Фан клуб - РК Вардар

и по сајтови читав јас дека е ново правило и мора да добие за тоа црвен..
не е ново,уште пред 4 години се донесе ова правило,а првиот црвен картон по новото правило го доби руската голманка Седојкина на европското во данска за жени
 
Имаше минимален контакт друже...ако излезе снимка од тој момент ќе се увериш. :)
За болдот прочитај го постот на Ацид. :)

Баш убаво ќе припазам на секој детал, да видам во кој момент и дали имаат контакт, во моментов убеден сум дека немаше контакт, зашо сварно од кај мене убаво се гледаше ситуацијата, е сеа можда нешо да не сум виддел некој таков ситен контакт.:)
 
Браво за тимот на Вардар. Секоја чест за пожртвуваноста на играчите.
А за дечиштата кои добиваат карти од комити и доаѓаат пијани на трибини и потоа не знаат што прават немам коментар. Навистина треба да се запрашате кому ги давате картите. Мочковци ќе испијат 2 пива е доаѓаат да прават проблеми на натпревар, неверојатно. Само што влегов на трибина веднаш се степа еден од водачите со едно детиште. Навистина и најмало туркање од далеку изгледа како да се руши трибината, иако не е така ама е доволно да се испровоцираат педерчињата џандарски. Не ми е криво што влегуваат на трибини со пендреци, затоа што навистина некои тоа и го заслужуваат ама да се удира без контрола по деца и девојки...
Крв да серат тие што маваа по децата.
 
Одличен е Вардар под Гонзалес. Ако продолжи ова вака ја сум убеден дека ќе биде пекол во Париз и борба за второ место. Екипата игра одлично и организирано се користат пикерите што ни голем адут. Исто запамтете дека игравме без Душебаев :)

Играта во напад добива одличен тек и транзиција на топка. Се создаваат шанси и помалку се игра на индивидуалност а колективот работи како машинерија. Одбраната исто игра поцврсто и пофлексибилно.

На сите ни е јасно дека Вардар и овој состав има голем потенцијал. Јас верувам дека Гонзалес ќе го извади најдоброто од нив.

Од идната сезона со најмалку еден бомбардер (Горбок) во тимот и здравје боже квалитетен голман ќе жареме и палеме по Европа :D

За немилите настани што веќе станаа пракса последниве натпревари нема што да додадам што не е веќе кажано. Најголем губитник дефинитнво е Вардар и сите ние.
 
Браво за тимот на Вардар. Секоја чест за пожртвуваноста на играчите.
А за дечиштата кои добиваат карти од комити и доаѓаат пијани на трибини и потоа не знаат што прават немам коментар. Навистина треба да се запрашате кому ги давате картите. Мочковци ќе испијат 2 пива е доаѓаат да прават проблеми на натпревар, неверојатно. Само што влегов на трибина веднаш се степа еден од водачите со едно детиште. Навистина и најмало туркање од далеку изгледа како да се руши трибината, иако не е така ама е доволно да се испровоцираат педерчињата џандарски. Не ми е криво што влегуваат на трибини со пендреци, затоа што навистина некои тоа и го заслужуваат ама да се удира без контрола по деца и девојки...
Крв да серат тие што маваа по децата.

Од една страна ги напаѓаш децата и викаш дека се виновни за инцидентите,а од друга страна викаш дека не требало да се мава по нив. :confused:

Реално гледано на ваквите утакмици голем дел од тие што идат со Комити се тешки сељачишта и да сум јас одговорен за безбедноста на утакмицата таквите би ги срамнил со земја на сред утакмица без око да ми трепне.Мора еднаш за секогаш да се решат некои внатрешни проблеми и поединци да бидат избркани од групата затоа што заради таквите најчесто го јаде некој што не е ни крив ни должен.Што ако денес беше погоден судијата ? Свесни сте во какви проблеми ќе беше Вардар ? Свесни сте дека заради таквите ретардрани фаци целиот труд на ракометарите може да пропадне во вода ? Кој гарантира дека на Дибиров нема да му дојде преку глава од ова и дека утре нема да го напушти тимот ? Кој гарантира дека на Самсоненко нема да му дојде преку глава од ваквите инциденти и нема да го напушти тимот ? Кога конечно се најде асален спонзор кој очигледно сака успех и спремен е да фрли големи пари за Вардар да стане име во Европа ќе застанеме на страната на оние што очигледно се против тоа ? До сега 1.000 пати сум кажал и пак ќе кажам...треба еднаш ЕБР да ја прикажат на дело својата вистинска сила и нареден пат ако има способни да стојат на трибина да размислат едно 100 пати пред да фрлат предмет на теренот.Очигледно е дека овој стока народ не се разбира од збор и иако можеби е нечовечки,но мислам дека пендраците и газењето со чизми на трибина ќе завршат огромна работа.Штета ќе биде што најголемиот дел од тие што ќе го изедат стапот ќе немаат никаква вина ама во ситуација како онаа денес ретко кој би размислувал за тоа.
 
I

Тепани беа деца од 8-10 години, а пијат "деца" од 18-20 години. Моја грешка, требаше наводници да ставам. И мене ми е преку глава од проблемите на трибини, никого не оправдувам.
 
I

Тепани беа деца од 8-10 години, а пијат "деца" од 18-20 години. Моја грешка, требаше наводници да ставам. И мене ми е преку глава од проблемите на трибини, никого не оправдувам.

Да не мислиш на средношколците ?

Ако мислиш на нив тогаш тие се дефинитивно посебна група која што си бара асален ќотек и после тоа да ги пуштиш во пустина да испоцркаат.Поневоспитани копилиња од нив не постојат.Во страшен филм се влезени децата и за нивно добро ќе биде ако се најде некој што ќе им го избрише тој филм од главата.Овие после секоја утакмица започнуваат со кршење на улични сијалици,семафори,автобуски станици и слично,а после тоа во автобус редовно ги кршат сијалиците и столчињата.И не само после утакмици...за викенди истите тие ршум прават по ноќниве линии и партали ги прават автобусите.Целосно испуштени се од рацете на нивните родители и мислат дека го ослободиле Скопје па ќе прават што сакаат.

п.с Да не се разбереме погрешно...срамота е во 21век одредени работи да се решаваат со ќотек од страна на полицијата ама кога веќе ситуацијата е излезена од контрола тоа е единственото решение.Јасно ми е мене и дека има ситуации во кои што и полицијата е таа што провоцира или чека на најситен кикс за да удри од Х причини ама тоа е цел круг и да не одиме оф топик на тема на која што треба да се пишиува за успесите на тимот. :)
 
Страв ја фати мајка ми, моравме да се префрлуваме позади гол. Мисирот ја уништи атмосферата, нит навување...ништо. Ццц со вакви поединци си го валкате името. Ги почитувам сите навивачи, сите оние искрени поддржувачи не само на Вардар, туку општо али од вакви ми се сере...
Ај, мисирот со друштво, па да не ја правите циганската и да се тепате таму, да ја решите после утакмица ама зошто, кога влезе полицијата да го бара мисирот, не се тргнавте сите на страна, не покажавте со прст...да го соберат...ако некој се противи од другарите негови 2-3 пендраци и чао, пријатно.

Си го валкате името.....а може и забрана да добиете од ЕХФ за публика на домашен терен па тогаш ќе биде пушење работата...

П.С. Бидете среќни што ви ги немаат пратено ЕСЗ да ве раздрмаат ради такви морони како тој што фрли со паричка, него ви пуштаат пеповци и ЕБР.
 
ПАЗЕТЕ ДА НЕ ПОЧНЕТЕ И ЖЕНИ РАКОМЕТАРКИ (ВО СЛУЧАЈОВ ВАРДАРКИ) ДА МАВАТЕ ПО НАТПРЕВАРИТЕ..
 
Не очекував ваков резултат, идеме на второ место во групата. Ајде ајде Вардаре!!!

п.с. Се надевам дека против Тун ќе се игра без публика...
 
Страв ја фати мајка ми, моравме да се префрлуваме позади гол. Мисирот ја уништи атмосферата, нит навување...ништо. Ццц со вакви поединци си го валкате името. Ги почитувам сите навивачи, сите оние искрени поддржувачи не само на Вардар, туку општо али од вакви ми се сере...
Ај, мисирот со друштво, па да не ја правите циганската и да се тепате таму, да ја решите после утакмица ама зошто, кога влезе полицијата да го бара мисирот, не се тргнавте сите на страна, не покажавте со прст...да го соберат...ако некој се противи од другарите негови 2-3 пендраци и чао, пријатно.

Си го валкате името.....а може и забрана да добиете од ЕХФ за публика на домашен терен па тогаш ќе биде пушење работата...

П.С. Бидете среќни што ви ги немаат пратено ЕСЗ да ве раздрмаат ради такви морони како тој што фрли со паричка, него ви пуштаат пеповци и ЕБР.

ЕБР не го бараше тој што го погоди Дибиров, зашот, упаљачот од кај што долета беше сосема на друга страна од кај што ЕБР реагираше.
 
нема некоја филозофија,има камерче горе што снима и глеа кој што праи на трибина и ако сакаат може да ги фатат сите.
Не се толку наивни џандарите за да мислат дека со влагање на трибина и апсење ќе прекинат инцидентите;)само се разгорува.Не за џабе влегоа на полувреме,коа пола трибина беше празна.
Не знам што очекувате комити да водат сметка кој што фрла,навивачи се не се судии и џандари.Има човек кој зима плата и треба да си ја заврши работата за да не лета свашта од секоја трибина не само од навивачката.Па уште воџата ќе бркал кој ќе фрли:pos: цело полувреме 1 човек не можеа да го спречат да се тепа па израчунајте ја моќта на навивачките групи и воџите во македонија.Ако уште не сте убедени,гледајте ги фемили во директен дуел без џандари :icon_lol:
 
Нема да коментирам за утакмицата се е кажано, а во врска со инцидентите како член на групата сакам да објаснам некои работи во мое име.

1. Паричката, упаљачот и Дибиров.

Поединци не ја сочинуваат групата. Исто како што за форумов еден член ако се понаша кретенски не значи дека и форумот е таков. Не значи дека ако у друштво имам сељаци и јас сум сељак и други глупи прости примери. На состаноци и на самите утакмици по 100 пати се кажува да не се фрла на терен. Пред се заради тоа што
- Може наш играч да настрада(како во случајов)
- Може да ја прекинат утакмицата
- Може да ја испразнат салата
- Противничкиот тим може да се повлече
- Да се казни клубот

Секој совесен навивач т.е. Комита го знае ова и го почитува и се држи до тие правила. Секаде имало испади и понатака ќе има очигледно уште долго време. Се сложувам дека е дебилно и идиотски не знам како да кажам. Но да се оцрни цела група поради некои поединци не е во ред.

2. Инцидентите со ЕБР

Се случи што се случи. Во многу наврати агресијата е истурена врз нас. Кој сака нека верува кој не немора, никој не го тера. Дур не дојдете на трибина со Комити немате право да коментирате и да кажувате дали ние сме криви или полицијата. Женски што никогаш не сум преферирал да носам со Комити баш ради вакви муабети сум ги носел за да се уверат, и те како го менувале после тоа мислењето.

Точно е дека поединци во групата прават испади поради икс причини. Ако добро забележите ќе видите дека вакви случки има само на масовна бројка. Не го оправдувам нивното однесување но во јадро од 2000 души лесно може да се деси нешто вакво како денес. Голем број од членовите поготово од постарите си имаат нерасчистени сметки од порано, но пак ќе кажам трибината не е место тоа да се расчисти. Но алкохолот и супстанциите си го прават своето и се дешава тоа што се дешава.

Но...

Океј не е проблем нека интервенираат ЕБР, но нема што да се меша во групата, групата е тука и си го решава проблемот, а не они да напаѓаат. Како прво не напаѓаме противнички навивачи нити гледачи туку мал проблем меѓу некои членови. Се е океј кога реагираат кога има потреба должност си е должност нели. Се надевам од тие што коментирате еден ден вашите деца ќе станат дел од навивачка група и ќе сфатите за што збориме. Удри слободно каде што треба но деца? Жени? После на вести Комитите биле тие што напаѓале жени и деца, ма дај... Поголеми мажи се осеќаат очигледно кога напаѓаат каде што можат. Зошто никој не се запрашал каде се истиве џандари да ги обезбедуваат натпреварите во Тетово и никогаш ниедна група неможе да отиде во Тетово само затоа што праѓаат писма дека натпреварот е од висок ризик и неможат да го обезбедат, абе ајде?

Ова е таа слободна држава што не забранува слобода на говор и движење?

Чисто информативно, за тие пред малите екрани и од спротивните трибини. Дали знаете што се случуваше позади трибинскиот простор? Сте виделе повеќе желки него Комити? Јас да. Вриеше. По интервенцијата поради наши уапсени членови сакавме да напуштиме, ама неможевме ни во тоалет. Ама никој не коментира дека они ни забранија слобода на движење. Е затоа секогаш ќе ве жалам вас што секогаш не критикувате, а не сте биле ни од блиску во ваква ситуација и да ја согледаде реалноста.

Напред Вардар !!
 
ЕБР не го бараше тој што го погоди Дибиров, зашот, упаљачот од кај што долета беше сосема на друга страна од кај што ЕБР реагираше.

Брат, ЕБР е специјална единица и ти во ниеден случај не можеш да знаеш зошто тие влегле од една или друга страна :)

Не го оправдувам безпотребното мавање пендраци и мислам дека тоа најчесто го прават пеповците, зошто и самите се уплашени...зошто нели, тоа е обична полиција на која им е дадена дополнителна опрема, ништо повеќе.

Според тебе, зошто влезе ЕБР и ве одвои на две групи, па после 2-3м пак ве пушти да се споите? Сериозно не знам, ме интересира. Мислам дека го направи тоа за да ја разбие толпата...а се преместував тој период и не можев баш да видам што се случува на трибина...зошто и од сам старт седев одма до Комити.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 23:43 ---
Комита Ултрас, не знам дали се однесува на мене ама моето мислење е неколку места погоре...каде што јавно кажувам дека ги почитувам Комити како навивачка група и нивната идеологија, посветеност.

Тоа што сами меѓу себе не си решавате надвор, туку во сала, прави да имате лоша слика пред народот, пред ЕХФ. Како јас на мајка ми конкретно да и објаснам дека 2-3ца 35 годишни Комити имаат проблеми од 96та со утакмицата против Партизан, кога патувале со воз, во третиов вагон, второ купе...едниот го погледна попреку и сеа ќе се тепаат на трибина, во 2014та.

ЕХФ мислиш дека ги интересира?

Точно, мислам дека цела ЕБР беше во сала, премногу ама не можеш брат да го обвиниш зошто реагираат и да викаш „да ги остават сами да си решат проблем“ зошто не напаѓале противнички навивачи или играчи..и што јас знам. Мора да реагираат, за да не ескалира...може да се прошири...свесен си и сам.

Жално е, пак ќе кажам што поради поединци се валка името на Комитите, жално е.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom