Фан клуб - РК Вардар

Не знам зошто не го сакавте Диви на гол.

Честитки за победата, покажа Вардар дека сезонава може да стигне можеби и до топ 8 во Европа (y)
 
Dibirov majstore,koj asistencii gi ima :D

Sent from my C2105 using Tapatalk
 
Пак се издрогирал Дибиров :D 10 гола
Добар меч, со по неколку судиски грешки на штета на двете екипи...
 
Нека го земат @bbbbb за преведувач пошто овој што е сеа е малку спор. :D

хахах:D. Претпоставувам дека од тој аспект малце поспоро ќе одат работите. Ќе му треба време да научи некој збор македонски, а англиски не верувам дека збори подобро од Ортега, за кого е научна фантастика да каже цела граматички точна реченица.

Него Карачиќ зошто не влезе денес? Повреда или?

Денес ми се допадна како изигравме во минутите со играч помалце. Мислам дека во скоро сите напади дадовме гол од добро организирани акции. Треба уште да се јаде, но во добри раце сме и не се сомневам воопшто во напредокот.:)
 
Добра партија денес на нашиве.Со пола постава ги тепавме овие бе :)Искрено кој знае што е со Карачиќ?
Добри ротации на тренеров и во прав момент бараше тајмаути.Вака на прв поглед ми се чини дека ќе го биде ;)
Одлични партии на Дибиров и на Брумен.Абутовиќ јеботе :eek: може да распали човеков, треба се почесто да го играат и во напад.
Второ полувреме Веспрем се стегнаа у одбрана си викам готови сме ќе не изедат и ни направија пресврт.
На моменти водеа и со 2-3.Повторно се враќаат со наша помош :D
Колку само крева онаа "Ајде ајде Вардареееее...." (y)
На крај последните десетина минути рутински си го чувавме водството од гол-два разлика и тепавме со конечни 30-28
Уфффф ајде нека дојде уште само еден класа голман и да газиме наредна сезона :vozbud:
 
Добра утакмица :)

Гледам и нов среден бек сме добиле :D

Се изигра солидно и добро како во напад така и во одбрана... Дибиров се гледа не се плаши да преземе одговорност и дека му недостигало играњето ракомет последниов месец, па човек да го оставеше ќе изиграше и уште едно полувреме. Ме шокираа неговите асистенции до пикер:cuc: . Столе не доби некоја посебна минутажа и во напад ако не се лажам скоро ич не изигра.

Се осеќа недостаток на добри бекови кај нас. Многу тешко им оди на Абутовиќ и Петриќ со подобри екипи, а посебно голема мака е што немаме бек шутер. На „не-пријателска“ утакмица со поцврсто играње ќе биде проблем слабата бековска линија, посебно периодов додека не дојде Дујшебаев. Гомцето ми замрзна малце кога видов дека и Брумен се жали на повреда... уште тоа ни фалеше.

Најверојатно изненадувањево со Дибиров на среден бек ни го спреми Раул, па ќе видиме што ќе спреми за Минск. Впрочем и сам изјави дека ќе има промени во играта (што ми се свиѓа). Некако од оваа утакмица приметив дека поголем дел од играта за разлика од порано на реализација одеше преку прикер, што би било добро бидејќи имаме три квалитетни пикери.

Веспрем добри, може и малку резервирани.. имаат многу брзи бекови, посебно Chema и Ruega па и Џамали.. се виде дека Столе нема шанса со нив во одбрана, каде што на два пати извиси, истите го пратија Абутовиќ неколку пати по пиво и цигари.

Инаку..... дали некој знае зошто Карачиќ го немаше??

Добро деби на Раул на клупата, ја барем од играта сум генерално задоволен иако беше пријателска. Допрва ќе гледаме како ќе се развива играта. Веќе во понеделник прв тест со Тартан и после огнено крштевање со Динамо Минск.

Кале солидно посетена и скоро целосно полна, моја процена околу две илјади имаше, што е одлично знаејќи дека беше пријателска и дека се играше од 6 саат во петок, кога секој сака дома да си оди да се одмори, да јаде и да се спреми за искачање.
 
Коментаторот кажа дека Карачич не тренирал и вчера бидејќи се пожалил на болки во пределот на стомакот али не било ништо сериозно мислам. Бил на трибина денес заедно со Душебаев и Лазаров.
 
Да, Карачиќ беше на трибина. Заедно со останатите. Јеботе, у моментов повеќе играчи имавме на трибина него на терен. :)

Инаку, одлично ги измеша играчиве Раул. Особено кога го стави Тимур среден бек. Асистенцијата на Дибиров до Чипурин во моментот кога го излажира дека го повикува Прибак да вкрстат... :cuc: На Унгарциве не им беше јасно што им се случи.

Исто интересна комбинација беше кога Марковиќ го стави десно крило, а Брумен десен бек. Или кога заедно во одбрана играа Дибиров и Марковиќ. Најдобрите крадци на топки кај нас. Па нека се обидуваат со рискантни пасови нашите противници.

Абутовиќ на почетокот на првото полувреме грешеше во нападот, ама како течеше утакмицата беше се подобар и подобар. Добро распали, пет комада.

Во секој случај, Раул го оствари тоа што го имаше најавено. Дека ќе се обиде да уигра некои комбинации. И колку и Веспрем да не играше со полна снага, сепак успеавме да ги совладаме. Тимот кој од 7 натпревари во ЛШ е единствениот со 7 победи. Доволно е околу силата на противникот.
 
Па и ние игравме исто без поал играчи, и нашиве не форсираа до последен атом. :)

За експериментот со Марковиќ на десно крило мене не м исе свиѓаше баш, подобро Раковиќ да играше али добор, па може идеше во одбрана да добие на висина и цврстина.
ШТо сум гледал јас бе, кога даде Абутовиќ 5 гола, јас само последниот се сеќавам што го даде. :pos:
 
Abe onaj spaneco tret golman li e.slabo minutaza deneaka..

Sent from my C2105 using Tapatalk
 
Па и ние игравме исто без поал играчи, и нашиве не форсираа до последен атом. :)

За експериментот со Марковиќ на десно крило мене не м исе свиѓаше баш, подобро Раковиќ да играше али добор, па може идеше во одбрана да добие на висина и цврстина.
ШТо сум гледал јас бе, кога даде Абутовиќ 5 гола, јас само последниот се сеќавам што го даде. :pos:

Држи и твојот муабет. Точно е дека и ние не се форсиравме ко за ЛШ. И ко што спомнав, повеќе од играчите ние беа на трибина ради повреди, отколку на терен. :)

Инаку, и мене ме зачуди што Раковиќ не играше на десно крило, кога го шалташе Брумен на десен бек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom