Фан клуб - РК Вардар

http://vardarfans.mk/index.php/rk_vardar/ivan-cupic-vardar

Официјално Чупиќ нов играч на Вардар од следната сезона

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ, сегашен член на полскиот шампион Кјелце, од лето 2016 ќе биде нов ракометар на РК Вардар. Чупиќ има договор со Кјелце се до 2018 години, но договорот ќе биде раскинат, и Чупиќ како слободен играч ќе дојде во црвено – црниот тим.

Чупиќ веќе четврта сезона го носи дресот на Кјелце. Чупиќ во минатото има настапувано и за екипите на Рајн – Некар, Горење, Медвешчак и Метковиќ.
Му посакуваме добредојде на Иван Чупиќ во РК Вардар.
 
očigledno e deka fokus e po default protiv reprezentacijata na Makedonija ...
Što znači učestvo vo tepačka, dali i samoodbranata e tepačka ??
Ај размисли малку: Странски служби = СОРОС = СДСМ = Фокус.
Логично е да серат по се што е створено од бога, односно со македонска крв
 
Штербик / Милиќ / ?
Дибиров / Манасков
Чупиќ / Шишкарев
Стоилов / Благотиншек / Марсениќ
Кањељас / Деревен / Борозан / Ф.Лазаров
Карачиќ / Циндриќ
Македа / Душебаев
Абутовиќ

Ако се точни сите овие шпекулации интересна екипа спремате за догодина. Чупиќ не сум сигурен колку е паметен трансфер. Некако веќе не е истиот од пред неколку години. На лев бек делува дека дури и премногу артилерија има - не знам дали има минутажа и за Кањељас и за Деревен и за Борозан. Ама од друга страна Кањељас можи и на среден така што тука се отвораат повеќе можности. На пикер ми делува дека ќе фали некој искусен пикер кој игра во два правци. Голем офанзивен товар ќе падни на Стоилов.

Инаку мислам дека Борозан на 5 години е доста паметен трансфер. Дечкото се развива во правилна насока и веќе е прва виолина на Црна Гора иако е многу млад. Германија добро му дојде...
 
Po polskive forumi pisuvaat deka Alex ke idel vo Kielce o_O Ne mi se veruva da go pusti Sams, no od druga strana ni za Toskic ne bi veruval...
 
Дали има некој инфо.кога се враќа Карачиќ?
 
Po polskive forumi pisuvaat deka Alex ke idel vo Kielce o_O Ne mi se veruva da go pusti Sams, no od druga strana ni za Toskic ne bi veruval...

продолжи договор..тешко него да го пуштат..вчера пишаа и официјално Киелце дека Чупич ќе си иде, а денес Вардар го потврди Кањељас.

Благотиншек е доста добра опција да можат да го лапнат..одбрана игра доста добро, ако се работи со него добро ќе биде екстра играч.
Нодезбо не игра одбрана исто како и Агинагалде само се класа..Агинагалде е најдобра опција ако не се гледа за одбрана..
 
Браво за Кањелас,ваков играч ви требаше..
Играч кој игра на две позиции во напад,и лев и среден пополнува...
Еден од најпаметните играчи според мене,делува доста тромаво,незаинтересирано,ама секој шут му е ТЕЛЕДИРИГИРАН,нема кај него random шутирање...
Можеби најдобар шут од место има дечкото на светот...
Малку е паднат во форма сега,имаше некоја мала повреда,па кон крајот на полусезоната повеќе седеше на клупа...
На ЕП го уништи ротацијата на лудакот Кадењас,дефинитивно Кањелас беше најдобар бек од цела ротација,но наместо да го исфорсира Кадењас и играта да ја темели врз него поголем дел од мечевите ги преседе на клупа...
Добра работа е шо играчите кои ќе делат минутажа имаат различни карактеристики....
Кањелас различен тип,Борозан различен тип бек....+Деревен ако се опорави како треба(со оглед дека заебана повреда е ептен)....+Вилипче:ROFLMAO:
На другите позиции сте ОК...
Освен на голман,полека мислам дека Штербик го налегнуваат повредите...
Не е овај конституција на Омејер,па на 35,36 години да го заобиколат повредите....
Тежок голман е,110+кила,не е едноставно...
Со Данска искина,па после го чуваа,со Хрватска издржа 30ина минути,па не можеше да издржи,исто и во финале...
Иако за да брани само на мечеви од ЛШ е таман,а за СЕХА или Џамбо да заменува или уште некоја замена да се бара...
Чупиќ на времето (до пред 3,4 години)тбеше топ крило,можеби и најдобар..
Падна во форма сега,ама би бркал работа,е сега е заебано е шо не е дефанзивец како Брумен,па во иста постава со Алекс тешко ќе функционираат двајцата,посебно не на дијагонални измени...
Шишкарев е сосема спротивен тип на играч,ќе се надополнуваат доста добро...
Лево Дибиров и Деки се таман...
Е сега за пикер,освен ако не го бркааат Столе тешко со овие пикери,Благотиншек е добар,пред се дефанзивец,ама за сериозна опција во напад тешко...
Иако во Словенија има доста подобри пикери на лагер,како Миха Жвижеј и Габер....сепак ова е помлад и поперспективен....
Овај би се користел најмногу во еден правец,заедно со Абутовиќ би бркале работа на средина...
Со тројка Марсениќ-Благотиншек-Столе тешко дека ќе делува линијата како со Тоскиќ,овде треба некој посериозен играч,пред се некој играч кој би давал по 3,4 гола,и би изнудувал пенали...
Ако го земат Благотиншек тоа значи дека или со таа тројка ќе се игра,или Столе ќе лета...
А како тргнал Столе ништо чудно да си добие шут карта...
Нодесбо е добра опција,ако е слободен играч треба да искористат шанса,за една,две сезони со лимитирана минутажа од 20ина минути ќе брка сериозна работа во напад...
Исто како и Диви,кој ќе се моли за анганжман кај господинот Ристо Чокрев во РК Работнички....:icon_mrgr:
Вилипче,ако и оваа сезона нема некој пред-договор на релација Кире-Самс изгледа ќе ја изгуби довербата и титулата ДВОРСКИ ШУТ ќе ја препушти на друг...:гик:(редно време е):icon_mrgr:
Па ништо чудно единствен Македонец во екипата да е Декица,очекувано,професионализмот не трпи емоции...
Можеби требаше да си донесите еден лев бек за ЛШ сезонава,да покрие таму,ама помина возот..
Сега да видиме како ќе се покажат на двете клучни гостувања со Рнл и Сегед,една победа на гости и автоматски подобар противник во 1/8 финале..
Додуша од таа група,освен ПСЖ и Веспрем,другите екипи се по мерка,посебно ако налетате на некој од тројката Висла,Загреб или Кил,(доколку завршите на првите 2,3 место на табела),ова сценарио би било доста добро...
 
Супер браво за Кањелас, од секогаш ми бил меѓу омилените бекови во Европа. Со него и Чупич Вардар има и 2ца играчи што шутираат седмерци. Е сега зошто не земаа еден бек за оваа година не ми е јасно, ќе биде пеколно тешко со еден лев бек, т.е и Филип е тука но реално тешко се влага со Филип на Ф4.
 
Пред 5 години можевме да ги сонуваме Штербик и Кањелас, а сега ги имаме во тим :)
Прва постава Штербик,десно крило Чупич,десен бек Душебаев ,среден бек Карачиќ,лев бек Кањелас,лево крило Дибиров и пикер сигурно ке донесат бидејки Тоскич си оди ..
Најдобар тим ке имаме на хартија наредна сезона , за Брумен се најде добра замена во Чупич иако не е во старата форма , за Горбок исто се најде замена во Кањелас класа играч, и се чека уште замена за Тоскич , супер тим за final four
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom