Секоја чест за момците и за тоа како се вратија на крајот, и кога губевме со четири разлика бев сигурен дека ќе се вратиме во игра и на крајот тоа и се случи..
И сега на овој меч се докажа тоа што го збориме сите тука, дека буквално немаме замена на десен бек за Душебаев и дека ќе се молиме да не го снајде недај боже некоја повреда како оваа денес во првиот дел, бидејќи Терзич е очобол

и реално не ни треба да добива шанса во ЛШ.. може да го пуштат во сеха лига колку да се одмори Душебаев,но ништо повеќе од тоа.. а сигурен сум дека денес ќе имавме шанса и за победа да не се повредеше Душебаев, но што е тука е.. Штербик уште еднаш докажа дека е класа голман

, можеби единствената замерка што ја имам денес за Раул е тоа што не го остави Штербик цело време на голот, него го смени за Диви, а овој за 15-20 минути колку што бранеше ако не се лажам имаше само 1 или 2 одбрани..
За црвените на Горбок и Абутович нема што да кажам.. освен можеби за Горбок кој според мене не заслужи директен црвен, и најлошото од се е тоа што ги изгубивме во можеби најбитниот натпревар за нас сезонава против Веспрем... според мене поголем хендикеп ќе биде неиграњето на Абутович,за кого буквално немаме замена,освен ако не планира Раул да го спрема Растворцев за тој натпревар, но и да игра тој прашање е во каква форма ќе биде, бидејќи нема играно меч скоро една година.. за Горбок колку толку имаме замена на таа позиција со Лацковиќ и Лазаров.. иако е можно како што прочитав и да му го поништат црвениот па тој да може да настапи на дуелот со Веспрем.