- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Не летајте многу во облаци за да не ве боли многу ако треснете од таму. Секоја чест за ова вчера, секоја чест и за она со Киелце во Скопје, но да не заборавиме дека пред неполн месец не тепаше Загреб. Не дека имам намера да ги омаловажувам хрвативе посебно не кога се домаќини ама екипа што се надева на Ф4 такви утакмици не би требало да дозволи да ги губи, посебно не кога на полувреме оди со +5 голови. Втора работа е тоа што ние допрва имаме изгор гостувања кај Киелце и Сегед пред се, а и Мешков не се наивна екипа. Трета работа е тоа што ние на пикер сме жива мизерија дури и кога даваме 30+ голови во Германија. Столе моментално во тимов е тоа што до лани беше Фичо, Марсениќ би бил солидна резерва на играч ко Тоскиќ што беше лани, а бразлиецов дефинитивно не е материјал за на завршниот турнир т.е. тој општо не е ЛШ материјал. Четврта работа е што до нова година имаме уште само две утакмици и потоа екипата нема да се состане до крајот на светското во Франција. Тука играчите ќе имаат еден куп утакмици во краток временски период, нов начин на игра, замор, повреди итн. и сигурно ќе им биде потребно време да ја вратат моменталната форма на Вардар како тим. Петта и според мене најважна работа е тоа што до тоа 1/4 финале има уште некои 4-5-6 месеци, појма немам колку се точно. До тогаш верувам јасно ви е на сите дека ќе има 300 промени. Повреди, падови во формата, лоши периоди/утакмици за некои од клучни играчи и слично...дел од тоа да се поклопи кога не треба и ќе падне во вода се што е градено до сега. Доволно е нешто наопаку да тргне со Арпадот и отиде се во курац преку ноќ. Затоа да оставиме простор до клучните утакмици и да видиме тогаш до каде ќе биде екипата па ако се во форма како моменталнава или дај боже уште подобра тогаш веќе ќе може да се прават планови за можен пласман на Ф4 и посакувани противници. Моментално мене највеќе од се ме радува тоа што Штербик ја враќа формата, Чупич и Канељас почнуваат да се вклопуваат во екипата, на среден бек тоа што сме одлично покриени со Игор и Лука кој што играат во фантастична форма и секако класата на Дибиров и одличниот Душебаев, но х3 од ова ме загрижува и тоа што Марсениќ кој што е далеку од класа пикер ни е прва и единствена солидна опција на таа позиција. Борозан само малку повеќе да ја употребува главата и ќе биде страшен бек. Хорхе и Шишкарев сега за сега си ја бркаат и повеќе од добро нивната работа, а истото важи и за Абутовиќ.