Ненадиќ имаа шанса да си го донесат уште лани,ама им побегна возот...
Кога успеа еден второкласен тим како Фуше да го им го украде пред нос јасно е се...
Е сега другарот е таму прв стрелец на бундеслига,+Фуше спрема доста сериозна екипа за во иднина и само некоја понуда од барем 50% повеќе од тоа што го зема таму би го натерала да се врати на Балканот..
Плус едно е да играш во Бундеслига,секоја недела јаки мечеви,а сосема друго е да играш 15ина мечеви во ЛШ,и ревијални мечеви во Сеха и Македонска лига..
Затоа не идат играчите овде,сигурно и на Кањелас лани му понудиле некоја огромна плата,ама дечкото си го избра Кил,што е нормално..
Сериозен играч не ти доаѓа во Македонија,барем не оние екстра класа играчи кои се лидери на најголемите светски ракометни велесили...
Хансен,Карабатакот и компанија сите биле исконтактирани,и сите одбија...
Значи не е се до парите...
Јас не знам како Агинагалде го договориле(наводно)покрај тој буџет на Киелце,навистина мора да е некоја екстра понуда штом се решил да си оди од Киелце..
Иако според мене Агинагалде не ви е баш најпаметен избор за пикер,освен ако не му ги давате клоците на Столе,а како е паднат во форма и физикус изгледа самиот ќе се елиминира Иконата од прв тим,натаму ми оди...
Околу лев бек,Вуко Борозан без разлика шо не го сакате,и шо беше во Металург,не ви е вопшто лоша опција за ротација,сериозно..
Кога веќе Лука Митровиќ ви го лапна Горење пред нос и Вуко не е лоша опција..
Каков Фитил луѓе,далеку е Фитилот од ЛШ тим(нека не ве лажат тие неколку добри партии,има големи слабости во играта детево,го знам предобро),иако има потенцијал детето,ама него му треба минимум една,две сезони делкање за да е сериозна опција макар и за во ТОП20 во една екипа која претендира за ТОП 8 во Европа...
Деревен со онаа повреда,и таа кревка конституција не го сметајте,дечкото е темпирана бомба,еве и да се врати не е за повеќе од 3та опција во напад..
Е сега за прв лев бек,ако веќе планирате нешто (по)големо ќе треба некој сериозен играч таму,Ненадиќ,Гребил ако се опорави од повреда,такви типови на бекови се на цена сега,а зошто да не и нешто егзотично како Рафаел Капоте,другарчето има хаубица во раката

..
А отпадоци како Вилипче,Лац клоците и фала пријатно,Вилипче не е лош за Вардар 2,и така немате бек таму,нека се нервира Пепи со него...

На другите позиции немате зима,освен на среден...
Јас да сум како Раул таму би зел еден повисок играч за таму,нешто во стилот на Житников,дечкото беше добар избор уште летово,ама Висла го лапна...
Класичен контраст е со Кара(како шо го викаат коментаторите на РТЛ),плус добро се знаеше со другите Руси во тимот,ќе ви бркаше далеку поголема работа од Циндриќ(и овај не е лош,ама сепак недостатокот на СМ

си зема данок)....