- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.166
- Поени од реакции
- 4.736
- Возраст
- 29
Стварно не знам зашто кога веќе Сергеј лично ја гради салата како што некои од вас кажуваат тука, не ја реновираше Кале како што направи со Јане, Вардар си имаа сала, има простор на Кале да се проширува да се гради и он не, Јане ќе ја правам за Вардар.. абе ајде
Јасно е дека и во Вардар и во МЗТ од позадина делува власта, што се случува кој финансира и кој како делува и одлучува тешко е да се каже, ама има мутни игри тоа е јасно. Друга работа, гледам некои даваат пример за Градски. На Градски столчињата се црвено-жолти, а замислете бе еве да ги направеа зелено-бели. Која ќе беше нашата реакција ? Или ќе ќутевме, не е наш стадионот нели. Ферски би било неутрална боја, нормално и јас сакам црвено-црна сала, ама ете ја Кале ние се одлучивме за Јане, која што ќе припаѓа и на нас и на МЗТ и тоа е тоа. Ставете се од нивна страна, идат на дерби со вечниот ривал во своја сала и салата е во бојата на ривалот. Дефинитивно е лоша одлуката Вардар да се пресели во Аеродром, иако од една страна може да придобиеме гледачи и навивачи од тој дел, меѓутоа односите не се баш нај нај помеѓу Комити и ФА, а знаејки го менталитетот на децата од фа многу е веројатно да има провокација од нивна страна и одговор од наша, што ќе создаде хаос.
