Фан клуб - РК Вардар

http://sportmedia.mk/frantsuzite-pr...tsija-na-nashite-ekipi-za-propusnitsa-vo-lsh/
Се исплашиле французиве од нас :pos: Инаку ПСЖ, Монпелје и Нант, Висла Плок, Констанца, Алборг, Мешков Брест, Горење, Порто, Хамбург, Фленсбург ќе се борат за вајлд-карта.
Сите сакаме да остане Раковиќ, но нормално човекот си гледа кариерата и не сака да биде 3 играч или да игра само во СЕХА, штета, а солидно ја изигра оваа сезона. Нека отиде во добар клуб кај што ќе си го покаже потенцијалот.

И да дојде Малумбрес на трибина никој не може да го замени Докниќ, каква будала беше тој играч, на неколку натпревари со Комити маица си се качи и заедно навиваше со нас. Комити маицата секогаш си ја носеше под дресот си имавме ние наш Малубрес уште пред овој да дојде тука:pos:
Леее како ги бранеше лопкине ко во баскет банани да лепи, мислам дека немаше шанса гол со лоб да му дадеш. А и мрднат беше. :D
 
ЕХФ го сменија форматот на ЛШ за да не бидат доведени во ситуација како минатата година каде тимови кои имаат обезбедено ЛШ пропаѓаа и мораа да смислуваат начини како да ги пополнат местата .Вајлд кард турнири нема да постојат веќе ,само ако тимот кој освоил ЛШ не се квалифицирал преку домашна лига би можел да иде во обичните квалификации .

24 места има вкупно :

-13 места уште во старт ќе се поделат како директни освоени преку првенства
-4 места идат за држави кои играат квалификации ( Брест,Татран,Порто,Констанца се со најголема шанса )

Од останатите места секоја федерација може да побара нивен тим да добие вајлд карта за да игра ЛШ.Горење,Сцегед,ПСЖ и Фленсбург ( нема што да бара Хамбург во ЛШ кога домашна лига нема да игра ) мислам сигурно ќе добијат места.

Вардар,Алборг,Висла и Монпеље,Алборг е тоа што останува за последните 3 места.Поради ранкинг и минатата сезона тука е помеѓу Висла и Монпеље натпреварот.
 
Последно уредено:
Колку е интересен ранкингов... Германија има едно 4 тима кои во секој момент се кандидати за фајнл фор и уште три-четири тима кои сигурно би поминале групи а добива две места, додека Шпанија која вториот тим ќе служи за билдање на гол разлика исто има две места.

Мислам дека веќе од наредна сезона доколку не се дигне нивната лига, ќе имаат пад на рејтингот.
 
Глупоста во ранкинзите е исклучиво затоа што се гледаат 3 години наназад без последната. Резултатите на Атлетико Мадрид сеуште фигурираат, а и Адемар Леон беше солиден во тие години. Ќе паѓаат многу шпанците макар што Барселона сама ќе ги држи доволно високо. Реално во ракомет каде премногу варираат резултатите и постојано има "проекти" нема многу логика овој систем на рангирање и ми се чини затоа преминаа на овој новиот.

Инаку според системот за идната сезона како што сфаќам, Германија и Шпанија имаат по 2 сигурни претставници, а од 3-13 место по 1. Тоа се вкупно 15 екипи (Кил, РНЛ, Барселона, Натурхаус Ла Риоха, Данкерк, Колдинг, Целје, Веспрем, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Металург, Киелце, Брест Мешков и Констанца). Е сега за останатите 9 места не е сеуште се разјаснето. Вајлд кард турнир веќе нема да има и претпоставувам нив ќе ги измешаат со другите квалификанти.

реални кандидати за вајлд карти: Фленсбург, Хамбург, Фуксе Берлин, ПСЖ, Монпелје, Нант, Алборг, Горење, Пик Сегед, Вардар, Висла Плок, а можни се уште по неколку екипи од Данска и Шведска да се пријават (тие имаат по еден куп изедначени солидни екипи ама многу тешко да добијат)
други квалификанти: шампионите на земјите од 14-27мо рангирани. Од овие појаки се Порто, Мотор Запорожје, Војводина, Татран Прешов и шведскиот шампион.

Меѓу овие треба да се најдат 9 екипи, прашање е за каков систем ќе се одлучат. Мое мислење е дека Вардар има огромни шанси да игра пак ЛШ, без разлика за кој систем ќе се одлучат. Исто можам да се обложам дека ќе има 4 германски екипи, ако не е Хамбург ќе биде Фуксе Берлин.

Еве објаснување за системот, а еве ја и табелата.
 
Ќе има придвижување сеа наредниве години, ако работиве продолжат по овој тек. Русија ќе отиде јабана, Хрватска мислам дека ќе има пад исто така. Би требало за едно две години Македонија и Полска да ги скокнат Хрватска, Швајцарија и Русија па можда да дојдат до Данска и Словенија. Посекако идната сезона кога ќе се смета резултатов од оваа сезона ќе отидеме над Хватска, Швајцарија и Русија.

Годинава Македонија би требало да има четврт најдобар коефициент после Германија, Шпанија и Унгарија. Жива глупост што во ваквото сметање не се смета последната сезона.

Али ракометот знае да биде променлив баш со тие „проектите“ што ги спомна, така да ќе видиме.
 
Од минаттиот период кога настапував за Вардар секогаш ќе ја паметам сезоната 2006/2007 кога нашиот тим настапуваше во КПК, и кога игравме против францускиот тим Иври. На гостински терен загубивме со седум гола разлика, а дома ги победивме дванаесет и тоа беше огромен успех. Тренер ни беше Веселин Вујовиќ, а помошник терен Аце Станковски, и тогаш го одиграв можеби најдобриот натпревар во дресот на Вардар, во мојата кариера.

Кој не ја памти таа утакмица, Михо вети гага пиво за цела сала ако го минеме Иври... :icon_mrgr:

п.с. @Vardarec 47 за муабетите што ги теравме прошла недела, Вукадиновиќ беше играчот што не можеше да ми текне како се презива :icon_mrgr:
 
Луд натпревар беше тоа, на крајот се пееше: Сите на пивооооо!!! :pos:
Михајло мислам беше најсреќниот човек во тие моменти
12.11.2006, 17:59
51ED944869460B42BD84656924D79A36.jpg

СИТЕ НА ПИВО, ВАРДАР ПРО ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО

Во реваншот од 3. коло од КПК, црвено-црните го декласираа Иври со 32:20 и целосно му се реваншираа за поразот во Франција

САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ

Озарено лицето на спонзорот Михајло Михајловски, ракометарите Вардар Про се пласираа во осминафиналето во КПК. Црвено-црните успеаја да го стопат минусот од седум гола (36:29) од гостувањето во Франција, откако во реваншот го декласираа тимот на Иври со 32:20.

„Сите на пиво“ скандираа „комитите“ колку да го потсетат Михајловски што вети на прес конференцијата пред натпреварот доколку неговиот тим ја прескокне француската пречка. А, човекот си остана на зборот и ги почести за поддршката што тие им ја дадоа на избраниците на Веселин Вујовиќ во текот на сите 60 минути.

Вардарци одиграа како по ноти, цврсто во одбраната, трпеливо и прецизно во нападот. Ги сведоа на минимум техничките грешки, а згора на тоа на голот го имаа младиот и одличен Даскаловски (17 одбрани), чии перформанси беа изненадување за сите во СРЦ „Кале“, па во една таква ситуација успехот беше неминовен. Јовиќ повторно беше најефикасен во редовите на Вардар Про со седум гола, шест постигна Наумче Мојсоски, а по четири пати во листата на стрелци се запишаа Коваленко, Додер и Алушовски. Мартиновиќ, кој нанижа девет гола на првиот меч, овојпат речиси и да не се забележа на теренот. Од 20 гола на Иври, тој даде само еден од пет обиди, Смаилагиќ ниту еден, а Оскарсон пет пати стрелаше прецизно. (С.Д.)

Вардар Про - Иври 32:20

Полувреме: 16:7. Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Судии: Игор Карлубик и Славомир Струхар од Словачка. Седмерци: Вардар Про - 2/2, Иври - 1/1. Исклучувања: Вардар Про - 12 минути, Иври - 14 минути. Технички грешки: Вардар Про - 4, Иври - 9. Црвен картон: Ришар во 56 минута (3х2 мин.)

Вардар Про: Даскаловски (17 одбрани), Докниќ (2 одбрани), Петковски, Ракчевиќ 2 (2/2), Недановски, Мајнов, Јовиќ 7 (5/8 од игра, 2/2 од 7 м.), Васјук 3 (3/3), Марковски 2 (2/2), Коваленко 4 (4/9), Додер 4 (4/10), Алушовски 4 (4/7), Н. Мојсоски 6 (6/8), Вукадиновиќ. Тренер: Веселин Вујовиќ.

Иври: Почуча (9 одбрани), Шапон, Ришар 4 (4/7), Мартиновиќ 1 (1/5), Сарни, Крепан, Мокрани 1 (1/1), Абало 4 (4/9), Оскарсон 5 (4/7 од игра, 1/1 од 7 м.), Мањин 1 (1/2), Тузолана 2 (2/4), Хаџали, Жилбер 2 (2/7), Смаилагиќ (0/2). Тренер: Стефан Имбрата.

:icon_mrgr:
 
ЕКИПИШТЕ :pos:
 
мене ме оперираа на овој ден и памтам прво будење од анестезија гледам смс со резултатот и не ми се веруваше, го оставив на масата тел и полежав малце, си викам што анестезија ми ставија со халуцинации ко нус појава :pos:

Додер, Ракчевиќ, Јовиќ, фаци :D
 
Доста интересна екипа имавте ,таа сезона,според мене една од најдобрите шо ја имал Вардар,Вујо покажа дека е тренер со визија,да на беше тој негов темперамент тврдам дека сега ќе беше тренер на некоја голема екипа.
Коваленко класа играч,топ имаше во раката,Мојсо,Ракчевиќ,Додер како главни звезди,+Докниќ,Вукадиновиќ за одбрана,Мајнов на десен,искусните Јовиќ и Алушевски,замена за Аљушот беше Недановски кој беше голем талент тогаш,Васјук замена за Ракчевиќ,Велко тогаш беше голем талент и добиваше голема минутажа од Вујо во напад,ако продолжеа да го форсираат наредните тренери шо дојдоа можи ќе биднеше нешто од него,остана one way играч,Даскаловски тогаш беше голман шо беше звезда во налет,ама ете и него го упропастија,а баш имаше потенцијал дечкото....
После Иври во 1/4 финалето налетавте на Босна,иако сите ја потценија и мислеа дека Вардар има шанси за 1/2 финале не беше така...
Хармандиќ,екс играчот на Вардар Мартиновиќ,Торомановиќ,голман Енид Тахировоќ,доста сериозна екипа беше Босна тие години...
 
Хармандиќ беше тој со косичето? Среден бек мислам им играше, сто гола ни даваше кога и да играме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom