- Член од
- 11 ноември 2012
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 4.514
@bbbbb, капата долу мајсторе. И јас бев огорчен после утакмицата, иако да бидеме реални имавме одличен резултат против Хамбург.. кој со Комити на трибина ќе беше барем +3 за Вардар.
Во продолжение цитирам дел од колумната од според мене еден од најдобрите македонски спортски новинари, Милорад Стојмановски:
4. За првпат во историјата на македонскиот спорт една навивачка група беше условена да биде легитимирана за да влезе на еден натпревар. „Комитите“, и не само тие, беа зачудени од постапката на организаторот на средбата од осминафиналето на ЛШ во ракомет Вардар – Хамбург. Грда беше сликата во салата во која и покрај петте илјади гледачи, како да беше празно без заштитниот знак на клубот последниве две ипол децении.
Сме пишувале секакви текстови за најстарата и најголемата навивачка група кај нас, и со критика кога ќе претераат, и со осуда кога прават инциденти, но и со фалба кога биле навивачи за пример кои го подигале клубот од пепелта до ѕвездите.
“Комитите“ излегоа со соопштение дека ќе страдаат, ама не се предаваат. Вардар, кој не може ни да се замисли без своите најверни фанови, најчесто застанувал зад нив, некогаш дури и буквално, како што беше примерот со екс-тренерот Веселин Вујовиќ, кога се истопори како жив штит пред полицајците кои тргнаа кон немирниот дел од трибината. И новиот сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко, исто така, ги заштити најверните навивачи кога се случи инцидентот на средбата со Металург. Што ли ги смени работите пред овој клучен натпревар за црвено-црните?
Официјалното соопштение беше дека легитимирањето било задолжително според новиот Закон за насилство, бидејќи средбата била од висок ризик.
Како и да е, РК Вардар повлече потег од „висок ризик“. Да не испадне дека бил кикс-фактор?