Фан клуб - РК Вардар

Па лесно може најголем добитник во ситуацијава да испадне РК Вардар, аналогнона примерот на ЖРК. Ако Самс повеќе се посвети на фудбалот (ма да сезонава нема теорија да се замара со вукојебинскава лига) а ракометот го остави на „стручни“ луѓе ко што направи со ЖРК, не би требало да се случуваат турбуленции ко до сега. Инаку Раул веќе по трет пат го најавуваат како иден тренер... :cautious:
Добро, во ЖРК од почетокот е во здрави раце, Индира е од самиот почеток главна, Нацева исто, и други ракометарки од Кометал, тука веќе се поставени во самиот старт основите и нема што да се коментира понатака. Сега и Нацева е во РК Вардар, па може и таму ќе потегне за средување на играчки и организациски план. Ќе видиме...
 
Ќе има и четврта трибина,само што четвртата трибина е врз помошното игралиште ( за 2000 ) кое е под земја и требало целото да биде изградено пред да се направи и таа.
 
http://rkvardar.com.mk/mk/news/vardar/740-2014-01-22-09-46-53

Прес конференција на која ќе бидат презентирани новиот тренер на RK Vardar и новиот спортски директор на ЖРК Вардар СЦБТ.

Во соопштението пишува 23 декември 2013 година :D
Сме имале тренер и го соопштиле само не сме знаеле :D
 
На 31ви јануари пријателска Вардар - Веспрем во Кале и промоција на новиот тренер Раул Гонзалес.

Пополека повторно се активира црвено - црната треска!! :D
 
Две големи засилување, добива Вардар и во машката и во женската екипа. Раул Гонзалез Гутиерез е првиот тренер со кој јас лично преговарав, откако му заврши договрот на Зоран Кастратовиќ. На мое големо задоволство по првите неуспешни преговори, сега се најдовме и од денеска ја презема машката екипа. Договорот му е до 2016 година. Јас се надевам дека Раул ќе ги оствариме целитекои ги поставивме. За женската екипа, сакам да ја претставам Тања Медвед, добро позната на македонската јавност. Таа ќе биде спортски директор на женскиот тим, и посакувам многу среќа“, изјави Сергеј Самсоненко, спонзорот на ракометните клубови.

Честитки, па ваљда нема и овој да летне набрзо. :D
 
А зошто едноставно не го ангажираа пред 2 недели и заедно со екипата да иде на припремите. Ова како ФКВ летово беа на припреми се вратија па тогаш купија 2-3 играчи и после 1 недела играа со Стеауа. :facepalm:
 
А зошто едноставно не го ангажираа пред 2 недели и заедно со екипата да иде на припремите. Ова како ФКВ летово беа на припреми се вратија па тогаш купија 2-3 играчи и после 1 недела играа со Стеауа. :facepalm:

Зошто имало опција овој да оди со Талант во Киелце. :)
 
А зошто едноставно не го ангажираа пред 2 недели и заедно со екипата да иде на припремите. Ова како ФКВ летово беа на припреми се вратија па тогаш купија 2-3 играчи и после 1 недела играа со Стеауа. :facepalm:

Самс вели дека од октомври преговарал со него и еднаш го одбил, али сеа во повторните преговори прифатил.
 
1117386664_1.jpg


Редно време беше да се официјализира. За европски Вардар, европски тренер: Раул Гонзалез Гутиерез. Човек за кого минативе 11 години , во кој активно го следам шпанскиот ракомет не сум слушнал, ниту прочитал ниту еден лош збор, ниту било каква негативна критика, како од ракометни фанови така и од луѓе внатре во ракометот и новинари. Напротив речиси да нема квалификативи со кои може да се опише неговиот професионализам, посветеност на ракометот и извонредните човечки квалитети.

Ако прашате некој од навивачите на Р.К. Ваљадолид, а имав можност живеејќи таму да се сретнам со многу такви, кој е најдобриот шпански централен на сите времиња, не се сомневам дека 99% од одговорите ќе бидат токму: Raul Gonzalez. Заедно со Хуан Карлос Пастор, со кого воедно беа колеги и на теренот на почетокот од професионалната кариера, Раул важи не само за најомилена ракометна личност кај публиката од Ваљадолид туку и за еден од неговите најугледни амбасадори.

По неговото повлекување во 2005-та, неколку ракометни новинари, во прв ред Луис Мигел Лопез, правејќи анализа на играчите кои ги обележаа минатите 20 години во шпанскиот ракомет, ќе дојдат до заклучокот дека ова беше епоха на: Масип, Талант и Раул. Кога во едно интервју му го споменаа овој веќе исклиширан податок, тој ќе изјави: “сеќавањата се тесно поврзани со времето во кое живееме, па луѓето често сакаат да го направат да изгледа најдобро она што во моментот го гледаат. Почестен сум од споредбата, но за мене Мануел Мартин и понатаму ќе остане најдобриот шпански ракометар”.

Ако може со неколку зборови да се опишат неговите тренерски и лични квалитети тогаш би рекол дека се работи за скромена, коректена и исклучително воспитана личност (секоја можна спротивност на Талант), крајно трудољубив тренер, интелигентен аналитичар и човек кој знае што значи “лојаност и љубов кон клуб”. За неговата лојалност и посветеност на клубот денес сведочи дресот со број 14, повлечен во некогашниот ракометен храм наречен Huerta del Rey. Митската 14-ка, ја помина целата своја кариера во Ваљадолид, почнувајќи од младинските категории на тогашниот АЦД Мишелин во сезоната 88/89, па се до пензионирањето во сезоната 2004/05. Цели 17 гонини е присутен во издигнувањето на маалскиот аматерски ракометен кклуб во екипа која години подоцна, иако нема да освои ниту една АСОБАЛ титула, знаеше добро да ги упропасти плановите на големите шпански екипи. Неговата визија за играта и исклучително креативните пасови кон пивотите беа неговиот играчки бренд марк. Особено се паметат неговите партии во 2004/5 година од Купот на Кралот кога во полуфиналето успеаа да го елиминираат најпрво Сјудад Реал, а во финалето и екипата на Барцелона, кои таа година ќе станат европски вице шампион односно шампион. На репрезентативен план има две одличја од големите натпреварувања: сребро на европското во Шпанија 1996, каде токму со неговиот удар во последната секунда Шпанија на успеа да израмни и загуби од Русија со 22-23 и бронза од Атланта, истата година. Во едно од ретките подолги интервјуа кои ги има дадено, беше запрашан дали можеби можеше поинаку да се шутира во тој одлучувачки момент против Русија? Духовито одговори: “се уште верувам дека немав друга алтернатива. Но следниот ден, по поразот, на аеродромот, се најдов сам во кафетеријата читајќи ја веста во весник. Ме забележа еден постар господин, ми се доближи и почна да ми објаснува дека ако тој токмакот не шутирал и му ја дал на Талант сега ќе имавме злато : ).”

Два месеци по завршувањето на играчката кариера благодарение на Хуан де Диос Роман и Талант Дујшебаев се сели во Кихоте Арена, како дел од клупата на најдобриот светски клуб за минатата деценија, Сјудад Реал. Тука не само што е задолжен за тренинзите и подготовката на тимот, туку учествува и во стратегиските концепции на играта, нешто за што и самиот Дујшебаев во многу интервјуа знае да му оддаде признанија. Во турбулентните сезони во кои во тимот имаше огромни несогласувања и расправии меѓу Дујшебаев и играчите (Зорман и Рутенка) беше човекот кој знаеше како ситуацијата да ја доведе под контрола со цел да се дејствува согласно интересите на клубот. Резултатот две последователни титули европски шампион.

Многу ракометни познавачи со нетрпение го чекаат дебито на Дујшебаев на клупата на Киелце, бидејќи според повеќето од нив, тој не би бил она што е, без Раул Гонзалез. Ние пак со особен интерес го очекуваме неговиот прв “диригентски” настап за нашиот Вардар, кој ако нешто заслужува, тоа е секако тренер што знае што значи да се живее за боите на еден клуб.
 
Зошто имало опција овој да оди со Талант во Киелце. :)

Појше би рекол дека Вардар чекале да видат како ќе се заврши сценариото со Талант... Самс само си се пере сега со изјавава дека само со него се преговарало, за да се извади за грешките на крајот од сезоната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom