Некогаш дерби, сега очобол...
Празна сала, повеќето аплаудираа на головите и на двете екипи, се напалија кога се разбрани голманот Томовски, пошто нели млад антички Македонец

Толку од дербито, сега едвај 500 души во сала. Пирати мобилизација правеле, на крај не беа ни 50-60 души и не навиваа воопшто, викнаа неколку пати само. Имаа извадено парола ПОЧИВАЈ ВО МИР ВИКСА, ама не знам кој е човекот. Можеби затоа не навиваа.
Ние без организација, спонтано се најдовме 40-тина души. Викнавме 5-6 пати, во моментите кога доаѓаа они во водство или кога се кршеше резултатот.
Металург ебисееее...

Играта мизерија, како да игрме со Тинекс Пролет. Си го оставаа Талески да шутираа од каде сака. Да дозволиш тој мисир да ти даде 8 гола. Не можеа Бувиниќ да го фатат, а сакаме Ф4 да играме

Дибиров и Манасков мизерија жива на лево крило, Шишкарев на десно исто мизерија. Пикерите катастрофа, Милиќ бетер...
Македа одигра нешто на бек и Циндриќ знаеше да ги раздрма малце. Карачиќ и особено Дибиров највеќе ме разочараа. Дибиров промаши еден куп зицери и еден пенал. Манасков со два утнати пенали, и неколку зицери, ама се поправи на крај.
Филипче изгубен случај, стандардно даваше морална поддршка од лев бек. Горбок невидлив.
Најголема разлика ни беше од 4 гола, на крај можеме да бидеме среќни што победивме со 4 разлика и примивме малце голови.
Без Божовиќ ни играа и тоа, со факинг Саша Матиќ, Бувиниќ и грдлакот Крушевски. Со Радовишанецот на пикер ни играа второ полувреме

Дупјачанец беше слаб, го стави тој Томовски, сто зицера одбрани и два пенали, цела сала му аплаудираше...
Не знам како не можат да се мотивираат за овие дуели, стварно не ми е јасно.