F
FARANG
Гостин
Не би рекол дека не може ,за пример ќе го земам Медвешчак од Загреб.Хокеарски клуб од НЕ-Хокеарска земја кој ја има распродадено цела сала до крај на сезона и има еден тон спонзори.
Проблемот е дека би требало да го водиш тимот како бизнис.Кај нас сите спортски структури се навикнати да работат на моделот дај ми пари и ние да си играме.Нека го викнат и најбедниот менаџер од Америка па да видите следната сезона какви се промоции и начини да ти ги извадат парите од џеп би немало цела сезона.Во Македонија може нема многу пари во џеповите али ракомет е релативно ефтин спорт со 3+ милиони буџет би можел да имаш сосема респектабилен тим.Проблемот е што и да го водиш како бизнис лимитот во ракомет ти е да работиш со ептен мала профитабилност додека од друга страна инвестициите кои треба да се направат за воопшто да се работи со таква мала профитабилност се големи.
Не зборев за 400-500 000 навивачи него фанови. Значи луге кој го следат Вадар колку толку. Мислам дека толку не има. 700 000 Скопје тргни шипци и понекој закоравен навивач за помалите клубови остатокот е сепак ВАРДАР. Додај и она малку што остана надвор од СК и имаш цифра горе доле толку. По тоа се водев. Во МКД се тие СД ВАРДАР, обично тој што прати спорт прати и фудбал и ракомет и кошарка. Нормално некој спорт повеќе некој помалку ама кога има успех се се прати.
Иначе БАШ тоа беше целта. Значи не ми беше цел ајде да надуваме цени па некој тука лично се сфатија ко да јас ќе ги бркам од сала или ете управата од мене чека цена
. Поентата беше да видиме дали ако се води клубот како треба (како бизнис) дали е изводливо и колку може да сме финансиски независни од газди/главни спонзори. Тоа е она што ни фали добар спортски менаџмент, ние немаме ни основна престава колкав ни е пазарот, колкав процент држиме, како да комуницираме со него. Металург тоа подобро го прави треба и ние да почнеме. Имаме одлична база на навивачи и фанови, гревота е да не го искористиме тоа.[DOUBLEPOST=1394305767][/DOUBLEPOST]
Не не, нормално дека неможе само од карти, јасно ми е тоа.
Него, веќе кога сме кај другите спортови, германците во фудбал се класичен пример како треба да се работи. Ниски цени, еден куп бенефиции на навивачите, и затоа имаат 99 посто посетеност. Затоа и најголем дел од клубовите во бундес немаат воопшто долгови(ретка работи за фудбалски клуб).
Значи, они не гледаат да заработат на навивачите, според концептот на Фаранг, туку гледаат да им удоволат на нив. Затоа и самите навивачи се благодарни за тоа, па кореографии и слични ствари, сами си прават, иако клубовите им се нудат дури и за тоа.
А во едно нешто ќе се согласам со него и со другиот член, дека требаше поголема да се направи салата во Аеродром.
Ако за БТ кога ја правеа 2007ма, никој не се ни надеваше дека ке се наполни на било каков настан, сега кога веќе имаме 2 врвни ракометни клуба, МЗТ што учествувава во АБА и Еврокуп, солидни репрезентации во ракомет и кошарка, ЖРК исто така со високи аспирации, дефинитивно имаше потреба за поголем капацитет.
Германскиот модел работи, ама работи и англискиот. Таму карта е 10 пати поскапа од германија и стадионите се исто полни. Потребно е да се дојде од еквалибриум ако ме прашаш мене ни гермаците (можат да качат карта) ни англичаните (треба да спуштат, претераа) не работат правилно. Тука некаде доага она - ШТО САКАМЕ? Дали сакаме успех (англичаните со нивниот модел имаат каде каде повеќе успех во европа овие 20 години) или сакаме стрпливо да се градиме? Дали може да успее едниот или другиот модел кај нас?
Последно уредено од модератор:

