Браво за Кањелас,ваков играч ви требаше..
Играч кој игра на две позиции во напад,и лев и среден пополнува...
Еден од најпаметните играчи според мене,делува доста тромаво,незаинтересирано,ама секој шут му е ТЕЛЕДИРИГИРАН,нема кај него random шутирање...
Можеби најдобар шут од место има дечкото на светот...
Малку е паднат во форма сега,имаше некоја мала повреда,па кон крајот на полусезоната повеќе седеше на клупа...
На ЕП го уништи ротацијата на лудакот Кадењас,дефинитивно Кањелас беше најдобар бек од цела ротација,но наместо да го исфорсира Кадењас и играта да ја темели врз него поголем дел од мечевите ги преседе на клупа...
Добра работа е шо играчите кои ќе делат минутажа имаат различни карактеристики....
Кањелас различен тип,Борозан различен тип бек....+Деревен ако се опорави како треба(со оглед дека заебана повреда е ептен)....+Вилипче

На другите позиции сте ОК...
Освен на голман,полека мислам дека Штербик го налегнуваат повредите...
Не е овај конституција на Омејер,па на 35,36 години да го заобиколат повредите....
Тежок голман е,110+кила,не е едноставно...
Со Данска искина,па после го чуваа,со Хрватска издржа 30ина минути,па не можеше да издржи,исто и во финале...
Иако за да брани само на мечеви од ЛШ е таман,а за СЕХА или Џамбо да заменува или уште некоја замена да се бара...
Чупиќ на времето (до пред 3,4 години)тбеше топ крило,можеби и најдобар..
Падна во форма сега,ама би бркал работа,е сега е заебано е шо не е дефанзивец како Брумен,па во иста постава со Алекс тешко ќе функционираат двајцата,посебно не на дијагонални измени...
Шишкарев е сосема спротивен тип на играч,ќе се надополнуваат доста добро...
Лево Дибиров и Деки се таман...
Е сега за пикер,освен ако не го бркааат Столе тешко со овие пикери,Благотиншек е добар,пред се дефанзивец,ама за сериозна опција во напад тешко...
Иако во Словенија има доста подобри пикери на лагер,како Миха Жвижеј и Габер....сепак ова е помлад и поперспективен....
Овај би се користел најмногу во еден правец,заедно со Абутовиќ би бркале работа на средина...
Со тројка Марсениќ-Благотиншек-Столе тешко дека ќе делува линијата како со Тоскиќ,овде треба некој посериозен играч,пред се некој играч кој би давал по 3,4 гола,и би изнудувал пенали...
Ако го земат Благотиншек тоа значи дека или со таа тројка ќе се игра,или Столе ќе лета...
А како тргнал Столе ништо чудно да си добие шут карта...
Нодесбо е добра опција,ако е слободен играч треба да искористат шанса,за една,две сезони со лимитирана минутажа од 20ина минути ќе брка сериозна работа во напад...
Исто како и Диви,кој ќе се моли за анганжман кај господинот Ристо Чокрев во РК Работнички....

Вилипче,ако и оваа сезона нема некој пред-договор на релација Кире-Самс изгледа ќе ја изгуби довербата и титулата ДВОРСКИ ШУТ ќе ја препушти на друг...

(редно време е)

Па ништо чудно единствен Македонец во екипата да е Декица,очекувано,професионализмот не трпи емоции...
Можеби требаше да си донесите еден лев бек за ЛШ сезонава,да покрие таму,ама помина возот..
Сега да видиме како ќе се покажат на двете клучни гостувања со Рнл и Сегед,една победа на гости и автоматски подобар противник во 1/8 финале..
Додуша од таа група,освен ПСЖ и Веспрем,другите екипи се по мерка,посебно ако налетате на некој од тројката Висла,Загреб или Кил,(доколку завршите на првите 2,3 место на табела),ова сценарио би било доста добро...