Фан клуб - РК Вардар

Веспρем станале поголеми κомплеκси и од псж :гомце:
 
Немаше ли некој друг лев бек, па овој го земаа?
 
Без разлика на се, Кањелас - Карачиќ - Душебаев е многу најдобра бековска линија до сега.
Двајца од нив да си ја поправат формата од изминатава сезона и на коњ сме.
Плус појаки сме за едно искусно и класа крило како Чупиќ.

Позицијата пикер е таа што најмногу ме загрижува.
 
На пикер Столе владее, ќе лапне 2 пити бурек пред утакмица и готово. Туку што бидна со Лазаров? Си најде тим кој бара закачалка?
 
Без разлика на се, Кањелас - Карачиќ - Душебаев е многу најдобра бековска линија до сега.
Двајца од нив да си ја поправат формата од изминатава сезона и на коњ сме.
Плус појаки сме за едно искусно и класа крило како Чупиќ.

Позицијата пикер е таа што најмногу ме загрижува.
Нема што да те загрижува. Таму е страшниот пикер
Рожерио Мораес кој доаѓа од Кил, ама таму не се снашол најдобро па отишол во трета германска лига. Дај кажете таму давал голови во трета лига или греел клупа?
Томасино кажи нешто за бразилецот. Некоја анализа за него.
 
Пишано беше за Фереира и кога го потпишаа. Висок пикер, игра одбрана, слична градба и игра како на Марсениќ. Важеше за голем талент кога стигна во Кил, но не го покажа потенцијалот. Претежно во одбрана играше во Кил, ама и ептен ретко добиваше мала минутажа. Во напад доста лош беше кога ќе добиеше шанса, не е некој пикер кој знае да си направи простор, сепак делумно е млад така да има сеуште шанса да се покаже.

Сепак лошо ќе биде за Вардар ако не донесе некој докажан пикер, замена за Тоскиќ. Со Столе кој е во нагорна линија само со тежината, а не формата, и со двајцава стапови, Фереира и Марсениќ, лошо им се пишува.
 
Ако земаат нов пикер нема што да им праваат толку. 4 пикери многу се.
Еве Везпрем има 2 пикера и добро се снаоѓа со нив. Но сега се гледа разликата:
Стоилов, Марсениќ, Мораес vs
Сулиќ и Нилсон.[DOUBLEPOST=1466427606][/DOUBLEPOST]Но сепак се надевам дека бразилецот ќе биде како Жалуз. Жалус во Кил не добиваше минутажа па потоа отиде во Барса и таму израсна во еден вистински бомбардер. А Вардар тоа го осети на своја кожа на гостувањето во Блауграна.
 
Последно уредено:
Ke se objavi do kraj na nedela , ne se prazni muabet se e dogovoreno se seli vo Germanska liga
 
Кој пикер ќе го донесат сега?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom