Фан клуб - РК Вардар

Голем бод, со оглед на тоа како игравме денес, односно како играа Монпеље денес. Добро е што има еден месец пауза до мечот со Веспрем, може Раул да ја искомбинира одбраната на утакмициве од СЕХА без Абутовиќ да види како ќе функционира. Терзиќ мора да добива многу поголема минутажа во СЕХА, дечкото лани скоро и не заигра, малце игра и годинава и сега одеднаш треба да игра во ЛШ со во тој момент најразиграниот Монпеље и Вардар во кризен момент, нормално дека ќе се изгуби. И Џамбо некако слаба минутажа има во последно време..
Џамбо не е ни во тим последните 2 натпревари во ЛШ.
 
Џамбо не е ни во тим последните 2 натпревари во ЛШ.

Знам, до негде можда и правилна одлука, тешко е да одлучиш Диви или Џамбо стварно, блиску се со квалитет. Во СЕХА Џамбо мора да има голема минутажа
 
Од бодов иако не сакам морам да бидам презадоволен,но од играта во одбрана буквално ми се повраќа.Екипа чија основна цел е пласман во Ф4 не смее на ниту една утакмица да го остави противникот да има шутерско шоу.Кој е бе оној Греби да ти даде 11 голови и да има 80% реализација ? Пушти му играч што не добива минутажа да му влезе еднаш асално и нареден пат да размисли дали ќе ти тргне на шут како да е на тренинг.Од што не игравме НИШТО во одбрана направивме просечна екипа како Монпеље да изгледа против Вардар како да се Кил и Барса споени во една екипа.Бековите распалија затоа што нашиве цела утакмица ја преспаа,топка до пикер даваа кога сакаа и како сакаа,крилата кај од нивни позиции не решетаа па и без проблем влегуваа на втор пикер и од таму имаа лесни реализации.Со еден збор ова денес што го играше Вардар во одбрана е чиста КАТАСТРОФА.Втора утакмица во ЛШ играме на гости и втора утакмица целата работа позади му ја препуштаме на Штербик.Фала богу овој е за една класа над оние што се класа голмани па без никаква подршка од тие што се пред него има двоцифрен број на одбрани т.е 21 одбрана со Целје и +15 одбрани денес.Да не беше он и во Словенија и денес во Франција ќе го јадевме стапот и ќе бевме пократки за цели 3 бода од мометналниве 7.Ако сакаме стварно да бидеме екипа кој што ќе игра во самата завршница овој проблем со одбраната ќе мора да се реши во најбрзо време и да им се даде до знаење на сите играчи дека без агресивна одбрана нема да имаме никаков успех.Уште не ми се верува дека толку искусни играчи оставија да бидат решетани на оној начин. :facepalm: Сеуште е многу рано да се суди,но по воведниве 4 кола и слеп човек ќе види дека Вардар дома и Вардар во гости се две сосема различни екипи.Дома играме ракомет за кои многу тимови може само да сонуваат...одбрана еднаква на кинески ѕид,разигран противнички играч се запира по кратка постапка,разновиден напад со голови од сите позиции,цепелини итн. итн.Ова што денес го видов сакам што е можно побрзо да го заборавам затоа што искрено сум многу разочаран од пристапот на одбраната во целиот меч.Треба сите да си ја удрат главата во ѕид и добро да размислат зошто денес наместо цврсто и машки во одбрана дремеа како мулиња и треба Раул дирекно во очи да им каже дека они се криви заради тоа што Вардар не се врати со полн плен од Франција иако постигна дури 33 голови.Уште едно огромно ФАЛА за Штербик за бодот денес и победата со Целје на гости. :cuc:

За нападот нема што многу да се зборува.Самата бројка од 33 постигнати голови доволно говори за работата што ја завршија Дибиров,Карачиќ и компанија.Имаше и напред некои почетнички грешки во додавањата пред се,избрзаните шутеви и промашени зицери,но реално не може да ги обвиниме офанзивните играчи за овој нерешен резултат на гостински терен.Пак ќе повторам...самата бројка од 33 постигнати голови би требала да значи сигурна победа па и просечна одбрана да се игра,но денес за жал Вардар не играше ни просечна одбрана.Штета е што Душебаев не беше во можност да игра на крајот во првото полувреме и што во второто играше доста резервирано бидејќи беше очигледно дека чувствува последици од повредата и тоа можеби беше клучната разлика заради која што Вардар не постигна барем уште еден погодок,но ако така гледаме и тој еден гол што фалеше за победа можеби требаше да го бараме во 100% реализација на пеналите или па да го спомнеме оној гол што ни го даде голманот на Монпеље кога Дибиров беше играч со маркер а Прибак даде еден катастрофален пас во нападот.Важно е да се напомене и дека денес излезе на површина недостатокот на квалитетна замена за Алекс во нападот и се надевам дека за утакмицата со Вепсрем ќе биде 100% спремен затоа што со Терзиќ недај боже или со деснак на таа утакмица на позиција на десен бек од старт го губиме натпреварот.На Горбок мислам дека ќе му простат за црвениот (кој реално и не постоеше) и ќе биде спремен за дербито во групата,но мислам дека Абутовиќ ќе јаде супсензија од 1 меч и тек тогаш ќе треба бараме некое изнудено решение во одбраната кое што се надевам дека ќе ни донесе позитивен резултат.
 
Колку добро би било кога на Штербик нема да му иде како на дел од овој натпревар и Раул е принуден да прави замена таа замена да биде Наркоманич кој во тие 20 минути додека Диви бранеше наместо една би скинал 10 топки. Натпреваров би завршил со сигурна победа на Вардар.
Разбираш дека не му е дозволено да игра за друга екипа у ЛШ бе телетабису еден?
 
Гребиј како Пецаковски пред неколку години против Кил. Само што тогаш Кил не утепа. :D

Задоволен сум со бодов со оглед на тоа каква утакмица изигравме. Да не се повредеше Алекс и Раул да го оставеше Штербик да брани, колку и да беше просечен во прво полувреме, уверен сум дека ќе тепавме дури и на ваква игра. Диви беше невиден очај, а и Терзиќ. Уште рано во сезонава осетивме како ќе биде ако Алекс биде повреден. Боље Горбок да играше десен бек и така на Ландин му стегна една од 10 метри од таа позиција.

Се надевам дека Алекс ќе биде океј зашо без него и без Абутовиќ, поволен резултат против Веспрем ќе биде невозможна мисија. Може конечно Растворцев ќе добие шанса во одбрана.

Од другите играчи, Горбок имаше одлични шутеви, нешто што на Лацковиќ не му идеше. Лацковиќ беше подобар во разигрувањето и асистенциите. Тоскиќ одличен, а Карачиќ феноменален, продолжи таму каде што застана против Рајн Некар. Крилата некако отсечени беа, иако Дибиров имаше солидна партија.

Монпеље ми е многу интересно тимче. Симоне зошто не играше? Такви брзи и подвижни играчи, дури и пикерот беше доста подвижен. Од друга страна имаат и искуство, а и добри шутери. Сигурно ќе им пружат голем отпор и на Рајн Некар и Веспрем.
 
@Клипче зар се уште сериозно ги сфаќаш неговите коментари? :)

Што се однесува до утакмицата, мислам дека треба да сме задоволни со бодот. Сепак не станува збор за Овче Поле или Текстилец, па да моравме да очекуваме победа. Станува збор за екипа која во моментов е прва во француското првенство со 5 победи и една нерешена. Без пораз. Гол разлика после шест кола +34.

Во Лига на шампиони одиграа еден слаб натпревар против Рајн Некар, тоа е факт. Но затоа Целје го добија со шест разлика, а со Веспрем беа поразени во гости само со еден разлика.

Доволно е да се погледне ростерот и да се види дека не игравме со наивен противник.

Од друга страна, ние игравме далеку од совршен натпревар, особено во одбрана. Во нападот Карачиќ во издание во какво научивме да го гледаме лани и каков што ни е потребен. Исто така, би сакал да го пофалам Тоскиќ, многумина не го забележуваат неговиот учинок, а заслужува да му се даде почит. Сепак, со повредата на Алекс, се виде што значи да се нема соодветна замена. Дај да пазариме десен бек, дека мислам најголем дострел на Терзиќ ќе му биде ако фати првотимски статус во младинскиот Вардар на Пепи. Точно е дека нема добивано шанса во СЕХА како што спомна некој, но и тие шанси што ги добивал ги упропастувал.

И сигурен сум дека некој од РНЛ и Веспрем може да падне во Франција.
 
Подобро да играше Симоне, отколку Кавтичник на среден. Шо играч ќе беше овој Кавтичник, уште игра на многу добро ниво. Во Кил играше десно крило, коа дојде у Монпеље почна да игра и десен бек, понекогаш а и денес играше цела утакмица на среден бек:cuc:, . Уште голман да го стават :).
Еден куп проблеми ни направи денес, одбраната лоша а ќе додадам и тоа што 7-8 шутеви Штербик ги имаше проценето а му минеа под рака, веднаш до тело односно удари кои за среќа на Монпеље сите поминаа од кои пола беа на Гребил и некои на Кавтичник.
 
Генерално сум задоволен со спасениов бод со оглед на тоа што игравме одбрана 50% од таа со Рајн Некар, и Монпелје посебно во второто полувреме само си ја зголемуваше предноста и не работеше од секоја позиција.

Порано се дешавало да сме играле одлична утакмица и да сме се врателе со прстот во уста, а денес со лоша игра извадивме победа во Словенија и бод во Франција.

Одбраната беше лоша и премногу простор им се оставаше на бековите и на пикерот. Делуваше како да не се спремиле доволно и да не ја анализирале играта на Монпелје. Она што ни го направи Гребил е апсолутно недозволиво за Вардар и не смее повторно да се случи.

Мора да си ја средат играта во гости зошто ако планираме вака да играме, ќе бидеме посрамотени од Веспрем и Рајн Некар на нивни терен.

Голем проблем е ако останеме без Душебаев, бидејќи Терзиќ не е ни приближно таа класа како него. Денес се увиде тоа.

Се на се добро се заврши за наша среќа, сепак Монпелје не се тим за потценување и играат одличен ракомет. Не би ме зачудило ако скинат некој од Веспрем или Рајн Некар дома. Сега мислите насочени кон Веспрем и да докажеме дека не е непобедлив, посебно кога ќе ни дојде во Скопје.
 
Леле каков црвен доби Горбок :facepalm::facepalm:
Пишав пред една или две недели у темана за ЛШ дека и Јурецки од Киелце доби предебилен црвен картон и тоа на почеток на утакмица против Сегед ако не се лажам. Ај бе кој им е курот со вакви дегенски црвени картони, не разбирам. :cenzura:
Ако е за тоа и еден играч на Монпеље веднаш по црвениот на Горбок требаше да добие црвен бидејќи ист таков зафат изведе над Карачиќ или Душебаев, не успеав да запамтам а не е ни битно.

Уште да го казнат Горбок да не игра со Веспрем и го обравме бостанот.

Инаку презадоволен сум од овој бод, пошо реално Монпеље заслужија да тепаат, али мислам дека е време да дојде крај на оние моменти кога наш тим игра цела утакмица добро и на крајот губи. Доста беа 20 и кусур години такво мачење, време е да се спремат некои работи. :D
 
Секоја чест за момците и за тоа како се вратија на крајот, и кога губевме со четири разлика бев сигурен дека ќе се вратиме во игра и на крајот тоа и се случи.. :icon_lol:
И сега на овој меч се докажа тоа што го збориме сите тука, дека буквално немаме замена на десен бек за Душебаев и дека ќе се молиме да не го снајде недај боже некоја повреда како оваа денес во првиот дел, бидејќи Терзич е очобол :facepalm: и реално не ни треба да добива шанса во ЛШ.. може да го пуштат во сеха лига колку да се одмори Душебаев,но ништо повеќе од тоа.. а сигурен сум дека денес ќе имавме шанса и за победа да не се повредеше Душебаев, но што е тука е.. Штербик уште еднаш докажа дека е класа голман:cuc:, можеби единствената замерка што ја имам денес за Раул е тоа што не го остави Штербик цело време на голот, него го смени за Диви, а овој за 15-20 минути колку што бранеше ако не се лажам имаше само 1 или 2 одбрани..
За црвените на Горбок и Абутович нема што да кажам.. освен можеби за Горбок кој според мене не заслужи директен црвен, и најлошото од се е тоа што ги изгубивме во можеби најбитниот натпревар за нас сезонава против Веспрем... според мене поголем хендикеп ќе биде неиграњето на Абутович,за кого буквално немаме замена,освен ако не планира Раул да го спрема Растворцев за тој натпревар, но и да игра тој прашање е во каква форма ќе биде, бидејќи нема играно меч скоро една година.. за Горбок колку толку имаме замена на таа позиција со Лацковиќ и Лазаров.. иако е можно како што прочитав и да му го поништат црвениот па тој да може да настапи на дуелот со Веспрем.
 
Требаше да биде време е да се сменат некои работи, а не време е да се спремат ама ајде, којзнае кај сум гледал вчера кога сум го пишувал постот. :D

Иначе кога се игра мечот со Веспрем?
 
Требаше да биде време е да се сменат некои работи, а не време е да се спремат ама ајде, којзнае кај сум гледал вчера кога сум го пишувал постот. :D

Иначе кога се игра мечот со Веспрем?
На 15ти ноември.
 
Репрезентации играат сега затоа е пауза до 15ти, и Лацкович доби безбеза црвен со Цеље па не го казнија обично казните ги даваат за доста јак фаул или па во последна минута како Абутович :D за паузава нека го спремаат Растворцев оти одбранава ќе биде салата без Абутович :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom