е ни легално, со оглед дека со државни пари се школуваат децата, и што покажува дека и пред да дојде официјално Самсоненко, веројатно се спремал овој проект од страна на власта.

И покрај најдобро опремени школи, и овие деца од ракометната паралелка, пак не извадија играчи и најдобар македонски играч во екипата им беше девојка од Металург. Што покажува дека стварно имаат проблем со тие младински школи.
 
Најголемата рак рана на "овој" Вардар за жал.
Тоа е така бидејки 80% од децата се мамини и татини деца, А не дека нема доволно таленти. Згора на тоа Вардар(еве за пример ланска сезона ке ја земам)не им даде шанса на никој од младите од втора екипа(беа регистрирани неколкумина за сеха), можеа децата да соберат некое искуство, Туку на 20 разлика игра со прва постава против екипи како Војводина, Панчево итн... па нема валјда туку така да излезе некој готов играч од школата и да биде спремен за лш. каков и да има талент во вардар, тие само ќе го упропастат.
 
Делумно се согласувам со ова, паричката секогаш има две страни. Од една страна - да, дури и во ситуации кога можело да им се дава поголема шанса на некои домашни млади играчи не им се давала, како на пример циркузот со Ончев минатата сезона, кога го прекомандуваа во првиот тим заедно со Поповски и Ѓорѓески. Изигра еден меч па го пратија на позајмица во Пелистер за да игра суперлига, за на крај да потпише за француски второлигаш. Ако беше за играње суперлига истото можеше да го прави и со Вардар Јуниор. Јас сум 100% убеден дека има каде-каде повисок плафон како играч од Бутинот кој веќе со години е во клубот, а улогата му е непостоечка.

НО, како човек кој го прател и го прати и Вардар Јуниор како тим од кој првиот тим би требало да црпи играчи, ако гледаме објективно и реално ќе видиме и дека не баш имало материјал таму за во првиот тим. Па најдобриот играч на Јуниор две-три сезони беше Вујачиќ кој дојде од Црна Гора и драстично отскокнуваше од останатите! Еве и претходнава сезона, со исклучок на Мишевски, и крилото Чакалиќ (кој најверојатно и требаше да добие шанса со првиот тим оваа година) јас не видов ниту еден друг играч. Особено е тешко, од тренер на тим кој има(ше) амбиции да ја освои ЛШ и СЕХА да се очекува да ризикува, да пробува, да комбинира, да создава играчи. Склопувањето на екипа за највисоки дострели, високиот буџет и високите амбиции не препознаваат сентименталности за жал и тоа е случај секаде во светот, во сите спортови. Еве, колкав е бројот на домашни играчи кои играат во топ 10-те фудбалски клубови во светот?

За крај, вината според мене треба да се бара во луѓето кои работат со тие млади категории во клубот. Очигледно е потребен многу посериозен пристап, повеќе работа и ставање на правите луѓе на правите места за да излезат навистина квалитетни играчи со висок репрезентативен и клупски потенцијал.
 
Последно уредено:
Не се вадат туку така играчи од академија, немаме ние рецепт за успех, ниту одлучност, решителност, посветеност како нација на спортски план, нешто како спортска култура, и такви дечиња ретко се наоѓаат, обично имаш деца кои одскокнуваат од другите со квалитет или физичка предиспозиција, но пребрзо влегуват во лош филм како ѕвезди и брзо им се дешават стагнација или одење во удолна линија во кариерата, поради немање на гореспоменатите фактори.
Вардар има услови како ретко кој клуб, и покрај македонски играчи требаше/треба да брка млади играчи од целиот балкан, па во втората екипа да се челичат(Вардар Јуниор) па кои има квалитет да добие шанса и во првиот тим(просечните со договор, евентуално за трансфер во иднина да има Вардар предност, ако случјно играчот доцна се развие)
Али тоа само со стручен кадар и тоа странци, начин на живот, исхрана, тренинг, посветеност, жртвување за добра кариера и напредок па тек тогаш и успех, вака таленти, таленти вака онакаа и после стагнација, и одење во надолна линија во кариерата.. никако да го постигнат максимумот кои се очекувал од нив, а на нив и просекот им бил доволен.
Треба многу многу работа.
 
Собирање на младите потенцијали од Балканот е најдобриот рецепт за Вардар, моментално, доколку планот е работење со скратен буџет. Додуша тоа требаше и претходно уште да се примени, кога се пропуштија играчите ко Слишковиќ, Благотиншек, Пешиќ... Затоа Оцврик е одличен потег.

Баталете ги веќе муабетиве со македонските „таленти“ кои речиси и да не постојат. Доколку има квалитетно дете кое отскокнува, ќе си излезе на површина. Форсирање на младинци во претходните сезони кога се целеше на титула во ЛШ може да е помисла само на лаик или на „за доброто на македонскиот ракомет“ патриот, да ме извините.

Сега, со вака намалени амбиции е во ред тоа да се бара. Но за да се направи тоа треба да се има подлога од такви играчи. Моментално, нема квалитет кој би можел да конкурира за прв тим.

Најголемиот бран на деца кои се интересираат за ракомет е во прошливе 2-3 години, интензивиран со школата на Кире, така да од таму уз Вардар и Металург ќе излезат некои деца родени во новиов век, способни за играње високо ниво.

А на Фитиљо не знам што му е филмот што не сакал во Вардар кога го побарале претходната сезона. Сега не врувам дека и имало интерес од Вардар пошто не гледам што би донело за клубот негово носење само на една сезона кога веќе има потпишан договор со Магдебург за 2019. Не верувам дека швабите би го раскинале спогодбено.
 
Не би рекол дека муабетот е да се форсираат наши во првиот состав по секоја цена. Муабетот е дека нема произведени квалитетни играчи од школите, од Вардар Јуниор. Некои од нив досега требаше да имаат достигнато квалитет со кој барем ќе можеше да се пополнуваат дупки со повреди какви што има Вардар сега.
 
Собирање на младите потенцијали од Балканот е најдобриот рецепт за Вардар, моментално, доколку планот е работење со скратен буџет. Додуша тоа требаше и претходно уште да се примени, кога се пропуштија играчите ко Слишковиќ, Благотиншек, Пешиќ... Затоа Оцврик е одличен потег.

Баталете ги веќе муабетиве со македонските „таленти“ кои речиси и да не постојат. Доколку има квалитетно дете кое отскокнува, ќе си излезе на површина. Форсирање на младинци во претходните сезони кога се целеше на титула во ЛШ може да е помисла само на лаик или на „за доброто на македонскиот ракомет“ патриот, да ме извините.

Сега, со вака намалени амбиции е во ред тоа да се бара. Но за да се направи тоа треба да се има подлога од такви играчи. Моментално, нема квалитет кој би можел да конкурира за прв тим.

Најголемиот бран на деца кои се интересираат за ракомет е во прошливе 2-3 години, интензивиран со школата на Кире, така да од таму уз Вардар и Металург ќе излезат некои деца родени во новиов век, способни за играње високо ниво.

А на Фитиљо не знам што му е филмот што не сакал во Вардар кога го побарале претходната сезона. Сега не врувам дека и имало интерес од Вардар пошто не гледам што би донело за клубот негово носење само на една сезона кога веќе има потпишан договор со Магдебург за 2019. Не верувам дека швабите би го раскинале спогодбено.

Пошо имаше понуди од Немачка, ако не се лажам од наредна сезона и веќе има потпишано договор со Магдебург. Нормално дека за него како играч е подобро да излезе надвор од МК кај што ќе има многу поконкурентна лига.
 
21 годишен голман од Алжир? Интересен/чуден потег.
По заминувањето на Страхиња Милиќ, голманската позиција во Вардаростана само со Дејан Милосављев и Марко Кизиќ. Со оглед на повредата на Даниел Ѓорѓески, раководството на македонскиот шампион беше во активна потрага по нов чувар на мрежата. Се чини дека потрагата конечно е завршена и тимот ќе биде комплетиран. Во „црвено-црниот“ тим би требало да се пресели голманот на младинската репрезентација на Алжир, Калифа Гедбан.

Тој летово заедно со поранешното крило на Еурофарм Работник, Серхио Барос, требаше да направи трансфер во шпанскиот Анхел Хименез, но тој трансфер се чини нема да биде реализиран. Гедбан по настапот на Медитеранските игри тренираше со соиграчите од Анхел Хименез, но тренерот на овој тим Хулиан Руиз не го користеше на пријателските натпревари со изговор дека е далеку од потребната форма.

Алжирскиот голман заминал во неговата земја за да ја земе визата, односно дозволата за престој во Шпанија кој му беше истечена, но ниту по десетина дена не се вратил во новиот тим и веројатно од тој трансфер нема да има ништо. Сега во игра влегува Вардар, кој би добил солиден голман, што на пример минатото лето на Мундијалот во Алжир, беше во ТОП 5 голмани по процентот на одбранети удари.
 
Последно уредено:
Ми изгледа дека го носат колку да се каже дека имаме двајца голмани
Ама ај да не зборам пред време ќе видиме што ќе покаже,се разбира ако дојде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom