Фан клуб - РК Вардар

Колку леви бека планираат да купат ,сите.Оваа сезона се купуваа крила,крила и голмани оваа изгледа само леви бекови.

Ако дојде и Доминиковиќ тоа се веќе 6 .Филип,Растворцев,Лацковиќ,Горбок,Абутовиќ и Доминиковиќ.Филип,Лацковиќ,Горбок и Абутовиќ беа повеќе од доволни за секој аспект од играта.
Заборавате колку шкрипевме на бек оваа сезона.... Рачунајте дека ќе се игра СЕХА,Европски куп, првенство.... А и дека дел од играчите играат за своите репрезентации. 2015 ќе има светско првенство.

За Лука јасно беше уште по најавите дека ќе доаѓа Шишкарев, само да не отиде кај педерите....
 
Прво, Доминиковиќ во Вардар мислам дека е полош трансфер од Мите Стоилов во Вардар.

Второ, мислам дека муабетов што го пушта екипа е гола вода и нема ништо во него. Така да ја не би се секирал нешто посебно.
 
Се најавуваат 4ца од Хамбург да преминат во Вардар

Лацкович,Маркович,Кањелас и Доминикович :D
 
Домениковиќ заборавил како е да се игра у напад,од него само некоја корист ако се извлече у одбрана,инаку непотребен трансфер.
 
Лацковиќ е официјален и не гоставајте во ист кош. Според мои информации Марковиќ нема да дојде. Доминиковиќ ВТФ? А Кањељас, јас не ги сакам ич шпанциве ама изгледа мора да му донесат другарче на Душебаев, ма да мислам дека овој последно што би избрал е Вардар а ќе има интерес за него.
 
3ца специјалисти за одбрана: Доминиковиќ, Растворцев, Абутовиќ
2ца за напад: Лазаров, Горбок
и 1 комплетен бек, ама со доста проблеми со повреди последно време: Лацковиќ

Кукоски гарант ќе си замине.

Милион играчи, хаос ќе биде. Уште не ми е јасно што е поентата со толку многу специјалисти за одбрана. Невозможно е сите да играат. Нема да ме чуди воопшто ако и Абутовиќ му ја дувни некаде...

П.С. Па уште и Кањељас ако се донеси... А би било убаво да се донеси оти тој е подобар од сите други...
 
По лошо засилување здравје, полошо и од оние украинците што ги носеше Михајло на времено. Колку и да бил успешен и да игра добро, не ни треба на таа позиција ќе ги трупаме ли само во тимот.
И дефинитно се е поочигледното заминување на Кукоски за жал.
Ако ова беше бомбата, ова на крај испадна од оние најмалине пиратки што ги фрлавме за нова година.

ПС Абутовиќ е сигурен потпиша до 2017 година.
 
Абе тресе глупости Екипа, како Доминиковиќ.

Единствено нешто за кое имаше информација на хендбол ворлд а сабајле пишав е дека "Киелце и Вардар имале контакт со Канелас"

Само Лацковиќ е потврден а се друго е шпекулација.
 
Се почнува од шпекулација, инаку да ме прашаат мене покрај Лацкович кој е официјален останати 3ца можат да бидат само Маркович,Кањелас и Линдберг :D а Шишка нека го враќаат уште одма
 
Се почнува од шпекулација, инаку да ме прашаат мене покрај Лацкович кој е официјален останати 3ца можат да бидат само Маркович,Кањелас и Линдберг :D а Шишка нека го враќаат уште одма
каков линдбер , какви засилувања, си го имаме Брумен кој растура
 
Екипата мора да бара голман, тоа е една од примарните работи, и уште поважно да се ослободи од оние голмани кои се непотребни, а тоа се Чаневски и Малумбрес.

На голмани треба да останеме на Милиќ, Диви и нов голман, кој се надевам ќе биде Штербик.
На левата бековска позиција според мене веќе нема потреба да се носат нови играчи. Едноставно ДОВОЛНО е.
Ги имаме Абутовиќ (стриктно одбрана), Кукоски (стриктно одбрана), Растворцев (скоро некорисен во напад, одличен во одбрана), Лацковиќ (во последно време повеќе е добар во одбрана отколку во напад), Горбок (според мене донесен како главна ударна игла во нападот од лева страна) и Лазаров (стриктно за напад).
Носење на Доминиковиќ кој патем е навлезен во години, е најголема глупост и пред се би значело губење на некој што игра одбрана или со други зборови тоа значи Мики ќе си оди од клубот...
Местото на Кукоски според мене секако виси во воздух и се надевам нема да го испуштат на крај :(
Ако си отиде, јас сум сто проценти сигурен дека следна станица ќе му биде Металург. А на нив таков играч им е потребен, во таа одбрана што ја играат за да може да игра кога нема да му оди на некој од двоецот Велко-Јоноски...
Значи носење на Доминиковиќ или бил кој друг играч на лева бековска позиција е ЛОШ ПОТЕГ.

На средна бековска позиција имаме само двајца играчи, Прибак и Карачиќ. Нормално дека и двајцата остануваат, а за оваа позиција сметам дека други играчи не ни требаат, бидејќи и некој од страничните бекови може добро да изигра како среден бек...

На десна бековска двајца играчи се сигурни за идна година. Тоа е Душебаев (стриктно напад) и Петриќ (очекувам повеќе во одбраната да добива задача), за кого сметам дека немаше потреба да остане во тимот. Терзиќ на последните мечеви покажа дека ако добива повеќе шанса може да биде нешто од него. Ако ништо друго би можел барем за МРК Вардар да игра, ако се отвори таков проект, и нормално ако самиот он сака да игра во тим од подолна лига... Во СЕХА лига секако ќе може да го земаат, ама потоа во Македонска лига нема да смее да игра за првиот тим на Вардар.
Тука ни треба играч што ќе игра цврста одбрана и пред се што ќе има разорен шут во нападот. Нема многу дилеми, игрчот кој ни треба е Жарко Марковиќ.

Пикерската позиција е онаа на која сигурно нема да има промени, бидејќи Стоилов, Чипурин и Тоскиќ ќе останат овде и наредна сезона. На лева крилна позиција истотака не очекувам големи промени, освен што можеби Недановски ќе го напушти клубот. Јас очекувам да остане и за наредна сезона леви крила одново да ни бидат Дибиров, Марковиќ и Недановски.
Прилично разочарувачки според мене е што направивме замена во десното резервно крило. Раковиќ беше одличен за резерва... Тука мислам дека нема дилеми дека Шишкарев ќе биде неговата замена... Ќе видиме само што ќе биде со Јовчевски, ама очекувам и тој да остане...
Па десни крила очекувам да ни бидат Брумен, Шишкарев и Јовчевски.

Заклучокот е дека не е убаво да се носат премногу играчи и да се прават премногу промени во составот.
Покрај Лацковиќ, Горбок и Шишкарев, на нас ни треба уште десен бек шутер (се надевам Марковиќ) и прв голман (се надевам Штербик).
 
@Коњаникот Сабја баш истово сакав да го пишам.. гледам се запалија сите почнаа да пишуваат Канељас, Линберг, Домининковиќ, да спомнуваат имиња а никој не размислува кој све имаме. Голман (Штербик) и десен бек (Марковиќ или некој сличен на него, висок, шутер, што знае да изигра и одбрана солидно) и тоа е тоа. Иначе, кога сме кај лев бек, секако отпаѓа некој, веќе сме пренатрупани таму, Кукоски или Растворцев ќе лета, а и Фичо ако остане ќе има многу мала минутажа со оглед на тоа што Лацковиќ и Горбок играат во двата правци а Фичо само напад.
 
Се слагам со тимскиот распоред на Коњаникот со тоа што ја би бил ок ако решат да го одврзат малце кесето нека пробаат да го земат Македа наместо Марковиќ.

Исто така би додал или уште еден десен бек шутер или уште еден централен за длабочина на составот.

Во случај на повреда на Карачиќ или Прибак остануваме само со еден играч таму и Душебаев што може да игра на среден, али па тогаш остануваме тенки на десен бек. Така да во ваква констелација на сили би било убаво да се проба да се земе уште еден левучар, десен бек во тимот за одлично покривање на бековските позиции.

Инаку настрана ова, ако им се укаже шанса и можност да се земе Кањелас тука не смее да има двоумење. Иако сме ок покриени со десничари и на среден, сепак Кањелас е светска класа и му дава нова димензија на тимот. Али којзнае дали е можно тоа... се знае дека за него ќе биде жестока конкуренција и многу ќе сакаат да го донесат во својот тим.[DOUBLEPOST=1401306603][/DOUBLEPOST]
@Коњаникот Сабја баш истово сакав да го пишам.. гледам се запалија сите почнаа да пишуваат Канељас, Линберг, Домининковиќ, да спомнуваат имиња а никој не размислува кој све имаме. Голман (Штербик) и десен бек (Марковиќ или некој сличен на него, висок, шутер, што знае да изигра и одбрана солидно) и тоа е тоа. Иначе, кога сме кај лев бек, секако отпаѓа некој, веќе сме пренатрупани таму, Кукоски или Растворцев ќе лета, а и Фичо ако остане ќе има многу мала минутажа со оглед на тоа што Лацковиќ и Горбок играат во двата правци а Фичо само напад.

Дај Боже да грешам али ја очекувам Лацковиќ да помине едно 60% од сезоната во повреди или опоравување од повреди :)
 
Се слагам со тимскиот распоред на Коњаникот со тоа што ја би бил ок ако решат да го одврзат малце кесето нека пробаат да го земат Македа наместо Марковиќ.

Исто така би додал или уште еден десен бек шутер или уште еден централен за длабочина на составот.

Во случај на повреда на Карачиќ или Прибак остануваме само со еден играч таму и Душебаев што може да игра на среден, али па тогаш остануваме тенки на десен бек. Така да во ваква констелација на сили би било убаво да се проба да се земе уште еден левучар, десен бек во тимот за одлично покривање на бековските позиции.

Инаку настрана ова, ако им се укаже шанса и можност да се земе Кањелас тука не смее да има двоумење. Иако сме ок покриени со десничари и на среден, сепак Кањелас е светска класа и му дава нова димензија на тимот. Али којзнае дали е можно тоа... се знае дека за него ќе биде жестока конкуренција и многу ќе сакаат да го донесат во својот тим.

Ја би му дал на Терзиќ поголема шанса, мислам дека има потенцијал дечкото. На среден бек би земал некој млад, перспективен, ако имаат од школа некој уште боље, ќе треба одмор за Карачиќ и Прибак во СЕХА и во домашно првенство.. Клучно е голман и десен бек, а добро би ни дошол и плус некој играч ако улета без оштета
 
На среден бек како за последни 10-15 минути од сеха лига, би сакал да се проба со Ончев. Он треба комплетно да се прекоманда во прв тим и да осети што го очекува. Повеќе ќе научи од Карачиќ, Прибак, Душебаев отколку во младинска лига.
Исто и голманчето Кизиќ може да биде 4та опција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom