Екипата мора да бара голман, тоа е една од примарните работи, и уште поважно да се ослободи од оние голмани кои се непотребни, а тоа се Чаневски и Малумбрес.
На
голмани треба да останеме на
Милиќ,
Диви и нов голман, кој се надевам ќе биде
Штербик.
На
левата бековска позиција според мене веќе нема потреба да се носат нови играчи. Едноставно ДОВОЛНО е.
Ги имаме
Абутовиќ (стриктно одбрана),
Кукоски (стриктно одбрана),
Растворцев (скоро некорисен во напад, одличен во одбрана),
Лацковиќ (во последно време повеќе е добар во одбрана отколку во напад),
Горбок (според мене донесен како главна ударна игла во нападот од лева страна) и
Лазаров (стриктно за напад).
Носење на Доминиковиќ кој патем е навлезен во години, е најголема глупост и пред се би значело губење на некој што игра одбрана или со други зборови тоа значи Мики ќе си оди од клубот...
Местото на Кукоски според мене секако виси во воздух и се надевам нема да го испуштат на крај

Ако си отиде, јас сум сто проценти сигурен дека следна станица ќе му биде Металург. А на нив таков играч им е потребен, во таа одбрана што ја играат за да може да игра кога нема да му оди на некој од двоецот Велко-Јоноски...
Значи носење на Доминиковиќ или бил кој друг играч на лева бековска позиција е ЛОШ ПОТЕГ.
На
средна бековска позиција имаме само двајца играчи,
Прибак и
Карачиќ. Нормално дека и двајцата остануваат, а за оваа позиција сметам дека други играчи не ни требаат, бидејќи и некој од страничните бекови може добро да изигра како среден бек...
На
десна бековска двајца играчи се сигурни за идна година. Тоа е
Душебаев (стриктно напад) и
Петриќ (очекувам повеќе во одбраната да добива задача), за кого сметам дека немаше потреба да остане во тимот.
Терзиќ на последните мечеви покажа дека ако добива повеќе шанса може да биде нешто од него. Ако ништо друго би можел барем за МРК Вардар да игра, ако се отвори таков проект, и нормално ако самиот он сака да игра во тим од подолна лига... Во СЕХА лига секако ќе може да го земаат, ама потоа во Македонска лига нема да смее да игра за првиот тим на Вардар.
Тука ни треба играч што ќе игра цврста одбрана и пред се што ќе има разорен шут во нападот. Нема многу дилеми, игрчот кој ни треба е
Жарко Марковиќ.
Пикерската позиција е онаа на која сигурно нема да има промени, бидејќи
Стоилов,
Чипурин и
Тоскиќ ќе останат овде и наредна сезона. На
лева крилна позиција истотака не очекувам големи промени, освен што можеби Недановски ќе го напушти клубот. Јас очекувам да остане и за наредна сезона леви крила одново да ни бидат
Дибиров,
Марковиќ и
Недановски.
Прилично разочарувачки според мене е што направивме замена во десното резервно крило. Раковиќ беше одличен за резерва... Тука мислам дека нема дилеми дека Шишкарев ќе биде неговата замена... Ќе видиме само што ќе биде со Јовчевски, ама очекувам и тој да остане...
Па
десни крила очекувам да ни бидат
Брумен,
Шишкарев и
Јовчевски.
Заклучокот е дека не е убаво да се носат премногу играчи и да се прават премногу промени во составот.
Покрај Лацковиќ, Горбок и Шишкарев, на нас ни треба уште десен бек шутер (се надевам Марковиќ) и прв голман (се надевам Штербик).