C
Castiel
Гостин
што мислиш ти ...само вие ли имате способност за мултитаскинг???А вие отидени сте утакмица да гледате или по жени да се вртите?![]()


Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
што мислиш ти ...само вие ли имате способност за мултитаскинг???А вие отидени сте утакмица да гледате или по жени да се вртите?![]()
Друже јас разбирам, машко си, од работа доаѓаш, брзаш за да си го гледаш клубот.
Ама цуриците кои се спицкани, не доаѓаат од работа за да го гледаат мечот. Доаѓаат специјално само за да бидат видени. И верувај, скоро ниту една жена после работа, преморена, нема да оди да гледа утакмица.![]()
http://rkvardar.com.mk/mk/news/vardar/524-2013-12-06-12-57-34Во пресрет на утрешниот натпревар од СЕХА ГЈТ лигата, македонскиот шампион одржа прес конференција, на која присуствуваа претседателот на клубот, Сергеј Самсоненко, тренерот Андон Бошковски, и Алекс Душебаев, десниот бек на Вардар.
Првиот човек на клубот Самсоненко, изрази задоволство од досегашниот тек на сезоната, во која Вардар игра успешно, и во Лигата на шампионите, и во СЕХА лигата.
’’Засега оди добро. Ако можеме да ја поделиме сезоната, ова беше првата фаза, по која следува поголема пауза во Лигата на шампионите. Задоволни сме, особено поради објективните проблеми со тренерската позиција. Се обидов колку што можам и самиот да помогнам, но би сакал да ве информирам дека повеќе нема да бидам на клупата. Околу стручниот штаб, можам да кажам дека тоа прашање можеби ќе го решиме во јануари, а можеби на почетокот на следната сезона. Во меѓувреме, со задоволство можам да ви го соопштам новото големо засилување, Сергеј Горбак, со кој се договоривме да биде во Вардар од почетокот на следната сезона, и ќе го носи нашиот дрес во наредните 3 сезони. Во моментов сме во преговори и со други квалитетни имиња, но засега нема нема да откриваме детали, се додека не бидат официјализирани.
Што се однесува до паузата од два месеца, ќе се потрудиме да ги искористиме најдобро што можеме, и во нив треба што подобро да се подготвиме за продолжение на сезоната. На 13 јануари екипата ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија, што е веќе наша традиција во подготовките’’ –изјави Сергеј Самсоненко, претседателот на РК Вардар.
Андон Бошковски, тренерот на Вардар очекува цврст натпревар против силен противник:
’’Пред нас е натпревар против екипа која е една од подобрите во СЕХА лигата, според мене тие имаат сличен квалитет како Загреб, Татран, Металург и Вардар. Имаат и одличен тренер, интернационален состав кој според моќта е блиску до нас. Знаеме дека не доаѓаат со бело знаме, и затоа се подготвуваме, и очекуваме да играме пред полни трибини. Речиси сме комплетни, и ќе им се спротиставиме со најсилен состав што го имаме во моментов. Малку сме ослабено на позицијата лев бек, но со правилна ротација, може и тоа да го надоместиме. Се надевам дека добрите 45 минути кои ги одигравме против Барселона, ќе ги повториме утре во сите 60 минути, и ќе победиме.Козлина ќе биде во екипата, ќе игра сигурно, најмалку 5 – 10 минути, без оглед каков ќе биде резултатот. Најважно е дека тој е физички подготвен, но поради паузата, ќе се обидеме постепено да влегува во натпреварите, додека не влезе во ритам. Но, колку и да играаа, убеден сум дека ќе одигра на негово ниво’’ –изјави Бошковски.
Многубројните претставници на медиумите, најпријатно ги изненади Алекс Душебаев, кој на пресот се обрати на Македонски јазик :
’’Со Брест очекувам да биде тежок натпревар. Тие имаат добар тим, предводен од квалитетен тренер, и се екипа која се бори за пласман на заввршниот ’’Фајнал фор’’ турнир во СЕХА лигата. За да победиме, треба да одиграме квалитетно во одбраната, во најголем дел од натпреварот, како што игравме против Барселона’’ – заврши Душебаев, кој за своето обраќање на Македонски јазик, доби аплауз од присутните.
Натпреварот Вардар – Мешков Брест се игра утревечер во СРЦ ’’Кале’’ со почеток во 17.45 часот, со пренос на МРТ1.
Во моментов се преговара со неколку светски ракометни имиња, но во интерес на преговорите нема да ги откриеме имињата. Штом трансферите бидат комплетирани, ќе дознаете на нашата интернет страна.
Прес конференција пред Вардар - Мешков Брест
http://rkvardar.com.mk/mk/news/vardar/524-2013-12-06-12-57-34
Нек се угоде ГорбокСе спрема опасно тимче и доминација
Иначе на едно прашање на фб страната за можно доаѓање на Штербик и Рутенка следеше одговоров
Леле што би било ако ги пецнааааааааат![]()
Ќе треба да праиме сала со 15к места тогашАко не се пецнати веќе
А чудна работа, како кај патриотиве клуб репрезнетација на прес конференции се збори српски, а кај нас и шпанци и руси идат ама пак само на макеоднски се водат пресконференциите.
Така пишува на страната и мислам дека е вистина па ако најде некој видео од пресот нека постира и да потврдиме.Муабетов да му го правев на некој пред две години дека Вардар ќе купува играчи од Атлетико и Некар, едно од најдобрите крила во светот и најголемиот бековски потенцијал дека ќе играат во Вардар, во Демир Хисар на лечење ќе ме пратеа
инаку вистина Самс соопштил дека се повлекува од стручен штаб на Вардар и нема веќе на терен да биде?
Муабетов да му го правев на некој пред две години дека Вардар ќе купува играчи од Атлетико и Некар, едно од најдобрите крила во светот и најголемиот бековски потенцијал дека ќе играат во Вардар, во Демир Хисар на лечење ќе ме пратеа
инаку вистина Самс соопштил дека се повлекува од стручен штаб на Вардар и нема веќе на терен да биде?
Доне до крај, па Вујо+Доне за наредна сезона![]()