Фан клуб - РК Вардар

Младинците јас ги планирам за во МРК Вардар да играат со полна минутажа :D
Ончев е лев бек, не е среден.
Кизиќ треба да добива повремена шанса на голманската позиција, а и Битолчанецон го фалат на пикер, тој Костеновски или како и да се вика.
 
Мали се уште за прв тим на Вардар. Посебно сега во СЕХА каде што ќе се игра со Целје, Веспрем, Сегед, Горење и другите, нема што да бараат.

За нив мајката им е МРК од идната година после тоа една година на позајмица во некој тим во СЕХА лига кај што ќе игра full time, па во РК.

Вака за во Сеха не ја гледам целта... само за три четири утакмици да ги малтретираат.
 
Доминиковиќ без разлика на годините игра одлична одбрана а нас очајно ни требаат одбранбени играчи од овој калибар. Кога ќе ми текне дека Самс неќеше ни договорот на Станиќ да го откупи тогаш доаѓањето на Штербик и Рутенка ми изгледа малку веројатно, плус они играат во дрим тим и имаат многу скапи договори кои незавршуваат оваа сезона. Очајно ни требаат голмани и играчи во одбраната. Абутовиќ е многу груб, нека му дадат шут карта. Штета за Кукоски кој и јас мислам дека ќе заврши во Металург како и Ојлески :(
Мора на Самс да му биде јасно дека парите и индивидуалните квалитети на играчите неможат да направат тим. Да не ја повтори грешката на ПСЖ.
 
Последно уредено:
Штербик, Горбок, Шишкарев и Лацковиќ, и толку за оваа сезона.
Наредна сезона и Македа..
 
Ако е вака ко што вика Види Фотос ондак остануваме тенки на десен бек идната сезона.
 
Тенки богами, а Марковиќ е слободен играч кој игра солидна одбрана за разлика од Алекс кој е дрво невидено. :icon_lol:
Петриќ е стар и предвидлив со неговиот скок шут така да ќе треба и него шут карта да му се даде.
 
Абе тресе глупости Екипа, како Доминиковиќ.

Единствено нешто за кое имаше информација на хендбол ворлд а сабајле пишав е дека "Киелце и Вардар имале контакт со Канелас"

Само Лацковиќ е потврден а се друго е шпекулација.

Кањелас ништо чудно да иде и Кил се спомнува, додека Палмарсон да си идел е сега колку е вистина..овој Доминикович е бомба за одбрана само што е стар.
 
А како би било ние да го лапнеме Палмарсон:icon_lol:,кај би ни бил крајот.
 
Кањелас е подобар од Палмарсон :)
 
Кањелас ништо чудно да иде и Кил се спомнува, додека Палмарсон да си идел е сега колку е вистина..овој Доминикович е бомба за одбрана само што е стар.


Беше порано брат оваа сезона за него убаво напиша bbbbbb, цела сезона во одбрана му поминуваат возови на него. Ние со влезови на Карачиќ и Душебаев ги направивме швајцарско сирење во Хамбург.

Права бомба е да го донесат Кањелас, највисока класа на играч. За ваму не верувам дека би се правела некоја ротација со Палмарсон во Кил бидејќи нив веќе им е замислен тандемот Дувњак - Палмарсон за идна сезона.

Он изјави дека ќе чека како ќе се развива ситуацијата во Хамбург па ќе донесе одлука, а тоа ќе биде 5-6 јуни. За сега потврдено е дека го контактирале Киелце и Вардар.

Инаку, приоритет на Вардар се разбира треба да им биде десен бек шутер, под услов прашањето со голман (Штербик) да е веќе решено.
 
Ако го контактирале Киелце тогаш пиши пропало, ќе си иде он кај стариот Душебаев кој го спаси од вториот тим на Барса и го направи еден од најдобрите светски бекови.
 
а што се случи со Петар Ненадиќ , нели и он во Вардар?
 
Јас незнам зошто воопшто ви е и голман ?
Па имате 2 повеќе од солидни голмани Милиќ и Диви не ви треба ништо поќе !
Овај ветрушката Малумбрес, седеше како кошула на закачалка на голот, скокаше како напушен, ќе фатеше некоја топка и ќе кренеше атмосфера, та со него та без него исто му е на Вардар. Ете Даскаловски замина во Романија, па Чаневски нека ви биди 3 голман и онака трегиот голман добива шанса само за утакмиците на СЕХА и на овие домашните утакмици во лигата. За во лига на шампиони Милиќ и Диви ви се супер.
И да дојде пример Штербик, нема шанси да му биди замена на Милиќ и Диби, па така еден од нив повторно ќе биди 3 голман, слаба минутажа ептен ќе засени во екипата.
 
Ке кажев дека Вардар е во поволна позиција за Кањелас поради тоа што имаме 3ца шпанци во тимот од кој 2ца се тренери и еден играч.

Али кога го прочитав sneui за Душебаев ... хмм :unsure:

Сега ме става во мисли и дека по завршувањето на следната сезона го губиме и Алекс кој логично би отишол кај татко му.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom