ЕБР не го бараше тој што го погоди Дибиров, зашот, упаљачот од кај што долета беше сосема на друга страна од кај што ЕБР реагираше.
Брат, ЕБР е специјална единица и ти во ниеден случај не можеш да знаеш зошто тие влегле од една или друга страна
Не го оправдувам безпотребното мавање пендраци и мислам дека тоа најчесто го прават пеповците, зошто и самите се уплашени...зошто нели, тоа е обична полиција на која им е дадена дополнителна опрема, ништо повеќе.
Според тебе, зошто влезе ЕБР и ве одвои на две групи, па после 2-3м пак ве пушти да се споите? Сериозно не знам, ме интересира. Мислам дека го направи тоа за да ја разбие толпата...а се преместував тој период и не можев баш да видам што се случува на трибина...зошто и од сам старт седев одма до Комити.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 23:43 ---
Комита Ултрас, не знам дали се однесува на мене ама моето мислење е неколку места погоре...каде што јавно кажувам дека ги почитувам Комити како навивачка група и нивната идеологија, посветеност.
Тоа што сами меѓу себе не си решавате надвор, туку во сала, прави да имате лоша слика пред народот, пред ЕХФ. Како јас на мајка ми конкретно да и објаснам дека 2-3ца 35 годишни Комити имаат проблеми од 96та со утакмицата против Партизан, кога патувале со воз, во третиов вагон, второ купе...едниот го погледна попреку и сеа ќе се тепаат на трибина, во 2014та.
ЕХФ мислиш дека ги интересира?
Точно, мислам дека цела ЕБР беше во сала, премногу ама не можеш брат да го обвиниш зошто реагираат и да викаш „да ги остават сами да си решат проблем“ зошто не напаѓале противнички навивачи или играчи..и што јас знам. Мора да реагираат, за да не ескалира...може да се прошири...свесен си и сам.
Жално е, пак ќе кажам што поради поединци се валка името на Комитите, жално е.